Шампони
Филтер на производи
- Вегански ()
- Растопливо ()
- Свеж ()
- Ново ()
- exclusive ()
Класифицирај по:
- Име A - Ш
- Име Ш - А
- Цена најмала > највисока
- Цена највисока > најниска
- Највисока оценка
-
Seanik
Одличен за мрсна коса и многу малку продукт е потребно за миење на косата, така што произведот трае многу долго. Мирисот е одличен ...
-
Honey I washed my hair
Bozestven; retko veruvam vo reklami no za ovoj tvrd shampon, ni najdobrata reklama ne go dolovuva kvalitetot na ovoj produkt;
-
Soak And Float
Подолго време барав производ кој е делотворен против првут и кој го негува скалпот. Навистина сум задоволна од Soak and float,го чувам на суво после користење и шампонот трае многу долго, со редовно к...
-
New
Шампонот е прекрасен!!! Го користев скоро 1 година само него,и од тогаш мојата коса навистина оживеа и покрај бојадисувањето и фенирањето.Прекрасни сте!!! ...
-
New
Zdravo! Pred izvesno vreme go kupiv tvrdiot sampon za pobrz rast na kosata, pa bi sakala da se informiram vo vrska so negovoto koristenje. Potocno dali treba da go ostavam nekoe vreme da deluva na ko...
-
морска сол - шампон за волумен
50% од Big е морска сол, мириса какао маргарита и дава многу волумен. Секогаш кога ќе го употебувате ќе се фалите самите себеси “Погледнете ја мојата прекрасно мека коса”. Како Биг тоа го постигнува? Содржи омекнувачка инфузија на морски алги како и морска сол и кокосово масло а морската сол ќе се погрижи да добиете плима од волумен. Додека го правевме знаевме дека ќе биде добар но сепак се изненадивме колку излезе фасцинантен.
-
цврст шампон за виткана коса
Вистински карневал за виткана коса! Овој шампон потсетува на бразилското сонце. Цели свежи органски портокали се дел од составот, полни со хранливи состојки кои ќе дадат многу сјај на косата. Маслото од андироба дава богата хидратација, а особено добра кога се користи на виткана или афро-виткана коса. Додадовме масло од иланг иланг и масло од сладок портокал за цел ден да мирисаш на тропски мириси.
-
кокосов шампон-сува и виткана
Апсолутно прекрасно, без конзерванси, кокосов и ванилин шампон што ќе ги смири и скроти локните и заплетканите прамени. Curly Wurly е преполн со природен хранлив кокос и купишта природни путери кои ќе ја изнегуваат и смират сувата и разлетана коса а истовремено ќе го спречат заплеткувањето.
-
пивски шампон-сува и виткана
Cynthia Sylvia Stout е направен од Ирско црно пиво. Црното пиво содржи белковини и на косата и дава тежина, мекост и хидратација – се она што и е потребно на виткана коса. Мириса необично , но сепак прекрасно како коктел од бренди, слатко пиво и лимон ја прави кадравата коса беспрекорно сјајна.
-
шампон за плава/седа коса
Ниеден шампон нема така раскошен мирис на темјанушки како Dady - O. Овој шампон е неодолив за сива и руса коса. Марк Константин е врвен трихолог кој прави производи за коса од природни состојки од моментот кога почна да му расте коса. Сега има сива коса па се реши на сите да им го подари овој негов одличен рецепт. Daddy – O на сите типови на коса им дава прекрасен сјај, така што и бринетите може да го употребуваат. Можете да го го користите и како гел за туширање за да целото тело ви мириса на темјанушки, рози и бергамот.
-
медов навлажнувачки шампон
Омекнува и чисти, прави совршен баланс со што е погоден за места со тврда вода, го подобрува сјајот и е добар навлажнувачки шампон за секого. Овој шампон е направен со основа од 50% фер тргуван мед кој што навлажнува и дава сјај и 20% ленено семе. Покрај тоа содржи и здравец, пчелин восок, ружи, лимон и бергамот. *не содржи конзерванси.
-
цврст шампон и регенератор
Божица за косата. Нема потреба од скромност при признавање дека имаш неверојатно добра коса... Која ќе ја забележиш веднаш по миењето со овој шампон. Godiva ја чисти и регенерира косата со масла и путери од јаткасти плодови, а потоа ја остава косата полна мириси на јасмин. Ставивме многу путери и масла за покрај регуларното миење да ја регенерираме и омекнеме косата: какао путер, купуаку путер, шеа путер, масло од камелија, масло од макадемски орев и екстра девствено кокосово масло. Сметаме дека веќе нема потреба да се криеш дома... Слободно можеш да ги парадираш улиците со својата прекрасна и сјајна коса.
-
цврст шампон за коса
Медени коси? За коса по која се вртат глави каде и да поминете. Со неодолив мирис на карамела, овој шампон ветува прекрасно намирисана коса. Полн со мед, омекнува и дава незаборавен сјај додека маслата од сладок див портокал и бергамот создаваат мирис кој ќе ги оттргне грижите од твојот ум.
-
шампон за масна коса
При миењето на косата успешно ги отстранува маснотиите, лаковите и геловите за коса. Го отстранува дури и средството за дезинфекција кое се става во базените , а и разните препарати против перут.а со тоа косата не губи од сјајот и еластичноста.Тајната на силата е во контролата. Тајната на овој шампон се свежите овошни сокови од : ананас, папаја, киви и манго. Овошните ензими совршено ја мијат косата а морската трева ги храни влакната на косата. Има една многу важна разлика меѓу нашите шампони за масна коса и останатите, нашиот живее а останатите само егзистираат.
-
цврст шампон за светли тонови
Добрата коса повеќе не е мит! Дали си во потрага по поцврста, посјајна и помека коса? Пробај го овој шампон полн арганово масло кој го дели мирисот со семејството мириси на Rose Jam. Аргановото масло во комбинација со глицерин ја омекнува косата, а сјајот што ќе го добиеш нема да го замениш со ништо. Од оваа цврста основа, абсолутот и маслото од рози го балансираат скалпот, правејќи ја оваа плочка совршена за осветлување и цврстина на косата.
-
шампон за волумен и влажност
Го направивме од најхранливите состојки кои ни ги дава природата за вашата коса да биде: здрава, мека, сјајна и полна со волумен. Балансирани комбинација на хранливи состојки за нега на косата. Морска сол за волумен и густина, сок од лимон и мед за сјај, јајца кои се богати со протеини и маслиново масло за зацврстување.
-
цврст шампон за масен скалп
Добро утро, разбуди се! Совршен цврст шампон за миење на коса која има потреба од длабинско чистење и балансирање. Смреката го регулира производството на себум - природното масло на косата, притоа го чисти скалпот. Искористивме смирувачки масла од лаванда и антибактериско масло од рузмарин кои го смируваат скалпот. Маслата од лимон и лимета даваат сјај бидејќи им помагаат на кутикулите на косата да лежат рамно, овозможувајќи им да рефлектираат повеќе светлина.
-
цврст шампон за деца
Будете се, спанковци! Смирувачката комбинација од камилица, мелени бадеми и овесно млеко го смируваат скалпот. Разведрете го расположението со масло од нероли од Тунис кое е докажано дека помага на лачењето на серотонин (хормонот на среќата)! Маслото и абсолутот од лаванда релаксираат и балансираат, идеално за деца од две години... Протријте на скалпот или протријте меѓу дланките за свилена пена и измасирајте.
-
против опаѓање, за растење
Го стимулира скалпот и го намалува опаѓањето на косата. New не е чудотворен шампон од кој магично ќе Ви порасне косата. Тоа што го нуди е стимулирачко миење на скалпот и косата со цимет, каранфилче, коприва и нане кои ќе го успорат паѓањето на косата, а ќе стимулира раст. За најдобар ефект Ви препорачуваме да го искомбинирате со третманот за коса и скалп Roots и третманот со топло масло New за уште поинтензивен ефект.
-
сув шампон
Сув шампон за брзо освежување на косата - без вода. Доколку сте на планина или на фестивал не размислувајте само препуштете му се на едно суво миење на косата. Иако сме компанија позната по прекрасните третмани за коса и не го одобруваме брзото мрзливо капење сепак не секогаш имаме време за тоа. Па затоа го измисливме сувиот шампон за брза уптреба помеѓу две ВООБИЧАЕНИ миења! Содржи убав и лесен мирис на лимон, грејпфрут и зелен лимон кој ќе ве освежи и развесели. Фината пудра ќе ја апсорбира вишокот на маснотија од косата а со четка лесно ќе можете да се исчешлате. И покрај многуте барања за сув шампон долго време не сакавме да го направиме. Пред неколку години кога организиравме “Ден на нови пронајдоци” сите менаџери на Lush продавниците дојдоа во нашата фабрика и направија сув шампон кој го нарекоа No Drought-но не го пуштивме во употреба. На крај кога двајца наши муштерии ја посетија лабораторијата на Lush моравме да се предадеме. Една од нив сакаше да направиме сув шампон со лесен мирис кој ќе може да го носи со себе на фестивали во природа. Па голема благодарност до Лиза и до нашите менаџери. Начин на употреба: Се нанесува дирекно на коса или прво на раце па во коса, убаво се растресува низ сите прамени. По две користења на сувиот шампон се препорачува косата да се измие со шампон и вода.
-
шампон за фарбана и третирана
Rehab е шампон за фарбана третирана, оштетена коса, коса која што била запоставувана и бара малку одмор и релаксација. Нема да му треба многу време на овој наш хранлив (мешавина на овошни ензими) и регенерирачки ( бадемово и маслиново масло) шампон да ја доведе вашата коса во витална и здрава состојба. Еднаш кога косата ќе ја почувствува нежноста ,мекоста и моќноста на Rehab нема да посака ништо друго, а вие ќе мора да ја послушате.
-
цврст шампон за волумен
Иако убавината понекогаш доаѓа во необични облици, секако нема да очекувате да ја пронајдете во цврст шампон со морско-плава боја, но ако ја побарате, ќе ја најдете. Seanik содржи состојки од морето: витамински богата ирска морска трева, јапонска морска трева Нори богата со протеини и омекнувачка морска сол. Лимонот и цветот од портокал темелно ќе ви ја исчисти косата, а мимозата и јасминот ќе и дадат сјај и неодолив мирис. Ете колку многу се грижиме за убавината и здравјето на вашата коса!
-
против перут /чусвителен скалп
Ова е шампон за луѓе кои имаат перут! Ако веќе долго време Ве мачи сува кожа и перут, како и здодевно чешање... Овој шампон во себе содржи масло од рози и ливчиња од невен кои делуваат смирувачки на скалпот, додека маслото од смрека делува балансирачки. Апсолут од тонка омекнува, додека апсолутот од бор ќе смири дополнително.
-
Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати. Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова кутивче е одлично за чување на цврстите шампони.