СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Маски

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Нашите тремани за коса и скалп се резултат на многугодишна експертиза и тренинзи во оваа област. Секој производ е направен од делотворни природни состојки: билки, масла и путери за сјајна, среќна и здрава коса.

Ова се моќни третмани кои што за кратко време ќе ја донесат косата во тип топ форма.

  • H'Suan Wen Hua накратко

    H'Suan Wen Hua

    маска/третман за коса

    На сите понекогаш ни е потребна помош од богот на косата H’suan Wen Hua. Маска која ќе ја подобри состојбата на косата, сјајот и нејзиното тело. Во ова кутивче спакувавме се што е потребно да ја подобри состојбата на косата и да и го врати сјајот. Инфузија од ловор и поточарка, балсамичен оцет и масло од рузмарин за сјај. Свежи јајца и соја лецитин за протеини да се преструктуира косата. Ланолин, од овча волна за навлажнување слично како и природниот себум. Маслиново масло за подобрување на цврстината и еластичноста на косата. Масло од лист од цимет поради антисептичките својства. Свежи органски банани и авокадо поради нивното богато навлажнувачко, хидрирачко и омекнувачко својство. Овој производ се препорачува да се нанесе на коса и да се остави 20 минути, најдобро додека се опуштате во када за да заштедите на време. За навистина многу оштетена коса  го препорачуваме овој третман еднаш неделно во период од шест недели. Ние имаме производи за третман за “пред миење“ на коса, и тие имаат историја уште од времето кога Марк започнуваше со својата кариера и работеше како трихолог во моден салон за коса во Лондон. Марк често пати имал клиенти како модели од модните писти кои ги подготвувал за шоу или невести кои се подготвувале за нивниот голем ден, односно ситуации каде што многу бргу треба да се постигнат видливи резултати на подобрување на квалитетот на косата која што треба да биде стилизирана да изгледна најдобро, сјајно со еден збор совршено.  Тој го внесе целото тоа искуство во нашите третмани за коса, така што ќе можете многу брзо да постигнете видливи резултати.

    наскоро

    695мкд / 225g

  • Jasmine & Henna Fluff-Eaze накратко

    Jasmine & Henna Fluff-Eaze

    маска/третман за коса

    Јасмин и инфузија од кна – за здрава, скротена и сјајна коса. Третман за пред миење, да се скроти разлетаната, виткана и сува коса а да се подобри сјајот. Во оваа маска спакувавме куп масла сите за зацврстување на влакното и лесно расчешлување: маслиново, од пченични никулци, бадеми, Бразилски орев, јасмин, соја, рицинус. Додадовме и масло од јојоба за убаво да го изнегува скалпот. Не го заборавивме ниту сјајот на косата па затоа додадовме инфузија од кна затоа што ништо не дава сјај колку кната. Куп дарежливи состојки кои се нанесуваат на сува коса и се оставаат 20 минути за косата да ги апсорбира а тие да си ја завршат својата работа. Најдобро е да ја нанесете додека уживате во када, кутикулите на косата да се отворат и да потонат внатре сите корисни состојки. Потоа измијте ја  косата со шампон. Многу полесно ќе расчешлата и ке и дадете тело на вашата коса. Со редовен третман ке ја скротите и нај дивата коса а витканата коса ќе ја заштитите од сушење. Оваа маска одговара на сите типови на коса, но посебно ја препорачуваме за третирана, виткана и коса со темна боја. 

    Достапен

    1 150мкд / 220g

  • Marilyn накратко

    Marilyn

    маска/третман за коса

    Било да сте природна или фарбана русокоса, Маrilyn ќе ви ја осветли, омекне а истовремено ќе и даде сјај на косата. Камилицата е тоа магично масло од кое се состои маската. Не прави чуда преку ноќ, но ако бидете упорни ви гарантираме дека косата ќе ви осветли. И додадовме и омекнувачко ленено семе, шафран и лимон, како и маслиново масло за еластичност. Дваесет минути под ова пакување, сламената коса ќе ја претвори во свила.

    Достапен

    795мкд / 225g

  • Roots накратко

    Roots

    маска/третман за коса

    Наменета е за сите оние на кои им е поптребно будење на скалпот и ревитализација на влакното до самиот врв. Ги размрдува корењата, го зајакнува влакното и дава неверојатен сјај. На потенка коса ќе и даде волумен.  Содржи: свежа инфузија од минт која ќе ги стимулира фоликулите и ќе ја заштити косата од опаѓање, апсолут од коприва го стимулира и го негува скалпот, мед за да ја омекне косата и да и даде тежина, ладно цедено маслиново масло за хидратација, зајакнување и сјај, парфем од масло од сладок портокал, масло од нероли и апсолут од коприва - ке го измазни скалпот и ке го подобри сјајот на косата. Се нанесува на сува коса. Убаво се масира скалпот и се остава да делува 20 минути.

    Достапен

    995мкд / 225g

  • Superbalm накратко

    Superbalm

    третман за скалп

    Имате проблеми со перутање на кожата на главата?. Тогаш вистинско време е за Superbalm, третман за скалпот. Superbalm помага за сите проблеми на скалпот. Се што треба да направите е да го втриете препаратот меѓу дланките , да го нанесете на скалпот за да отстои најмалку 20 мин. Ви препорачуваме после овој третман косата да ја измиете со Soak and Float шампонот. Лавандата, чајното дрво и пеперминтот од кои е направен производот ослободуваат од бактериите кои предизвикуваат перут и дополнително го негуваат скалпот.

    Достапен

    895мкд / 45g