СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Течни шампони

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Big накратко

    Big

    морска сол - шампон за волумен

    50% од Big е морска сол, мириса какао маргарита и дава многу волумен. Секогаш кога ќе го употебувате ќе се фалите самите себеси “Погледнете ја мојата прекрасно мека коса”. Како Биг тоа го постигнува? Содржи омекнувачка инфузија на морски алги како и морска сол и кокосово масло а морската сол ќе се погрижи да добиете плима од волумен. Додека го правевме знаевме дека ќе биде добар но сепак се изненадивме колку излезе фасцинантен.

    Достапен

    995мкд / 330g

  • Blousey накратко

    Blousey

    банана шампон

      Шампон за кршлива, бланширана и често третирана коса. Содржи: банани : за екстремно омекнување и подобрување на состојбата на косата, пименто, цимет и ѕвездест анис за супер смирен и чист скалп. 6% купуаку и какао путер - купуаку путерот е совршена замена за ланолинот а во истовреме го прави производот вегански. Дел од овие путери ќе се задржат на косата со што таа ќе остана исхидрирана. Амониум лаирил сулфатот ќе ја измие косата темелно но нежно и совршено ја балансира целата формула на шампонот. Содржи и 15% растителен глицерин  кој останува на косата и се грижи влажноста од останатите состојки да навлезе во косата. Соја лицетин е  богат протеин кој го зајакнува влакното. Парфемот е направен од црни рибизли, масло од мајчина душица и масло од рузмарин - состојки кои дополнително ќе го изнегуваат скалпот и ќе го подобрат сјајот на косата. Главна носечка состојка се свежите органски банани. Банана дрвото (Myca paradisiaca) e огромно и долговечно. Стеблото се состои од обвивка од листови кои се силно притиснати еден до друг. Неговите цветови растат со пупките свиткани нагоре како прстиња и во еден куп неможе да има повеќе од дваесет. Некои дрва рагаат плодови и повеќе од 100 год.   *не содржи конзерванси

    Достапен

    1 495мкд / 240g

  • Curly Wurly накратко

    Curly Wurly

    кокосов шампон-сува и виткана

    Апсолутно прекрасно, без конзерванси, кокосов и ванилин шампон што ќе ги смири и скроти локните и заплетканите прамени.  Curly Wurly е преполн со природен хранлив кокос и купишта природни путери кои ќе ја изнегуваат и смират сувата и разлетана коса а истовремено ќе го спречат заплеткувањето.

    наскоро

    995мкд / 220g

  • Cynthia Sylvia Stout накратко

    Cynthia Sylvia Stout

    пивски шампон-сува и виткана

    Cynthia Sylvia Stout е направен од Ирско црно пиво. Црното пиво содржи белковини и на косата и дава тежина, мекост и хидратација – се она што и е потребно на виткана коса. Мириса необично , но сепак прекрасно како коктел од бренди, слатко пиво и лимон ја прави кадравата коса беспрекорно сјајна.

    Достапен

  • Daddy-O накратко

    Daddy-O

    шампон за плава/седа коса

    Ниеден шампон нема така раскошен мирис на темјанушки како Dady - O. Овој шампон е неодолив за сива и руса коса. Марк Константин е врвен трихолог кој прави производи за коса од природни состојки од моментот кога почна да му расте коса. Сега има сива коса па се реши на сите да им го подари овој негов одличен рецепт. Daddy – O на сите типови на коса им дава прекрасен сјај, така што и бринетите може да го употребуваат. Можете да го го користите и како гел за туширање за да целото тело ви мириса на темјанушки, рози и бергамот.

    Достапен

  • Fairly Traded Honey накратко

    Fairly Traded Honey

    медов навлажнувачки шампон

    Омекнува и чисти, прави совршен баланс со што е погоден за места со тврда вода, го подобрува сјајот и е добар навлажнувачки шампон за секого. Овој шампон е направен со основа од 50% фер тргуван мед кој што навлажнува и дава сјај и 20% ленено семе. Покрај тоа содржи и здравец, пчелин восок, ружи, лимон и бергамот. *не содржи конзерванси.

    Достапен

  • I Love Juicy накратко

    I Love Juicy

    шампон за масна коса

    При миењето на косата успешно ги отстранува маснотиите, лаковите и геловите за коса. Го отстранува дури и средството за дезинфекција кое се става во базените , а и разните препарати против перут.а со тоа косата не губи од сјајот и еластичноста.Тајната на силата е во контролата. Тајната на овој шампон се свежите овошни сокови од : ананас, папаја, киви и манго. Овошните ензими совршено ја мијат косата а морската трева ги храни влакната на косата. Има една многу важна разлика меѓу нашите шампони за масна коса и останатите, нашиот живее а останатите само егзистираат.

    Достапен

  • Rehab накратко

    Rehab

    шампон за фарбана и третирана

    Rehab е шампон за фарбана третирана, оштетена коса, коса која што била запоставувана и бара малку одмор и релаксација. Нема да му треба многу време на овој наш хранлив (мешавина на овошни ензими) и регенерирачки ( бадемово и маслиново масло) шампон да ја доведе вашата коса во витална и здрава состојба. Еднаш кога косата ќе ја почувствува нежноста ,мекоста и моќноста на Rehab нема да посака ништо друго, а вие ќе мора да ја послушате.

    Достапен