СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Раце

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Elbow Grease накратко

    Elbow Grease

    универзална плочка

    Доведете ја хидратацијата до максимум! Вистинска премија. Хидрира како од соништата. Па, и ги осветлува тетоважите!  Потребна е само мноогу мала количина, нанесете ја оваа мешавина од хидратантни купуаку и мурумуру путери насекаде каде што Ви е потребно малку хидратација. На почетокот дизајнирана за лакти, но оваа плочка е толку прекрасна што е навистина погрешно да не им се дозволи и на останатите делови на телото да бидат исхидрирани. Ако имате тетоважи, поминете над мастилото за да се оживее бојата, како и да се смири. За да се донесе малку сончева светлина на денот, додадовме нероли, иланг иланг и цвет од портокал за неодолива насмевка.

    Достапен

    550мкд / 60g

  • Handy Gurugu накратко

    Handy Gurugu

    крем за раце

    Одмор за раце кои работат напорно. Нурнете ги дланките во содржина со густи путери: шеа путер, путер од кикирики, путер од индиски ореви и путер од бадем... Сите тие се помешани со семки од тиква и инфузија од розина вода и апсолут од рози за да се намали црвенилото и за хидратација. Ноќничето делува смирувачки на кожата, додека маслото од сина камилица делува како антисептик, а свежиот сок од лимон ја освежува кожата.  Нанесете убав слој навечер и гледајте како магично се подобрува состојбата на дланките до утрото. 

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Helping Hands накратко

    Helping Hands

    крем за раце

    Чудо за уморни раце. На почетокот била направена за медицинските сестри и тие чии што раце се уморни и распукани. Медот е природен антисептик и заедно со есенцијалните масла од лаванда и африкански невен ослободува од болка и смирува дури и најчувствителни раце. Инфузија од нежна камилица е од голема помош за смирување на црвенило, додека слузот од ленено семе ги омекнува и најгрубите раце и го намалува пукањето.  Бадемовото масло, шеа путерот и какао путерот се хидратантниот дел од кремата, сите врзани во една лесна течна крема која сигурно ќе се впие веднаш во кожата.

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Lemony Flutter накратко

    Lemony Flutter

    путер за кутикули

    Се бори против тврдите телови. Совршена за омекнување на најтврдите делови: колената, лактите, петите, кршливите нокти и кутикулите.  Lemony Flutter оживува антички метод на правење на крем за кој дури и Римјаните чуле. Мала количина е доволна за голем ефект, па само со неколку нанесувања деловите кои не сме им обрнувале внимание ќе живнат, ќе светнат и ќе мирисаат вкусно, исто како пита од лимон. 

    Достапен

    550мкд / 50g

  • Love and Light накратко

    Love and Light

    крем за раце

    Најфантастичната хидратација досега. "I'll follow thee and make a heaven of hell, To hydrate the hand I love so well." Ако миењето Ве натера да смислите екстремни методи за чување на рацете, let a little Love and Light into your life. Оваа крема со омекнувачки нероли и фер тргуван какао путер ќе дадат лесна хидратација која трае, па чувајте ја при рака кога ќе надојде суша. Бразилскиот портокал, цветот од портокал и нероли ќе ги освежат кожата и расположението инстантно. Миризлив и неверојатно омекнувачки... Овој крем е сон за жедни и уморни раце.

    Достапен

    695мкд / 100g

  • Salted Coconut накратко

    Salted Coconut

    пилинг за раце

    Однесете ги рацете во рајот.  Неверојатно мека кожа и пилинг се неразделна комбинација. Овој кремаст пилинг со крем од кокос и морска сол е совршениот начин за одржување на дланките во одлична форма. Нанесете убава количина на мокри дланки и почнете да триете во секој агол, но може и на суви дланки ако сте тип на човек што сака погрубо триење.  Морската сол е фантастичен природен ексфолијант кој е полн ресторативни минерални кои ја чистат кожата, а маслото од кокос дава длабока хидратација без да ги направи рацете лепливи.  Тие што го обожуваат слаткиот мирис на природата, едвај ќе дочекаат да нурнат во овој пилинг по ден поминат работејќи со растенијата. 

    Достапен

    495мкд / 130g