СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Третмани со топли масла

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Yuge Hot Oil

    Виолета

    Овој третман го користев, бидејќи имам мрсна коса. Првично, искористив половина од продуктот и ефектот што го добив беше тотално обезмастена коса. Првиот ден имав потешкотии да ја доведам во ред косат...

Почастете ги своите коси со овие третмани со топли масла и направете супер ѕвезда од Вашата коса во удобноста на сопствениот дом.

Понекогаш, навистина е прекрасно да ја потхраните косата со третман со топло масло. Секое од маслата е внимателно создадено да има различен ефект, па зависно од ефектот што сакате да го постигнете... Да ја осветлите русата нијанса, стимулирате скалпот а со тоа и растот, да развиете невиден волумен или да нахраните оштетена коса, имаме нешто за Вас. Се’ што Ви е потребно е чајник, третман со топло масло по Ваш избор и огноотпорен сад, како шолја за кафе или чисто црно канче од Lush.  
-Зовријте вода во чајникот и пуштете го третманот во избраниот сад.
-Полека додавајте една шолја топла вода во садот со третманот и нежно мешајте со дрвеното стапче. Не се брзајте, внимателно додавајте вода колку што е потребно и дозволете на производот да се згусне како пудинг. Целиот производ треба целосно да се растопи од стапчето. Отприлика за ова се потребни пет минути.
- Кога е доволно оладена за да се допре, нанесете ја смесата на сува коса и оставете ја 20 минути за да си ја направи својата магија. Шампонирајте и почнете да се восхитувате на освежените прамени!
-Ако случајно Ви остане мешавина, чувајте ја во шолјата и може да ја користите како регенератор до четири недели од топењето.

 

 

  • Damaged Hot Oil накратко

    Damaged Hot Oil

    третман со топло масло

    Можеби сакате да ја зацврстите косата, избегате од бланшот, да си поиграте со бои или само да се опуштите... Дозволете си себеси да имате еден слободен ден каде ќе се погрижите за Вашата коса со овој третман со топли масла. Како голем плус на екстра девственото маслиново масло за зајакнување на косата го имаме бадемовото масло и маслото од авокадо за екстремна хидратација. Вашата коса ќе биде подготвена на се’ што имате да понудите... Гуар гумата ќе го намали статичкиот електрицитет, додека апсолутот од ванила нежно ќе остави парфемски мирис и ќе ја направи неодолива Вашата коса.

    Достапен

    450мкд / 20g

  • Hair Doctor Hot Oil накратко

    Hair Doctor Hot Oil

    третман со топло масло

    Обезбедете си неверојатно чувство на чистота со овој оживувачки третман за коса со топло масло. Полн е со длабоко прочистувачка фулерова земја, стимулирачко масло од пеперминт и рузмарин со своето антибактериско дејство. Маслото од камилица го смирува изиритираниот скалп, црвената к’на и ланолинот ја зајакнуваат косата и и’ даваат сјај. Маслото од јојоба и бадем, како и екстрадевственото масло од кокос даваат сјај и мекост.  Баш тоа што препиша докторот!

    Достапен

    450мкд / 20g

  • Marilyn Hot Oil накратко

    Marilyn Hot Oil

    третман со топло масло

    Marilyn е од голема помош за русите коси (природни и тие кои го постигнуваат тоа на друг начин) Помага да се зачува нијансата на бојата и го враќа сјајот на косата. Камилицата е од голема помош за природно осветлување на косата, додека органскиот сок од лимон ги поттикнува кутикулите да се наместат така што ќе рефлектираат повеќе светлина, што создава неверојатен сјај. Допирот од шафран ја интензивира бојата. Вашиот момент под рефлекторите ќе биде незаборавцен, благодарение на камилицата и лимонот кои природно осветлуваат.

    Достапен

    395мкд / 20g

  • New Hot Oil накратко

    New Hot Oil

    третман со топло масло

    Oвој третман со топло масло е посветен на коренот на Вашите желби. Маслото од јојоба и маслинки ја хидрираат косата, додавајќи сјај и зацврстувајќи го влакното. Освежувачкиот апсолут од рузмарин и коприва балансираат, а пак, маслото од ловор, од лист од цимет и каранфилче ги загреваат и стимулираат фоликулите, поттикнувајќи циркулација и поттикнувајќи раст на коса. Кога ќе му додадете вода, пеперминтот и коприва во прав создаваат инфузија која ги стимулира фоликулите и го намалува интензитетот на нивното опаѓање. Ве очекува нов свет на силна и здрава коса!

    Достапен

    450мкд / 20g

  • Yuge Hot Oil накратко

    Yuge Hot Oil

    третман со топло масло

    Сакате вистински факти за овој третман со топло масло? Морската сол дава волумен - факт. Маслото од јојоба дава сјај - факт. Гуар гумата обновува - факт. Се’ на се’, пружаат нега и дополнителен волумен - факт. Ќе мора да платите за тоа искуство - факт.

    Достапен

    450мкд / 20g