Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

ЛИЦЕ

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Mask Of Magnaminty

    Христина

    Одлична маска за лице.... веднаш по нанесувањето се чувствува некоја свежина, длабински ја чисти кожата но не ја пресушува...супер е.....

  • Full of Grace

    Христина

    Овој серум за лице е одличен. Го користам навечер, по миење и тонирање на лицето. Мрсен е, убаво се впива со масирање и ја прави кожата мека и нежна. Наутро нема остатоци и масни траги како со некои т...

  • Let the Good Times Roll

    Христина

    И покрај тоа што имам комбинирана кожа (нормална,а масна на Т-зоната), овој чистач за лице ми одговара многу. Убаво и нежно ја чисти кожата, ја остава мека и хидрирана и не ја суши (за разлика од movi...

  • Angels on bare skin

    Милица

    Најдобриот чистач што го имам пробано. Одличен е. Нежно ја чисти кожата (без исушување) а маслата ја оставаат мека и нежна. Имам искористено 3 пакувања. Го препорачувам на сите. --------------------...

  • Mask Of Magnaminty

    Елена

    Одлична!! Само по 10 мин дејство кожата е ексфолирана, мека и нежна.

  • Mask Of Magnaminty

    Blagica

    Најдобра! Ефектите се гледаат уште при правата употреба.

  • 1000 Millihelens накратко

    1000 Millihelens

    Jelly маска за лице

    Не, не е мит!   Кожата која ја посакувате е возможно да се постигне со свежиот сок од јаболки кој е разведрувачки и богат со ензими, во комбинација со тонирачкиот зелен чај. Верувајте на оваа маска со антиоксидантно и антибактериско делување. Маслото од сицилиски лимон и маслото од бразилски портокал помагаат да се разведри кожата, а нероли ќе Ви го поправи расположението.

    Достапен

    495MKD / 65g

  • Amazonian Primer накратко

    Amazonian Primer

    масло за лице без пакување

    Директно од тропските шуми на Амазон. Омекнувачкиот купуаку путер и хидратантниот муру муру путер помешани со масло од андироба се одлична комбинација за смирена и исхидрирана кожа. Пудрата од “arrowroot“ ја матира и ја измазнува кожата со што го прави овој производ да биде и совршена подлога за шминка, за било кое уметничко дело на лицето да остане на свое место во текот на целиот ден.  Зелената боја на овој производ е исто така природна и доаѓа од хлорофилинот кој делува заштитно и ги неутрализира црвенилата, лимоновата трева ја тонизира а перуанската билка "electric daisies" ја затегнува кожата.  Слаткиот мирис на маслото од тонка, маслото од ружино дрво и маслото од бразилски портокал додаваат само дополнителен луксуз во секојдневната нега на лицето.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Angels on bare skin накратко

    Angels on bare skin

    -сува и/или чувствителна кожа

    Неверојатно нежен чистач направен од 100% природни состојки. Инспириран е од средновековните рецепти и е украсен со цветови од лаванда, содржи каолин за да ја апсорбира нечистотијата, оставајќи ја кожата чиста и изнегувана. Маслото од лаванда и апсолутот од ружи ја смируваат кожата. Како што ќе го помешате мало парче од вашиот чистач со малку вода, за да стане како паста, така мелените бадеми ќе направат бадемово млеко кое помага кожата да биде истонирана и омекната. Одличен е за сите видови на чувствителна кожа. Покрај на лице овој производ може да го користите и по целото тело.

    Достапен

    595MKD / 100g

  • Argan накратко

    Argan

    масло за лице без пакување

    Вашата потрага по одлично изнегувана кожа завршува овде! Омекнетеја кожата со органски фер тргуван какао и шеа путер. Богатото масло од арган ја хидрира и ја подмладува кожата додека маслото од лимон ја освежува и и дава природен здрав сјај.  Маслото од бодликава круша (круша која што расте на кактус) е пребогато со витамин Е и помага во изедначувањето на тенот а во исто време длабински ја хидрира и ја смирува кожата.  За кожа мека како памук во овој производ е додадено апсолут и масло од ружи од Сенир од Турција, шеа путерот е од Гана а маслото од арган од Мароко.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Banana skin накратко

    Banana skin

    масло за лице без пакување

    Масло за лице кое ја прави кожата совршено мека и исхидрирана. Патот до меката кожа започнува со свежи, кремасти испасирани банани и хидратантен путер од манго, додадовме и малку скроб од топиока за свиленкасто чувство. Идеален производ за жедна кожа на која што и е потробна богата хидратација. Хранливите и богати со влакна банани се измешани со кремаст муру муру и лилип путер за доза хидратација. Слаткиот миррис на банани е надополнет со ноти на ванила и тонка за миризлива кожа и ведар ум.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Birth of Venus накратко

    Birth of Venus

    Jelly маска за лице

    Кога сакате да се чувствувате како да тек сега сте се родиле   земете го ова ремек дело кое делува балансирачки на кожата. Свежата морска вода тонира и освежува, маслото од лаванда смирува, а апсолутот од рози смирува и балансира. Гелот од карагенен кој го добиваме од морски алги интензивно ја омекнува и ја остава кожата неодоливо мека на допир.

    наскоро

    495MKD / 65g

  • Boom! накратко

    Boom!

    100 таблети за миење на заби

    Задоволство полно активен јаглен за сјајни и бели заби. Животот е непредвидлив, но со зелен чај и активен јаглен сигурно ќе имаш експлозивна свежина. Изгрицкај една таблетка помеѓу предните заби за бран морска сол, анасон и црн бибер со вкусот на зачинета кока кола. Истриј со мокра четка за заби и уживај.

    Достапен

    595MKD / 50g

  • Brave накратко

    Brave

    80 таблети за плакнење на уста

    Доколку влогот е голем, имате трема, устата ви се суши, рацете ви се потат, не очајувајте, исплаклнете ја устата со “химната“ на освежителните мириси - Brave! Антибактеријски и освежителни со масла од карамфилче, портокал и минт.

    Достапен

    495MKD / 45g

  • Bunny Moon накратко

    Bunny Moon

    Jelly маска за лице

    Кога ќе погледнете кон Месечината, што гледате? Некои луѓе гледаат лице, некои змеј, а некои зајче.  Кога посакувате мека и на допир нежна кожа, ова зајче е за Вас! Медот делува антисептички и хидратантно, маслото од рози помага да се смири и избалансира кожата, додека пак инфузијата од камилица и невен ја смируваат кожата. Допир на нежна ванила и смола од бензоин помага да се чувствувате удобно во својата кожа. Ќе бидете среќно зајче со смирена и чиста кожа!

    наскоро

    495MKD / 65g

  • Cre'me de Menthe накратко

    Cre'me de Menthe

    таблети за плакнење на уста

    Дупла доза ледена свежина во устата! Кристали од мента и масло од пеперминт ке направат експлозија од ледена свежина во вашата уста додека јаболковата и лимоновата киселина сочно ке се распрскаат во устата давајки ви чувство за паметење.

    Достапен

    495MKD / 50g

  • Cup o' Coffee накратко

    Cup o' Coffee

    маска за лице и тело со пилинг

    Го сакаш ли интензивно?   Веднаш зад аголот има виножито на небото. Па, ајде да испиеме уште една чаша кафе и да изедеме уште едно парче торта! Ако не можеш да одолееш на силно, темно кафе кое стимулира, тогаш дај шанса на оваа маска полна кафе. Разбуди се и нахрани ја кожата со богата арома на свежно направено кафе. Екстракт од печено какао, масло од ветиверт и масло од коријандер се измешани за да создадат мирис кој опојува.  Нанеси ја на целото лице и телото, остави ја 10-15 минути и истриј со топла вода, па измиј ја.

    Достапен

    595MKD / 150g

  • Dirty Toothy Tab накратко

    Dirty Toothy Tab

    100 таблети за миење на заби

    Највалканиот начин за да дојдеш до чистота! Неверојатно чисти заби и здив освежен од спеарминт се оддалечени на едно триење со четка. Каде и да одиш оваа цврста алтернатива на паста за заби ќе те освежи со каолин во прав, масло од нероли и масло од спеарминт. Ако се чувствуваш валкано, исчисти се со грицкање на една таблетка со предните заби и истриј со мокра четка за заби.

    Достапен

    495MKD / 50g

  • Dream Steam накратко

    Dream Steam

    Звездите блесакво светат над нас. Ноќното ветре шепоти “Те сакам”. Од пареата излегувам како сон. Наведнете се над садот и инхалирајте ја мешавината од есенцијални масла кои заедно со пареата ќе се впијат во лицето. Кога ќе се олади водата во садот можете да натопите памукче или крпче и да го исчистите лицето и вратот. Dream Staem ја содржи истата мешавина на етерични масла како и кремот Dream Cream. Маслото од чајно дрво делува антибактериски на кожата додека апсолутот од рози го смирува црвенилото. Камилицата и маслото од лаванда ве опушта и ви го смирува умот. Повеќето тоници содржат конзервирана вода во комбинација со силни состојки кои делуваат на порите.Нашоит тоник е понежен па парењето на лицето може да се изведе и без додавење на непријатните состојки. Без пакување и без конзерванси е вистински погодок за вас и за околината.

    наскоро

    95MKD / 7g

  • Enchanted Eye Cream накратко

    Enchanted Eye Cream

    крем за околу очи

    Совршен за ден и ноќ! Кожата околу очите е многу тенка и деликатна. Потребна ви е посебна нега доколку сакате да го исхидрирате тој дел. Кремите за тој дел не треба да бидат многу тешки и со многу масла за да не се добие подуен изглед. Овој деликатен производ ние го направивме многу едноставно, додадовме точен износ на благи состојки за да ви помогнат да ја задржите кожата здрава, свежа, хидрирана без подуеност и иритации. Водата од лаванда и мед, маслото од јојоба и бадеми  се  употребени за да се добие омекнувачки крем кој е лесен и не ја оптеретува кожата. Марк и Хелен често дискутираат за тоа колку е тешко да се добие добро избалансирана крема која ќе биде совршена. Прпблематично е исто колку и изработката на часовник. Количината на состојката која може да ја смени рамнотежата  и може да ве одведе кон друг состав за кој е потребно поголема издржливост е многу минијатурна. Внимателното изработување во фазата на креирање е од витално значење и секогаш има јасна перспектива на она што сака да се постигне со крајниот ефект. Сето ова е направено бидејќи Марк и Хелен се свесни за посебниот третман кој што и  е потребен на кожата околу очите. Кожата околу очите е осетлива на многу работи, конзеранси, бактерии и многу лесно може да се дојде до несакана инфекција. Со фин баланс помеѓу зачувување на производот совршен и без грешки без преоптоварување на пределот околу очите со конзерванси и максимална заштита и негова израбтка бара исклучиво внимателна и беспрекорна козметичка вештина.  Само нај нежните и нај меки состојки треба да се употребуваат на нај нежниот дел од кожата. Нанесете ја околу очи оваа волшебна напивка од органски масла, лаванда и мед за смирување и хидратација. Освежете го погледот и намалете ги брчките!

    Достапен

    1 195MKD / 45g

  • Fomo накратко

    Fomo

    Jelly маска за лице

    Не се плашете дека би пропуштиле прекрасно чувство на кожата со оваа мала убавица.   Нежната глина каламин во прав смирува, додека апсолутот од рози балансира за завидно чиста кожа. Допирот од нероли го изедначува тенот и предизвикува чувство на драгоценост.

    Достапен

    495MKD / 65g

  • Full of Grace накратко

    Full of Grace

    серум за лице

    Најнежниот производ за лице. Серум за лице со богата хидратација кој е во цврста форма за нежно лизгање по кожата. Ќе го остави лицето, вратот и деколтето освежени и регенерирани. Создадовме мешавина од масла кои ја хранат кожата и портабело печурки кои се полни витамини и минерали што ја штитат кожата. Маслото од сина камилица и каламин глината во прав ја смируваат кожата, а само каламинот ја контролира количината на мастење. 

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Gritty Politty накратко

    Gritty Politty

    балзам/пилинг за чистење лице

    Полирачка и хидрирачка мешавина на мелена кокосова лушпа, кокосово масло и кокум путер. На кожата прави прекрасна мека кремамаста структуракоја што се претвара во смирувачко и прочистувачко масло кое ги чисти порите а кожата ја прави еластична. Не мора да се сеќавате на британскиот бенд од кој што всушност е инспирирано името на овој производ за да уживате во благодетите кои што овој чистач ги нуди. Како бонус на крај природниот мирис е од антибактеријското ружино дрво и смирувачката сандаловина. 

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Jade Roller накратко

    Jade Roller

    балзам за чистење лице

    Овој чистач за лице без пакување напорно работи за вие да може да одморите. Во својата основа содржи апсорбирачко масло од афричкото дрво марула, прочистувачко масло кое ги чисти порите а кожата ја прави еластична кое што искомбинирано со масло од лешник кое ги затегнува порите и стимулирачкото маслото од пеперминт го прави овој чистач неодолив.  Најгоре на производот има Мунг грав кој што служи за масажа. На крај ако го отстранувате со влажна крпа, водата ќе ги активирате и сите тонирачки својства на овој производ кој што ги даваат оцетот од камилица и ружината вода.  Крајниот резултат е исчистена и избалансирана  кожа, затегнати пори, смирени црвенила и ведар тен. Чистач, масажер и тоник спакувани во еден производ.

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Just to Clarify накратко

    Just to Clarify

    Jelly маска за лице

    Да ги разјасниме работите.   Папајата бога со ензими разведрува. Стеблото од бамбус ексфолира. Маслата од грејпфрут и бергамот го подобруваат расположението. Свежиот сок од портокал ги буди сетилата.

    Достапен

    495MKD / 65g

  • Let the Good Times Roll накратко

    Let the Good Times Roll

    -сува кожа

    Полн нежен пилинг кој делува омекнувачки на кожата. Овој чистач за лице и тело е нежен за кожата, оставајќи ја мека на допир со мирис на пуканки со путер. Пченкарното брашно во комбинација со палента прават нежна ексфолијација, циметот во прав стимулира и освежува.  Овој нежен чистач за лице со пилинг ќе смири и омекне, а ќе ја остави кожата нахранета, свежа и со природен сјај. 

    Достапен

    495MKD / 100g

  • Light Touch накратко

    Light Touch

    масло за лице без пакување

    Ова масло за лице е идеалниот производ за чиста, избалансирана кожа. Лесната и брзо впивачка јојоба и маслото од семки од "meadowfoam" (кое што е многу слично со природната влажност која ни ја произведува самата кожа), овозможуваат кожата да се чувствува свежа и мазна- никогаш масна.  Во овој производ се внимателно додадении сите тонирачки карактеристики кои ги носи дивиот лешник и антиоксидантната сина спирулина која што ја заштитува кожата од сите надворешни атмосверски влијанија.  Со овошно цветен мирис направен од есенцијални масла од Кенија, секоја состојка во ова масло за лице е набрана за да ја смири, освежи, избалансира и намириса кожата.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Like a Virgin накратко

    Like a Virgin

    чистач во форма на ладен крем

    Вратете се на корените, едноставен, вегански, ладен крем за чистење на лице - традиционална форма на чистач, за многумина и најдобра. Оваа модерна верзија на овој чистач има неколку измени, го земавме најдоброро од старата формула и го преформулиравме. Во основата ставивме органско “extra virgin“ маслиново масло и масло од јојоба измешани со канделила восок и восок од сончоглед поради прочистувачките и хидрирачките ефекти. Втората работа што ја направивме е отстранувањето на вода во формулата со што добивме тврда форма, на крај додадовме и масло од лимон кое што се користи на Медитеранот за чистење, тонизирање и разведрување. Може да се користи и за отстранување на шминка. Ќе се изненадите колку всушност сте имале потреба од еден ваков производ.  Кога ќе ви ја даде целата љубов ќе имате чувство како прв пат да си го допирате мекото лице.

    потрошено

    395MKD / 15g

  • Limelight накратко

    Limelight

    100 таблети за миење на заби

    Направи чист влез каде и да одиш. Целиот свет е сцена. Без разлика дали ги отвараш или затвораш завесите, подготви се за твојот голем момент со цитрусните лимета и лимон. Мешавина полна прав од баобаб плодот создава шумешко искуство со вкус на шербет на јазикот.  Олесни си го денот со грицкање на една таблетка помеѓу предните заби и истриј со четка за заби.

    Достапен

    495MKD / 50g

  • Magical Moringa накратко

    Magical Moringa

    крем за лице/подлога за шминка

    Ја потхранува и хидрира кожата со најквалитетните состојки кои можат да се најдат наоколу низ светот. Слушнавме многу приказни за неодоливиот eфект  на  маслото од арган од Мароко, маслото од шипка од Јужна Америка  и многу позитивни дискусии за маслото од моринга од Гана. Ние не веруваме дека постои некој чудесен еликсир за убавина но сите овие состојки на едно место прават вистинска магија. Овој крем лесно се  впива во кожата, погоден е како подлога за шминка, може да се користи и на масна кожа и подеднакво добра за мажи и за жени.

    Достапен

    1 695MKD / 55g

  • Mask Of Magnaminty накратко

    Mask Of Magnaminty

    маска за лице и тело со пилинг

    Mask of magnaminty e маска од билки кои не само што инзвонредно ќе ја исчистат и смират вашата кожа туку и ќе ви дадат одлично чувство на свежина.    Нанесете ја маската, оставете ја да делува 15 минути, потоа нежно измасијта је со влажни раце и на крај исплакнете ја.  Една од важните работи за ова маска е тоа што лесно се размачкува на кожата а тоа ја прави погодна и за нанесување на иритирана или чувствителна кожа. Тој ефект се постигнува со : бентоин гелот, талк, каолин (глина за смирување на црвенила и иритации) и растителен глицерин. Внатре содржи уште и мелен азуки грав и семе од ноќниче кои ќе ја исчистат кожата за неколку минути и при отстранувањето на маската ќе ја исполираат кожата, ќе направат нежен пилинг отстранувајчи ги мртвите клетки. Внатре додадовме и мед кој ќе ја исхидрира кожата а во исто време и ќе делува и како антисептик. Маслото од пеперминт е ставено за да ја зголеми циркулацијата и да предизвика чувство на ладење а маслото од невен, хлорофилинот и ванилата дополнително ќе ја омекнат кожата и ќе ги смират црвенилата и иритаците.

    Достапен

    495MKD / 125g

  • Miles of Smiles накратко

    Miles of Smiles

    100 таблети за миење на заби

    Спреми се за огромна количина ментол! Одржувај ја устата свежа и чиста со многу ментол. Прочистувачката каолин глина и трите вида на ментол ветуваат дека оваа паста за заби во цврста форма ќе ја освежи твојата уста и ќе даде сјај на забите.  За интензивни воздушни бранови полни ледена свежина изгрицкај една таблетка со предните заби и почни да триеш со мокра четка за заби.

    Достапен

    495MKD / 50g

  • Movis накратко

    Movis

    сапун за лице - сите типови

    Љубовта кон печењето на леб и правењето на сапуни Мо Constantine јa спои во едно. Овој пченичен сапун за лице, направен со многу љубов и основа на гурмански сапун полн екстра девствено кокосово масло и масло од сончоглед е способен да ја направи најсвилената пена која што сте ја виделе. Слаткиот мирис и нежно рапавата текстура Ви го доближуваат целокупното чувство на свежо испечен леб, притоа триејќи го лицето и хранејќи ја кожата. Многу дарежлив сапун, кој не престанува да подарува... Полн масло од пченични никулци и какао путер да омекнат и збогатат.

    Достапен

    395MKD / 100g

  • Pan Galactic Gargle Blaster накратко

    Pan Galactic Gargle Blaster

    таблети за плакнење на уста

    Голем чекор за човештвото. Оваа планета има... Всушност имаше проблем: повеќето од препаратите за испирање уста беа досадни. Имаше голем неистражен простор и единствениот начин беше да се бара инспирација од неоткриениот простор околу Земјата. Зрак од масло од лимон освежува, кининот дава вкус на испирањето уста како да пиење разладувачка чаша тоник, а анасонот и многу меурчиња даваат чувство на устата кое нема да го заборавиш. Ако во моментов не се забавуваш со обичните форми на живот, навистина вреди да автостопираш надвор во орбитата и да го пробаш Pan Galactic Gargle Blaster. По миењето на забите со паста за заби или прашок за миење заби, изгрицкајте една таблетка и напијте се малку вода. Исто така можеш да пуштиш една таблетка во мала количина вода и да ја исплакнеш устата. Може да се користат во текот на денот секогаш кога сакаш орално освежување. Таблетките за испирање уста се одличен чекор во рутината на одржување хигиена на уста и наутро и навечер.  Секако, не заменуваат миење на забите со четка за заби и поминување со конец за заби. Па, секогаш чисти ги забите со соодветен производ пред да ги употребиш нашите таблетки за испирање уста. 

    Достапен

    495MKD / 50g

  • Sleepy Face накратко

    Sleepy Face

    чистач за лице без пакување

    Почастете се со овој неверојатно смирувачки чистач пред да одите на спиење. Сонлива плочка со природни масла и путери кои ќе ја смират кожата и умот. Омекнувачката мешавина од органски фер тргуван какао путер, балансирачкото масло од јојоба, нежното бадемово масло и смирувачката лаванда ќе и дадат се што и е потребно на кожата и ќе ја спремат за спиење. Од кожа мека како памук ве делат само неколку кружни движења со оваа плочка.

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Tea Totaler накратко

    Tea Totaler

    чистач за лице без пакување

    Одржувајте ја кожата чиста, смирена и балансирана. Мешавина од масла кои што ја балансираат кожата и го одржуваат здравиот и ведар тен. Маслото од рицинус е задолжено за здравиот тен. Додадовме и билки кои што имаат антибактеријско дејство како чајно дрво, жалфија и рузмарин за чиста и задоволна кожа. 

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Tooth Fairy накратко

    Tooth Fairy

    пудра за миење заби со јагоди

    Замисли си желба и почни да триеш со четката. Затвори ги очите, замисли желба и... Магично чисти заби полни сјај се возможни со оваа пудра за миење заби со вкус на јагоди. Немој да те залаже изгледот, каолин глината и масло од лимон длабински ќе ги исчистат забите.

    Достапен

    495MKD / 35g

  • Ugai накратко

    Ugai

    таблети за плакнење на уста

    Гаргара! Оаза од зелен чај и сол те очекува. Инспирирани од јапонската традиција на гаргара за здравје и виталност, овие мали таблетки се полни со интересен хербален вкус, а притоа длабински чистат и ја смируваат устата. Антибактериското чајно дрво и морска сол даваат свежина, а зелениот чај дава свеж вкус.  По миењето на забите со паста во цврста форма или пудра за миење на заби, лапни една таблетка и пивни малку вода. Изгрицкај ја таблетката и прошетај ја водата низ уста. Исто така можеш да раствориш таблетка во мала количина вода и така да ја исплакнеш устата.  Може да се користи во текот на денот кога и да ти треба освежување. Таблетките за испирање уста се одличен чекор во рутината за одржување на хигиена во устата и наутро и навечер. Но, не заменуваат четкање на забите. Па, секогаш чистете ги забите со производ соодветен за таа употреба - како нашите пасти за заби во цврста форма и пудрата за миење на заби. 

    Достапен

    495MKD / 50g