СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Креми за тело

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Секој од овие производи е различно искуство кое одговара на различни потреби на кожата со свежи, органски, квалитетни состојки и мириси за да се задржи влажноста и еластичноста на кожата да биде мека, мазна и заводливо намирисана, спремна за допирање.

  • Charity Pot накратко

    Charity Pot

    лосион за раце и тело

    Крема која сака да го промени светот. Со фер тргуван органски какао путер, цветни есенцијални масла и сладок чоколаден мирис. Користи ја дарежливо.

    Достапен

    995мкд / 240g

  • Dream Cream накратко

    Dream Cream

    лосион за тело self-preserving

    Здраво. Дали мене ме баравте? Животен партнер за чувствителна кожа. §  Број еден Lush производ. §  Смирувачка крема која е направена да одговара дури и на најосетливите и најлесно иритирачките типови на кожа. §  Може да се употребува на сите типови на кожа. §  Елегантна, едноставна формула која содржи само состојки кои што ќе и помогнат дури и на изгорена и лесно раздразлива кожа - одлична е за после сончање. Ја започнавме оваа крема со тоа што потопивме овес во зовриена вода и почекавме се додека водата не стана млечно бела. Потоа го исцедивме овесното млеко и го искористивме како база  за нашата крема. Овесот со векови се користи за да ја смири иритираната и оштетена кожа и за да се третира егзема. Ние додадовме ружина вода во овесното млеко и маслиново масло, какао путер и растителен глицерин. Тогаш дпдадовме и мешавина од етерични масла која ја развиваме со години за терапевтски ефект на кожата: апсолут од ружи, сино масло од камилица, чајно дрво и лаванда. Понекогаш сите типови на кожа сакаат да бидат нежно згрижени и негувани – тоа е точно она што Dream Cream го прави. Дозволете и на вашата кожа да расцути од вистинска нега.  Во Lush имаме кули од писма во кои нашите потрошувачи ни кажуваат за нивните животни проблеми со кожата, егзема и други проблеми кои ги имале со кожажата додека не го сретнале Dream Cream. Ако вие сте еден од среќниците на кои им одговара Dream Cream, овој производ ќе направи голема разлика за вас.  

    Достапен

    1 095мкд / 240g

  • Elbow Grease накратко

    Elbow Grease

    универзална плочка

    Доведете ја хидратацијата до максимум! Вистинска премија. Хидрира како од соништата. Па, и ги осветлува тетоважите!  Потребна е само мноогу мала количина, нанесете ја оваа мешавина од хидратантни купуаку и мурумуру путери насекаде каде што Ви е потребно малку хидратација. На почетокот дизајнирана за лакти, но оваа плочка е толку прекрасна што е навистина погрешно да не им се дозволи и на останатите делови на телото да бидат исхидрирани. Ако имате тетоважи, поминете над мастилото за да се оживее бојата, како и да се смири. За да се донесе малку сончева светлина на денот, додадовме нероли, иланг иланг и цвет од портокал за неодолива насмевка.

    Достапен

    550мкд / 60g

  • Handy Gurugu накратко

    Handy Gurugu

    крем за раце

    Одмор за раце кои работат напорно. Нурнете ги дланките во содржина со густи путери: шеа путер, путер од кикирики, путер од индиски ореви и путер од бадем... Сите тие се помешани со семки од тиква и инфузија од розина вода и апсолут од рози за да се намали црвенилото и за хидратација. Ноќничето делува смирувачки на кожата, додека маслото од сина камилица делува како антисептик, а свежиот сок од лимон ја освежува кожата.  Нанесете убав слој навечер и гледајте како магично се подобрува состојбата на дланките до утрото. 

    Достапен

    650мкд / 100g

  • Helping Hands накратко

    Helping Hands

    крем за раце

    Чудо за уморни раце. На почетокот била направена за медицинските сестри и тие чии што раце се уморни и распукани. Медот е природен антисептик и заедно со есенцијалните масла од лаванда и африкански невен ослободува од болка и смирува дури и најчувствителни раце. Инфузија од нежна камилица е од голема помош за смирување на црвенило, додека слузот од ленено семе ги омекнува и најгрубите раце и го намалува пукањето.  Бадемовото масло, шеа путерот и какао путерот се хидратантниот дел од кремата, сите врзани во една лесна течна крема која сигурно ќе се впие веднаш во кожата.

    Достапен

    650мкд / 100g

  • Karma Kream накратко

    Karma Kream

    лосион за тело

    Инстант Карма. Нежен крем за раце и тело кој ја храни кожата и остава прекрасен мирис на портокал, пачули и бор... Кој трае цел ден. Полн е бадемово масло, какао путер и глицерин, па така кожата добива сјај. Секогаш кога посакувате да останете забележани во околината во која се движите, овој парфемски лосион за тело ќе Ве освежи и ќе Ве испрати на патување на мистичниот Исток, каде лавандата ќе смири, а лимоновата трева ќе ги освежи сетилата за ден кој не е возможно да тргне на лошо. 

    Достапен

    1 295мкд / 225g

  • Lemony Flutter накратко

    Lemony Flutter

    путер за кутикули

    Се бори против тврдите телови. Совршена за омекнување на најтврдите делови: колената, лактите, петите, кршливите нокти и кутикулите.  Lemony Flutter оживува антички метод на правење на крем за кој дури и Римјаните чуле. Мала количина е доволна за голем ефект, па само со неколку нанесувања деловите кои не сме им обрнувале внимание ќе живнат, ќе светнат и ќе мирисаат вкусно, исто како пита од лимон. 

    Достапен

    595мкд / 50g

  • Love and Light накратко

    Love and Light

    крем за раце

    Најфантастичната хидратација досега. "I'll follow thee and make a heaven of hell, To hydrate the hand I love so well." Ако миењето Ве натера да смислите екстремни методи за чување на рацете, let a little Love and Light into your life. Оваа крема со омекнувачки нероли и фер тргуван какао путер ќе дадат лесна хидратација која трае, па чувајте ја при рака кога ќе надојде суша. Бразилскиот портокал, цветот од портокал и нероли ќе ги освежат кожата и расположението инстантно. Миризлив и неверојатно омекнувачки... Овој крем е сон за жедни и уморни раце.

    Достапен

    650мкд / 100g

  • Once Upon a Time накратко

    Once Upon a Time

    лосион за тело

    Кога сакате да се чувствувате како нови грабнете го овој хидратантен лосион за тело! Фер тргуваниот органски какао путер и свиленкастиот муру муру путер ќе се погрижат вашата кожа да остане мека и хидрирана а грeјпфрутот, Сицилијанскиот лимон и инфузијата од јаболки магично ќе ви го поправат расположението.

    Достапен

  • Once Upon a Time Solid накратко

    Once Upon a Time Solid

    цврст лосион за тело

    Кога сакате да се чувствувате како нови грабнетего овој хидратантен лосион за тело! Фер тргуваниот органски какао путер и свиленкастиот муру муру путер ќе се погрижат вашата кожа да остане мека и хидрирана а грeјпфрутот, Сицилијанскиот лимон и инфузијата од јаболки магично ќе ви го поправат расположението.

    Достапен

    695мкд / 100g

  • Pink Peppermint накратко

    Pink Peppermint

    лосион за нозе и стапала

    Минт ревитализација за нозе за освежување и намалување на отоци. Прекрасен лосион за стапала полн со состојки кои ја освежуваат и смируваат кожата. Розев и весел лосион кој ќе ги смири и одмори дури и нозете кој цел ден го поминале во обувки. Ние користиме и масло од пеперминт и масло од спеарминт за во исто време се ослободите од болките и да ги разладите стапалата. Арниката и невенот ќе ја одземат жештината  ги смируваат и олеснуваат стапалата и нозете. По Fair Trade Foot Lotion вашите стапала повторно ќе бидат спремни да се нурнат во обувки и да зачекорат во нов убав ден.

    Достапен

    795мкд / 225g

  • Rump Bottom Rub накратко

    Rump Bottom Rub

    лосион за задник

    There's a crack in everything, it's how the light gets in! Идеален лосион за велосипедисти, луѓе што трчаат и сите кои доживуваат отпор каде што треба да постои леснотија и хармонија. Истриј се насекаде по кожата каде има триење кога е време за тренинг. Полн со кофеин за да се зацврсти кожата и богати путери за да се олесни влегувањето во тесна облека... Овој крем е златна скала кон поудобен живот.  Има нешто што те трие на погрешен начин? Имаш проблем да се протнеш во омилените хеланки или пак ликрата те пипка непристојно?  Овој лосион е совршениот избор за помош да ја преминеш границата кон свет полн вежбање без болка. 

    Достапен

    995мкд / 225g

  • Sleepy накратко

    Sleepy

    лосион за тело

    Добро ќе заспиете по нежно премачкување со лосионот од соништата. Направен со нежна инфузија од овес, смирувачки цвет од лаванда и сладок апсолут од тонка. Богат сладок и цветен парфем Ве издигнува кон мирис на слатки сливи и топли пијалоци полни крем, додека божествениот фер тргуван какао путер и деликатната вода од лаванда даваат ефект на ладење и ја хранат кожата.  Прекријте го цело тело во овој фантастичен лосион пред да ги облечете Вашите најудобни пижами за слатко дремење пред каминот.

    Достапен

  • Sympathy For The Skin накратко

    Sympathy For The Skin

    лосион за тело

    Разладувачки банани - разладена кожа. Го наполнивме овој лосион со свежи банани, какао путер и ванила за смирување, омекнување и нахранување на жедна и сува кожа. Свежите органски банани се гмечат и се додаваат на разредена емулзија од инфузија од мешунки од банана, какао путер и бадемово масло што е од голема помош за кожата полесно да ги впие витамините и минералите од бананите.  Сандаловото дрво е одлично за сува кожа бидејќи е антиинфламаторно и разладувачко.

    Достапен

    995мкд / 240g