СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

ТЕЛО

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Aromaco накратко

    Aromaco

    деодорант стик за тело

    Одлична заштита за пазувите. Овој цврст деодорант е полн нежни природни состојки кои ќе те освежат. Спознај ја моќта на апсорбирачката сода бикарбона и див лешник за да телото остане суво, додека антибактерискиот оцет од камилица и разладувачкото миризливо пачули ќе го остават телото да мириса свежо. Замисли го Aromaco како рол деодорант без непотребното пакување.  Едноставно протриј го на чисти и суви пазуви. За да остане подолго време свеж чувај го во обвивката или во кутија која можеш да ја употребуваш повеќе пати. 

    потрошено

    495мкд / 100g

  • Dad's garden - Lemon tree накратко

    Dad's garden - Lemon tree

    спреј за тело

    Топол и сончев цитрус. Љуби се себеси со спомени на топла сончева светлина со која се поигруваат лимонот и лиметата. Овој миризлив спомен на Марк од градината со лимони на татка си во Јужна Африка вклучува сладок цитрус со твист на бергамот и лаванда кој се задржува на кожата и во умот. Испрскај го по цело тело за да се освежиш во светлите бои на градината и да ја почувствуваш топлината на зраците кои го допираат цело тело.

    Достапен

    1 295мкд / 200g

  • Dirty Body Spray накратко

    Dirty Body Spray

    спреј за тело

    Време е да заиграте надвор од правилата. Потребно ти е будење? Оваа мешавина на спеарминг, сандалово дрво и есенцијални хербални масла ќе те подигне на нозе. Спеарминтот освежува и го буди умот, го чисти умот и ја лади кожата. Нежните ноти на лаванда и сандалово дрво додаваат дрвенеста и приземјувачка нота на мирисот.  Оттргни ги пајажините и испрскај се по цело тело за ревитализирачки бран на свеж воздух. 

    наскоро

    1 295мкд / 200g

  • Elbow Grease накратко

    Elbow Grease

    универзална плочка

    Доведете ја хидратацијата до максимум! Вистинска премија. Хидрира како од соништата. Па, и ги осветлува тетоважите!  Потребна е само мноогу мала количина, нанесете ја оваа мешавина од хидратантни купуаку и мурумуру путери насекаде каде што Ви е потребно малку хидратација. На почетокот дизајнирана за лакти, но оваа плочка е толку прекрасна што е навистина погрешно да не им се дозволи и на останатите делови на телото да бидат исхидрирани. Ако имате тетоважи, поминете над мастилото за да се оживее бојата, како и да се смири. За да се донесе малку сончева светлина на денот, додадовме нероли, иланг иланг и цвет од портокал за неодолива насмевка.

    Достапен

    550мкд / 60g

  • Handy Gurugu накратко

    Handy Gurugu

    крем за раце

    Одмор за раце кои работат напорно. Нурнете ги дланките во содржина со густи путери: шеа путер, путер од кикирики, путер од индиски ореви и путер од бадем... Сите тие се помешани со семки од тиква и инфузија од розина вода и апсолут од рози за да се намали црвенилото и за хидратација. Ноќничето делува смирувачки на кожата, додека маслото од сина камилица делува како антисептик, а свежиот сок од лимон ја освежува кожата.  Нанесете убав слој навечер и гледајте како магично се подобрува состојбата на дланките до утрото. 

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Helping Hands накратко

    Helping Hands

    крем за раце

    Чудо за уморни раце. На почетокот била направена за медицинските сестри и тие чии што раце се уморни и распукани. Медот е природен антисептик и заедно со есенцијалните масла од лаванда и африкански невен ослободува од болка и смирува дури и најчувствителни раце. Инфузија од нежна камилица е од голема помош за смирување на црвенило, додека слузот од ленено семе ги омекнува и најгрубите раце и го намалува пукањето.  Бадемовото масло, шеа путерот и какао путерот се хидратантниот дел од кремата, сите врзани во една лесна течна крема која сигурно ќе се впие веднаш во кожата.

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Lemony Flutter накратко

    Lemony Flutter

    путер за кутикули

    Се бори против тврдите телови. Совршена за омекнување на најтврдите делови: колената, лактите, петите, кршливите нокти и кутикулите.  Lemony Flutter оживува антички метод на правење на крем за кој дури и Римјаните чуле. Мала количина е доволна за голем ефект, па само со неколку нанесувања деловите кои не сме им обрнувале внимание ќе живнат, ќе светнат и ќе мирисаат вкусно, исто како пита од лимон. 

    Достапен

    550мкд / 50g

  • Love and Light накратко

    Love and Light

    крем за раце

    Најфантастичната хидратација досега. "I'll follow thee and make a heaven of hell, To hydrate the hand I love so well." Ако миењето Ве натера да смислите екстремни методи за чување на рацете, let a little Love and Light into your life. Оваа крема со омекнувачки нероли и фер тргуван какао путер ќе дадат лесна хидратација која трае, па чувајте ја при рака кога ќе надојде суша. Бразилскиот портокал, цветот од портокал и нероли ќе ги освежат кожата и расположението инстантно. Миризлив и неверојатно омекнувачки... Овој крем е сон за жедни и уморни раце.

    Достапен

    695мкд / 100g

  • Pearl накратко

    Pearl

    путер за тело

    Тоолку добро се чувствува на кожа! Оваа слатка и цветна плочка е направена со антиоксидантно арганово масло, смирувачко масло од рози и апсолут од рози. Притоа, розевите топчиња се всушност саго меурчиња кои се наменети за длабока масажа на кожата и поттикнуваат циркулација. Ајде, пробајте го, дајте му шанса.

    Достапен

    550мкд / 50g

  • Pink Peppermint накратко

    Pink Peppermint

    лосион за нозе и стапала

    Минт ревитализација за нозе за освежување и намалување на отоци. Прекрасен лосион за стапала полн со состојки кои ја освежуваат и смируваат кожата. Розев и весел лосион кој ќе ги смири и одмори дури и нозете кој цел ден го поминале во обувки. Ние користиме и масло од пеперминт и масло од спеарминт за во исто време се ослободите од болките и да ги разладите стапалата. Арниката и невенот ќе ја одземат жештината  ги смируваат и олеснуваат стапалата и нозете. По Fair Trade Foot Lotion вашите стапала повторно ќе бидат спремни да се нурнат во обувки и да зачекорат во нов убав ден.

    потрошено

    795мкд / 225g

  • Pumice накратко

    Pumice

    сапун / пилинг за стапала

    SCRUB ME LIKE YOU DO!!! Две во едно, сапун и пилинг за отстранување на тврдите делови на кожата. Овој сапун е решен да го разбие тој втор слој на потврда кожа.  Со освежувачко масло од сладок портокал кој ќе обнови од прстите до петите на стапалата.

    Достапен

    295мкд / 70g

  • Rose Jam Body Spray накратко

    Rose Jam Body Spray

    спреј за тело

    Турски деликатеси со нијанси на слатки, розе обоени мириси, помешани со свежината на сицилијански лимон.

    Достапен

    1 795мкд / 200g

  • Rump Bottom Rub накратко

    Rump Bottom Rub

    лосион за задник

    There's a crack in everything, it's how the light gets in! Идеален лосион за велосипедисти, луѓе што трчаат и сите кои доживуваат отпор каде што треба да постои леснотија и хармонија. Истриј се насекаде по кожата каде има триење кога е време за тренинг. Полн со кофеин за да се зацврсти кожата и богати путери за да се олесни влегувањето во тесна облека... Овој крем е златна скала кон поудобен живот.  Има нешто што те трие на погрешен начин? Имаш проблем да се протнеш во омилените хеланки или пак ликрата те пипка непристојно?  Овој лосион е совршениот избор за помош да ја преминеш границата кон свет полн вежбање без болка. 

    Достапен

    995мкд / 225g

  • Salted Coconut накратко

    Salted Coconut

    пилинг за раце

    Однесете ги рацете во рајот.  Неверојатно мека кожа и пилинг се неразделна комбинација. Овој кремаст пилинг со крем од кокос и морска сол е совршениот начин за одржување на дланките во одлична форма. Нанесете убава количина на мокри дланки и почнете да триете во секој агол, но може и на суви дланки ако сте тип на човек што сака погрубо триење.  Морската сол е фантастичен природен ексфолијант кој е полн ресторативни минерални кои ја чистат кожата, а маслото од кокос дава длабока хидратација без да ги направи рацете лепливи.  Тие што го обожуваат слаткиот мирис на природата, едвај ќе дочекаат да нурнат во овој пилинг по ден поминат работејќи со растенијата. 

    Достапен

    495мкд / 130g

  • Sleepy накратко

    Sleepy

    лосион за тело

    Добро ќе заспиете по нежно премачкување со лосионот од соништата. Направен со нежна инфузија од овес, смирувачки цвет од лаванда и сладок апсолут од тонка. Богат сладок и цветен парфем Ве издигнува кон мирис на слатки сливи и топли пијалоци полни крем, додека божествениот фер тргуван какао путер и деликатната вода од лаванда даваат ефект на ладење и ја хранат кожата.  Прекријте го цело тело во овој фантастичен лосион пред да ги облечете Вашите најудобни пижами за слатко дремење пред каминот.

    Достапен

  • T for Toes накратко

    T for Toes

    пудра за стапала

    Победете ја непријатната миризба со тоа што малку ќе ги напудрите нозете и ќе посипете малку пудра во обувките. Маслото од чајно дрво е силен антисептик а глината во прав совршено ќе ја упие преголемата влажност.

    Достапен

    450мкд / 60g

  • Tender is the Night накратко

    Tender is the Night

    путер за тело

    Сензуално мек. Сензуална плочка за масажа полна романтични есенцијални масла. Шеа и мурумуру путерите се специјално измешани за лесно да се топат на кожата - дозволувајќи непрекината масажа. Исто така путерите се од голема помош за заклучување на хидратацијата во кожата. Како што плочката се затоплува и омекнува, ослободува возбудлива мешавина од масло од иланг иланг, фер тргуван абсолут од ванила и абсолут од јасмин. 

    Достапен

    595мкд / 60g

  • The Sunblock накратко

    The Sunblock

    Путер со заштитен фактор 30

    Путер за тело со заштитен фактор... Кое ќе трае, и трае... Прогнозата зборува за наплив од сончеви зраци, па така воопшто нема време за трошење! Влези во тушот и истриј се со оваа мешавина од органско масло од сусам и какао путер. Секоја третина нуди доволно заштита од сонце за целото тело за да може лесно да се заштити кожата и во движење.  Чувај ја при рака и сподели ги цветните мириси на апсолут од рози, масло од сина камилица и масло од еукалиптус секој пат кога го нанесуваш путерот на тело.

    наскоро

    595мкд / 100g

  • Twilight Body Spray накратко

    Twilight Body Spray

    спреј за тело

    Волшебен и примамлив, иланг иланг ќе даде цветни задимени ноти, а слатката тонка заедно со лавандата ќе смират и дадат спокојство. Доволно е малку за да се задржи заводливиот мирис на кожата за доооолго време. Спремни за спиење?

    Достапен

    1 295мкд / 200g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова овално кутивче е одлично за чување на путери за тело и масажа, деодоранти, цврсти регенератори, цврсти шампони и парчиња сапун.

    Достапен