СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Путери за тело и масажа

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Грабнете го партнерот и една плочка за масажа, загрејте ја ситуацијата и споделете љубов! 

Направени со убави, навлажнувачки путери и прекрасни есенцијални масла за да намалат напнатоста и да ги опуштат мускулите. Само притиснете ги низ дланките и протријте, веднаш се топат на телесна температура.

  • Black Stockings накратко

    Black Stockings

    бронзен путер за тело

    Совршеното златно отсјајување. Плочка за тело со пигмент која дава нежен бронзен сјај при нанесување. Најдобар ефект има на потемни тонови на кожата. Мешавината од кафеави и бронзени пигменти во плочка со какао и шеа путер ќе даде неверојатен сјај, кој ќе го отцрта целото тело. Идеална плочка за да се освежи зимскиот тен или да се изедначи летниот тен.  Едноставно протријте ја по нозете, рацете и цело тело за златен сјај кој се прелива во неколку слоеви и дава уникатен тен на секоја кожа. 

    наскоро

    495мкд / 30g

  • Each Peach (And Two's a Pair) накратко

    Each Peach (And Two's a Pair)

    путер за тело

    Егзотична плочка полна цитрусно освежување. Искомбиниравме колку што е можно убави и разведрувачки цитрусни масла за овој мирис: лимета, сладок див портокал, мандарина и грејпфрут. Тие ќе го смират и исчистат умот, а ќе те наполнат енергија за денот што следува. Базата од какао путер овозможува безгрижно лизгање на плочката по телото. Едноставно протријте ја меѓу дланки пред употреба, нанесете ја на цело тело и подгответе се за сите предизвици.

    Достапен

    495мкд / 50g

  • Hottie накратко

    Hottie

    путер за тело

    Затоплува и поттикнува циркулација, совршен за уморни мускули и болки во мускули. Изгасете ги светлата, пуштете музика и опуштете се бидејќи салонот за убавина е отворен!  Овој производ е смислен за третмани со масажа кои допираат длабоко под површината на кожата, па така ќе предизвика топлина и удобност во најбрзо време. Апсолут од ванила ќе создаде смирувачки мирис, додека маслата од црн бибер и ѓумбир ќе поттикнат циркулација во целото тело. Чувствувај се лесно, додека какао путерот се лизга по кожата, намалувајќи ја тензијата и опуштајќи ги чворовите по целото тело.

    потрошено

    460мкд / 90g

  • Pearl накратко

    Pearl

    путер за тело

    Тоолку добро се чувствува на кожа! Оваа слатка и цветна плочка е направена со антиоксидантно арганово масло, смирувачко масло од рози и апсолут од рози. Притоа, розевите топчиња се всушност саго меурчиња кои се наменети за длабока масажа на кожата и поттикнуваат циркулација. Ајде, пробајте го, дајте му шанса.

    Достапен

    550мкд / 50g

  • Shimmy Shimmy накратко

    Shimmy Shimmy

    путер со златни светки

    За кожа полна неверојатен сјај. Ако сакате гламурозен сјај на кожата, посегнете по Shimmy Shimmy плочката путер за тело. Со него сите ноќи ќе бидат светкави, без разлика дали сакате светлиот ден да сјае како месечина во ноќта, или тенот кој сте го добиле преку летото да заблеска уште повеќе. Фер тргуваните какао и шеа путер ќе ја остават кожата мека и божествена. Само нежно поминете низ дел на телото што сакате да сјае, дозволувајќи на плочката нежно да се топи на кожата и да остава хидратација и сјај. 

    Достапен

    395мкд / 30g

  • Soft Coeur накратко

    Soft Coeur

    путер за тело

    Дај малку љубов! И... Цела ќе се врати кај тебе!  За вљубениците на слатки мириси, оваа плочка за масажа има неповторлив и незаборавлив мирис на карамела. Додадовме масло од бадеми на какао путерот и шеа путерот како база за да може плочката брзо да се топи на кожа. Центарот од мед и какао во прав ќе ја остават кожата со сладок мирис. Едноставно протријте го ова колаче по кожата за вкусен мирис и мека кожа. 

    Достапен

    350мкд / 30g

  • Tender is the Night накратко

    Tender is the Night

    путер за тело

    Сензуално мек. Сензуална плочка за масажа полна романтични есенцијални масла. Шеа и мурумуру путерите се специјално измешани за лесно да се топат на кожата - дозволувајќи непрекината масажа. Исто така путерите се од голема помош за заклучување на хидратацијата во кожата. Како што плочката се затоплува и омекнува, ослободува возбудлива мешавина од масло од иланг иланг, фер тргуван абсолут од ванила и абсолут од јасмин. 

    Достапен

    595мкд / 60g

  • The Sunblock накратко

    The Sunblock

    Путер со заштитен фактор 30

    Путер за тело со заштитен фактор... Кое ќе трае, и трае... Прогнозата зборува за наплив од сончеви зраци, па така воопшто нема време за трошење! Влези во тушот и истриј се со оваа мешавина од органско масло од сусам и какао путер. Секоја третина нуди доволно заштита од сонце за целото тело за да може лесно да се заштити кожата и во движење.  Чувај ја при рака и сподели ги цветните мириси на апсолут од рози, масло од сина камилица и масло од еукалиптус секој пат кога го нанесуваш путерот на тело.

    наскоро

    595мкд / 100g

  • Therapy накратко

    Therapy

    путер за тело

    Терапија? Зашто на сите им е потребно малку понекогаш... 100% органска плочка путер за масажа која ја омекнува кожата и го смирува умот. Совршениот баланс во мешавината од какао и шеа путер овозможува лесно лизгање на путерот по телото и ја остава кожата неверојатно мека, додека внимателно одбраната мешавина на три органски есенцијални масла има моќен разведрувачки ефект.  Органското масло од лаванда ја балансира кожата и го опушта умот. Маслото од нероли ги зголемува нивоата на серотонин во мозокот и го подобрува тонот и текстурата на кожата. А, пак, маслото од сладок див портокал е главниот разведрувач во оваа комбинација.

    Достапен

    495мкд / 65g

  • Wiccy Magic Muscles накратко

    Wiccy Magic Muscles

    путер за тело

    Болки, заминете! Време е да ја донесеш пролетта на прагот. Почувствувај се живо со топлата мешавина од есенцијални масла од пеперминт и цимет за поттикнување циркулација и која ќе се освежи. Измазни ги тензиите и кажи збогум на болките и дозволи му на какао путерот да ја омекне кожата, враќајки го животот на тело чие мускули работеле многу. Екстрадевствените масла од кокос и јојоба тонат во кожата, додека азуки гравчињата ги отплеткуваат инаетливите чворови. Подготви се да се опуштиш и да ја тргнеш тежината од своите раменици. 

    Достапен

    550мкд / 70g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова овално кутивче е одлично за чување на путери за тело и масажа, деодоранти, цврсти регенератори, цврсти шампони и парчиња сапун.

    Достапен