СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Креми за лице

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Skin Drink

    Христина

    Супер крема за лице. Немам сува кожа но моментално оваа најмногу ми одговара и за хидрирање и како подлога за шминка (пудрата за лице не се насобира околу брчките, имам 32 години) и не ми го масти лиц...

  • Full of Grace

    Христина

    Овој серум за лице е одличен. Го користам навечер, по миење и тонирање на лицето. Мрсен е, убаво се впива со масирање и ја прави кожата мека и нежна. Наутро нема остатоци и масни траги како со некои т...

  • Vanishing Cream

    Ssss

    Имам комбинирана,осетлива и проблематична кожа.Кој крем би бил подобар за мене-Vanishing или Imperialis?

Нахранете го вашето лице! 

Целта на Lush е да создаде свежа рачно направена  колекција за  нега на кожата која ќе биде составена од свежи и природни состојки кои ќе ја разубават и ќе го  подобри квалитетот на кожата. Многу е важно да го одберете хидратантен крем кој најмногу ќе одговара на типот на вашата кожа затоа што погрешниот избор нема многу да ви помогне. И уште една работа која сакаме да ја потенцираме а тоа е дека трошиме и се залагаме за квалитетни свежи и органски состојки во производите а е на за скапи фенси пакувања.

Природните состојки ги мешаме со минимална количина на вештачки кои се безбедни за употреба за да ги добиеме најдобрите резултати погодни за разните типови на кожа. Поминавме години и години во работа комбинирајќи голем број на различни растенија се со цел да ги постигнеме најдобрите резултати па затоа бирајте внимателно.

  • Celestial накратко

    Celestial

    крем за лице-сува и чувств.

    Хидратантен крем за осетлива кожа Состојките кои се внимателно одбрани во овој крем делуваат ангелски на осетливата кожа. Ги оставаме ливчињата од свежите орхидеи да преноќат во бадемовото масло се додека не ги остават лековитите состојки во маслото. Потоа за да создадеме деликатен крем кој ќе ја хидрира а нема да ја иритира осетливата кожа  на веќе отстоеното масло додаваме млеко од бадем, путер од какао, екстракт од ванила и растителен глицерин.  Главна носечка состојка е маслото од бадем Има два типа на бадем, сладок и горчлив. За да добиеме бадемово масло го употребуваме слаткиот бадем (Prunus dulcis). Ботанички тие се водат како овошје и се предци на овошјата како кајсии, праски и сливи. За производот Кожата е многу важен дел од човековото тело, пропусливата на нејзината површина ја регулира влажноста на телото. Многу е важна влажноста на осетливата кожа бидејќи дехидрираната кожа станува уште поосетлива. Тенката, сува и осетлива кожа треба да биде мека и хидрирана. Celestial е хидратантен крем за осетлива кожа, внимателно направен од одбрани состојки за да создаде лесна бариера на кожата која ќе ја смири кожата и ќе го спречи нејзиното исушување.

    Достапен

    1 395мкд / 45g

  • Cosmetic Lad накратко

    Cosmetic Lad

    крем за лице

       Повеќе наменски крем за хидратација на кожата, може да се употребува и како смирувачки балзам за после бричење но немора да сте машко за да го користите   Кремот навистина помага за сите оние чии лица постојано се бричат а сепак сакаат да имаат убава кожа примамлива за понежниот пол.. Главна носечка состојка е свеж сок од пченчна трева Пченицата е една од најстарите култивирани растенија чија историја датитра уште пред 10000 години.  Египетската, Кинеската и цивилизацијата од Средниот Исток ја припитомиле од  дивата трева која растела во Централна Азија. Содржи : Chickweed е вид на плевел – растение со бели цветови за кој се вели дека има антихистамински смирувачки ефект Мед како антисептик. Вода од лаванда за смирување на кожата. Растителен лепак од лен да ја одржува мекоста на кожата Свежа вода од зелената трева на пченицата како антиоксидант. Алое Вера да ја освежува и лади кожата Афрички Невен го ублажува црвенилото и ја регенерира кожата. Благодарение на состојките измешани во овој крем тој има повеќе намени: може да се употребува како секојдневен хидратантен крем, како крем за бричење или за после бричење да го употребувате кога сте изгорени од сонцето или после вежбање за освежување и хидратација на кожата. Производот кој го направи Хелен  содржи есенцијални масла од мандарина и сандаловина кои придонесуваат за неодоливиот мирис кој потсетува на сладолед од мандарина. Навистина вкусно.

    Достапен

    1 195мкд / 45g

  • Enchanted Eye Cream накратко

    Enchanted Eye Cream

    крем за околу очи

    Совршен за ден и ноќ! Кожата околу очите е многу тенка и деликатна. Потребна ви е посебна нега доколку сакате да го исхидрирате тој дел. Кремите за тој дел не треба да бидат многу тешки и со многу масла за да не се добие подуен изглед. Овој деликатен производ ние го направивме многу едноставно, додадовме точен износ на благи состојки за да ви помогнат да ја задржите кожата здрава, свежа, хидрирана без подуеност и иритации. Водата од лаванда и мед, маслото од јојоба и бадеми  се  употребени за да се добие омекнувачки крем кој е лесен и не ја оптеретува кожата. Марк и Хелен често дискутираат за тоа колку е тешко да се добие добро избалансирана крема која ќе биде совршена. Прпблематично е исто колку и изработката на часовник. Количината на состојката која може да ја смени рамнотежата  и може да ве одведе кон друг состав за кој е потребно поголема издржливост е многу минијатурна. Внимателното изработување во фазата на креирање е од витално значење и секогаш има јасна перспектива на она што сака да се постигне со крајниот ефект. Сето ова е направено бидејќи Марк и Хелен се свесни за посебниот третман кој што и  е потребен на кожата околу очите. Кожата околу очите е осетлива на многу работи, конзеранси, бактерии и многу лесно може да се дојде до несакана инфекција. Со фин баланс помеѓу зачувување на производот совршен и без грешки без преоптоварување на пределот околу очите со конзерванси и максимална заштита и негова израбтка бара исклучиво внимателна и беспрекорна козметичка вештина.  Само нај нежните и нај меки состојки треба да се употребуваат на нај нежниот дел од кожата. Нанесете ја околу очи оваа волшебна напивка од органски масла, лаванда и мед за смирување и хидратација. Освежете го погледот и намалете ги брчките!

    Достапен

    1 150мкд / 45g

  • Enzymion накратко

    Enzymion

    крем за лице- масна кожа

    Убава кожа – неизмерна радост! Освежувачки крем за лице за да ја изматира мрсната кожа и го отстрани вишокот на сјај... Масна кожа? Без паника. Често производите и советите за масна кожа се однесуваат на чистење и отстранување на маснотијата од кожата. Во Lush повеќе сакаме нежно да ја третираме кожата за таа самата да ја пронајде нејзината природна рамнотежа. Главна носечка состојка сок од свежо цедена папаја Папајата (Carica papaya) е овошје богато со многу хранливи состојки, содржи витамини A, B и, C ги содржи минералите како потасиум, калциум, фосфор и железо. За производот На масната кожа и е потребно внимателно чистење и нежна хидратација за притоа со отстранување на мрснотиите да не се исуши кожата. Во овој крем Хелен употребувајќи свежо овошје најдобро ги искористува најосновните киселини и ензими. Сокот од свежо цеден лимон огрански произведен ќе и даде на кожата матиран изглед а ензимите од папајата ќе ја поттикнат и ќе и дадат сјај на кожата. Внимателно одбраните овошја дозирани во  правилен сооднос заедно со лесните масла и путерот од какао помагаат да се отстрани вишокот маснотии, масната кожа да не сјае но сепак да остане нахранета и изгледа свежо. Завршницата на кремот е со лесен свеж цитрусен мирис од есенцијални масла. Добра е сите оние со масна кожа кои сакаат да се нашминкаат бидејќи кремот ја матира  кожата. Инспирацијата за името е од поемата Endymion на John Keats.

    Достапен

    1 295мкд / 45g

  • Full of Grace накратко

    Full of Grace

    серум за лице

    Најнежниот производ за лице. Серум за лице со богата хидратација кој е во цврста форма за нежно лизгање по кожата. Ќе го остави лицето, вратот и деколтето освежени и регенерирани. Создадовме мешавина од масла кои ја хранат кожата и портабело печурки кои се полни витамини и минерали што ја штитат кожата. Маслото од сина камилица и каламин глината во прав ја смируваат кожата, а само каламинот ја контролира количината на мастење.  Загрејте ја плочката помеѓу дланки или протријте ја по кожата како плочка за масажа и дозволете да се истопи површината, а хранливите состојки да навлезат во кожата.

    Достапен

    595мкд / 20g

  • Gorgeous накратко

    Gorgeous

    крем за лице-зрела и комб.

    Сите типови на кожа ги прави да се чувствуваат лесно и магично и подмладено. Ова е ултимативен крем за лице. Во Gorgeous се искористени само најдобрите и најефективни состојки кои можат да се најдат во природата и воопшто не е штедено. Направивме лесна, лабава, балансирачка емулзија од шест растителни масла и потоа и додадовме и свеж сок од ананас, свежо исцеден сок од органски лимони и портокали, медова вода од цвет од портокал, есенцијално масло од нероли, апсолут од цвет од портокал и мирта – тогаш ја помешавме емулзијата од масла со овие состојки и го добивме нашиот ултимативен крем Gorgeous. Способноста да и подари на кожата шест прекрасни, растителни масла  и овошни сокови го прават овој крем неприкосновен и подмладувачки. Лабава и лесна емулзија, наместо тешка, значи дека состојките лесно и брзо ќе се впијат во кожата наместо да се заклучат заедно. Комбинацијата од масла е доволно богата за омекнување и навлажнување на кожата  притоа оставајќи и чувство на свежина и мекост. Ананасот содржи ензими кои дејствуваат на кожата а лимонот и портокалот ќе и помогнат на кожата да остане матирана. Медовата вода од цвет од портокал ја смирува и хидрира кожата. Овој крем е свеж, се прави во мали серии и прзо се доставува до продавниците за да може да се искористи додека сите состојки се витални и активни. Растителните масла може да се добијат со топла екстракција или со ладно цедење. Ние избравме скапи ладно цедени масла за овој крем за ниту една од нивните природни караактеристики да не биде загрозена а уште помалку уништена од топлината. Историјата на овој крем започнува многу одамна кога Jo Malone – козметичка компанија, направи крема за принцезата Дијана. Инвеститор и партнер во Lush ги откупи правата за кремата и по неколку години ја лансираше назад на пазарот во комплет со нејзината мала сребрена шпатула. Но тој побара од основачите на Lush  да ја разгледаат формулата бидејќи со текот на годините таа малку по малку се менувала. Кога од Марк и Хелен беше побарано да му ја вратат старата слава на кремот тие ја искористија можноста да го направат најдоброто притоа да не се грижат за цената. Ова е крем кој беше дизајниран за член на кралското семејство, затоа и има големи трошоци додека да се направи. Lush ги задржа сите права за формулата на овој крем, го преименува  во Gorgeous и ви го претстави на сите со сета своја ултимативна, кралска скапоценост и слава.

    Достапен

    2 495мкд / 45g

  • Imperialis накратко

    Imperialis

    крем за лице-сува со комб.

        Погоден за сите типови на кожа. Може да се употребува и како дневен и како ноќен крем. Најдобар е за комбинирана кожа која што има повеќе суви делови. Кремот содржи повеќе растенија кои ги има на англиското поднебје. Полн е со екстракти на растенија како бозел, лаванда, дивизма со жолти цветови, слатка темјанушка, кантарион, сончоглед – сите овие билки се познати во народната медицина и се  користеле уште многу одамна порада своите лековити дејства. Главна носечка состојка инфузија од цвет од лаванда Лавандата (Lavandula angustifolia) која се употребува во производите на Lush потекнува од Прованса во Франција. За производот Во целата мешавина од разни лековити билки додадовме и лесна емулзија на маслиново масло, шеа путер и какао путер како и свежи цветови од тигрест крин. А за да мириса прекрасно додадовме апсолут и вода од цвет од портокал.Сето ова доведе до еден лесен крем кој е погоден за сите типови на кожа од масна се до нормална. Добар е за сите оние кои не можат да се одлучат каков тип на кожа имаат – масна кожа на Т зоната но нормална на останатите делови. Imperialis е направен како крем со многу лесна текстура. Лесните кремови се многу добри за кожата затоа што тогаш најмногу се искористуваат природните лековити дејства на останатите состојки, а кожата има најголема корист од сето тоа. Тешките густи емулзии се многу полесни за изработка и полесни за чување, но останатите состојки кои се во кремот  не се толку достапни за кожата.  

    Достапен

    1 295мкд / 45g

  • Skin Drink накратко

    Skin Drink

    крем за лице- сува

      Вистински пијалок за вашата кожа. Богат крем која ја храни и штити кожата а притиоа не делува тешко или масно. Одличен за по сува кожа. Основата на кремот е органски произведено сусмово масло, бадемово масло, масло од жолто ноќниче и кокосов путер. Потоа на таа смеса додадовме свежо авокадо и алое вера. Маслото од сусам има прекрасна густа текстура и многу е хранливо за кожата но има тежок мирис. Па затоа го подобривме мирисот со додавање на инфузија од цветови од ружи, апсолут на ружи и есенцијално масло од нероли. Главна носечка состојка е фер тргуваното и органско масло од сусам. Сусам (Sesamum indicum) исто така познат како benne или  gingili. За производот Резултатот е производ кој се однесува како  пијалок за вашата кожа, оставајќи ја мека, матирана, хидрирана и спремна за сите надворешни предизвици. Сувата и многу осетлива кожа често е многу осетлива на сонце, ветер, студ и останати надворешни влијанија, па затоа секогаш и е потребна екстра заштита за да изгледа нјдобро што може. Овој крем е дизајниран за таа намена а кога може да биде добар за осетливата кожа може да биде добар и за сите останати типови. Skin Drink специјално е измислен за Мо уште на почетоците на Lush, таа има многу осетлива кожа која мора да ја негува секој ден. Таа вели дека без овој крем лицето и е како да излегла од фурна.

    Достапен

    1 195мкд / 45g

  • Skin's Shangri La накратко

    Skin's Shangri La

    крем за лице- сува и зрела

        Хидратантен Крем кој ќе ја разубави и заштити кожата од надворешните штетни влијанија. Моќна мешавина од состојки погодна за сува и зрела кожа.   Богат густ крем со свиленкаста текстура во чиј состав има бадемово масло, масло од јојоба, путер од какао, ммасло од јагорчевина, масло од кокос, масло од пченични никулци и восок од пчели. Сите овие состојки придонесуваат за длабока хидратација на кожата. Исто така додадовме вода од “Унгарска Кралица” ( рузмарин потопен во вотка), свеж сок од пченични никулци, морски алги и гел од алое вера поради нивните антиоксидантни својства да и помогната на кожата.  Главна носечка состојка е “Вода од Унгарска кралица“ Тоа е првиот парфем со алкохол направен во светски рамки. Потоа се употребувал како лековит тоник со магично дејство отколку како парфем. Го добил името Вода од Унгарска Кралица ( а покасно само Унгарска Вода). Тоа е всушност дестилат од рузмарин и алкохол. Во некои подоцна направени верзии се додаваат и цитруси и разни тревки. За производот Вашата кожа ќе биде нахранета и заштитена и ќе се чувствува како да е на небото. Едноставниот но прекрасен мирис на иланг иланг, ванила и листовите од темјанушка се она со што ја завршивме оваа крема. Оваа крема е одлична за сува или зрела кожа а одлично се однесува и како ноќна крема. Ние сакавме да го направиме овој крем со најпознатите и исклучително ефикасни состојки кои се достапни. Ние ги избравме поскапите ладно цедени масла, бидејќи со ладно пресување не се загреваат состојките и не им се оштетуваат природните својства на маслата, што значи дека се многу прекрасни и негувачки за кожата.  

    Достапен

    1 695мкд / 45g

  • Vanishing Cream накратко

    Vanishing Cream

    крем за лице-масна Тзона/акни

      Крем со минимална содржина на масла кои лесно се впиваат во кожата. Совршен е за комбинирана кожа со изразена Т-зона и за кожа склона кон акни и со отворени пори  Ова е идеален крем за сите оние кои не сакаат тешки креми, по нанесувањето веднаш исчезнува од лицето а ја остава кожата мека и мазна. Главна носечка состојка Лавандина медова вода Во  Lush сами ја правиме медовата вода со лаванда (Lavandula angustifolia)  така што ја раствараме лавандата во мед и смесата која ќе се добие се става во вода. Резултатот е вода која има антисептички, тонирачки и омекнувачки својства за кожата. За производот Правењето на креми со малку маснотии не е нималку лесна работа. Со постајана работа низ годините се усовршивме. Затоа во овој крем употребуваме лесни масла, како масло од семки од грозје и масло од јојоба. На тоа додадовме шеа путер, мед и див лешник – но целиот трик е во додавањето на растителен гел од ленено семе. Гелот го правиме со вриење на семето во водата се додека не дојде до тој степен да лепилото од семето ја згусне водата а резултатот е чист гел. Овој гел зачудувачки ја омекнува кожата а исто така многу добро се соединува со останатите масла од кремот. Со оваа крајна добро избалансирана формула се добива крем кој не е масен и е лесен во текстурата. Брзо се впива во кожата едноставно исчезнува а сепак кожата е мека и тонирана. Идеална е за употреба во секое време кога не сакате да употребите некој тежок крем. Добра е и како подлога за шминка, за наутро кога ќе станете или како брзо освежување во текот на денот. Прекрасен за масна кожа или за Т-зоните. За кожа со акни и отворени пори Есенцијалните масла од лаванда , ружи и гераниум ќе ја избалансираат кожата и ќе и дадат прекрасен мирис. На проблематичната, масна или нафрлана кожа и треба внимателно чистење и нежна хидратација. Сето ова се постигнува со внимателно одбраните состојки. Уште само да напоменеме дека во овој крем не се употребува какао путерот кој е премногу тежок за ваквиот тип на кожа. 

    Достапен

    1 495мкд / 45g