СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Чистачи за лице

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Let the Good Times Roll

    Христина

    И покрај тоа што имам комбинирана кожа (нормална,а масна на Т-зоната), овој чистач за лице ми одговара многу. Убаво и нежно ја чисти кожата, ја остава мека и хидрирана и не ја суши (за разлика од movi...

  • Herbalism

    Mirora

    Proizvod je fantastican.Osim sto i sama primecujem razliku koze, to jest na bolje. Nego su svi primetili poboljsanje koze, gde boja je dosla do izrazaja, mnogo je sjajnija,meka poput svile... Hvala v...

  • Angels on bare skin

    Милица

    Најдобриот чистач што го имам пробано. Одличен е. Нежно ја чисти кожата (без исушување) а маслата ја оставаат мека и нежна. Имам искористено 3 пакувања. Го препорачувам на сите. --------------------...

Ако сте навикнати да користиоте сапун за миење на вашето лице тогаш нашите чистачи може ќе ви изгледаат малку чудни но ние ви ветуваме дека вашата кожа ќе ви биде благодарна а вие ќе се изненадите од резултатот за кој претходно само сте сонувале. Зошто се толку добри? - Едноставно, природни се. Ние ги користиме најдобрите состојки, антички рецепти и години на стручни искуства наспроти празните зборови и ветувања на најновите синтетички иновации. Секојдневно со пари се купува квалитет. Во нашиот случај за многу разумна сума на пари се купува деценијска експертиза во билна нега на кожата. Овие “смешни “ на изглед производи се одличнио за нега на вашето лице а вашата кожа ќе ја направат да се чувствува чиста, убава, мека и посебна. Повеќето од производите за чистење на лице се прават без течности, односно во тврда форма, бидејќи на тој начин ќе се избегнува употребата на конзерванси. Во LUSH тежнееме да размислуваме повеќе за резултатот што ќе ни го даде производот а не за неговото пакување.

  • 9 to 5 накратко

    9 to 5

    лосион за чистење лице/шминка

    Ух, колку добар начин за чистење на лице! Со тркалање стануваш од кревет и се тетеравиш до тоалетот?  Додади луксуз во секојдневната рутина со овој смирувачки лосион полн бадемово масло. На кратко, бадемовото масло ти дава омекнување и хидратација, додека смирувачка инфузија од свежи ливчиња од орхидеја помага за внимателно да се прочисти кожата кога си во брзање. Маслото од иланг иланг има лесна флорална нота која додава на луксузот при чистење на лицето.  Едноставно се користи: Нанеси мала количина од чистачот на крпа за лице или памук за нежно освежување на кожата. Одлично е за отстранување шминка по забавно вечерно излегување. 

    Достапен

    395мкд / 95g

  • Angels on bare skin накратко

    Angels on bare skin

    -сува и/или чувствителна кожа

    Неверојатно нежен чистач направен од 100% природни состојки. Инспириран е од средновековните рецепти и е украсен со цветови од лаванда, содржи каолин за да ја апсорбира нечистотијата, оставајќи ја кожата чиста и изнегувана. Маслото од лаванда и апсолутот од ружи ја смируваат кожата. Како што ќе го помешате мало парче од вашиот чистач со малку вода, за да стане како паста, така мелените бадеми ќе направат бадемово млеко кое помага кожата да биде истонирана и омекната. Одличен е за сите видови на чувствителна кожа. Покрај на лице овој производ може да го користите и по целото тело.

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Aqua Marina накратко

    Aqua Marina

    чистач за нормална кожа

    Омекнувачки чистач за кожа. Aqua Marina е смирувачки и ефективен чистач кој претставува вистинска радост за користење. Изгледа како розова крема завиткана во алги, толку мека и нежна што повеќе ќе сакате да си играте отколку да го миете лицето. Нанесете, измасирајте, исплакнете и вашата кожа ќе биде помазна, ќе мириса слатко и ќе изгледа поздраво и освежено. Содржи каламин и алое вера за да ја смири изиритираната кожа посебно кога иритациите настанале како последица од сонце или ветер. Каолинот длабински ја чисти и малку ја затегнува кожата. Веднаш видливиот резултат е помазна , помека, на изглед затегната, здрава и освежена кожа.

    Достапен

    495мкд / 100g

  • Coalface накратко

    Coalface

    сапун за лице - масна кожа

    Земете парче смирувачка ликвириција и јаглен за чистење! Мелениот јаглен е многу добар за кожата. Помaга да се апсорбира целиот вишок на маснотија и делува како нежен ексфолијатор. Во Coal Face додадовме и корен од ликвириција за смирување и есенцијални масла од ружа и сандал за омекнување, регенерирање и забавување на појавата на брчки. Coal Face ќе ви помогне да се ослободите од несаканиот масен сјај, од отворените пори и црнки на лицето. А доколку се земе во предвид дека јагленот и дијамантите се создадени од молекули на јаглерод тогаш може да заклучиме дека јагленот е најдобриот пријател на девојките ( или момците ) !

    Достапен

  • Dark Angels накратко

    Dark Angels

    - комбинирана до масна кожа

    Длабински чистач за млада или мрсна кожа. Овој црн чистач со јагленот ќе го апсорбира целиот вишок на маснотија и ќе ја ексфолира кожата. Хранливото масло од авокадо ќе омекне, глицеринот ќе ја задржи влажноста а кафеавиот шеќер ќе направи нежен пилинг, расул калта е анти-микробна и длабински чисти, додека есенцијалните сандалово и ружино масло се смирувачки и ја прават кожата мазна. Вашето лице ќе биде полно со свежина која е тешко да се победи. Само не заборавајте убаво да го исплакнете.

    Достапен

    550мкд / 100g

  • Fresh Farmacy накратко

    Fresh Farmacy

    лице и тело склоно кон акни

    Доколку вашата кожа е многу осетлива, склона кон чести иритации, појава на акни и црвенила, дозволете ни да ви го препорачаме нашиот нежен и многу ефикасен препарат за чистење на лице Fresh Farmacy. Неговата тајна е во комбинацијата од смирувачките камилица, лаванда, невен и каламин во прав после кои вашата кожа ќе остане чиста, без масен сјај, нежна и негувана.

    Достапен

  • Grease Lightning накратко

    Grease Lightning

    -кожа склона кон акни

    Ослободи се од црвенилата и исфрлувањето на лицето неверојатно брзо! Grease Lightning е моќна мешавина на состојки кои во брза постапка ќе решат исфрлање и акни на лицето без да наштети на кожата околу нив.  Користиме инфузија од антибактериски и антисептички рузмарин, мајчина душица и чајно дрво како и сок од грозје богат антиоксиданси и див лешник кој ја затегнува кожата и спречува воспалување, како и смирува црвенила.  Овој производ е идеален за нанесување кога чувствуваш дека ќе имаш ерупција на лицето - подобро да се спречи отколку да се лечи. 

    Достапен

    395мкд / 45g

  • Herbalism накратко

    Herbalism

    -комбинирана до масна кожа

    Прочистувачка и ексфолирачка е ролна за комбинирана и проблематична кожа. Зелено и меко направено од пудра од билки кои се одлични за кожата. Herbalism длабински ќе исчисти со глина, со мелените бадеми ќе направи ексфолијација, ќе ја оживее кожата со рузмарин, копривата во прав ќе ја исчисти нечистотијата а маслото од камилица ќе ја смири кожата. Секако, пијте по 2 литри вода дневно, пешачете барем 3 километри, не пушете и јадете барем 5 парчиња овошје на ден и помогнете и на вашата кожа да биде фантастична. Herbalism навистина прави магија, но и вие треба да сторите нешто.

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Kalamazoo накратко

    Kalamazoo

    чистач за лице брада и мустаќи

    Не ти е потребна брада за да го користиш овој производ... Но, пожелно е! Одржи ја брадата свежа и бушава со овој кремаст чистач за брадесто лице. Свежиот сок од ананас е полн ензими кои ја чистат кожата и ја острануваат нечистотијата, додека бадемовото масло, маслото од јојоба и купуаку путерот ќе ја остават брадата мека и лесна за чешлање.  Едноставно земи убава количина во раката и почни да масираш на мокро лице и брада, исплакни и истапкај со крпа да се упие вишокот вода. 

    Достапен

    595мкд / 100g

  • Let the Good Times Roll накратко

    Let the Good Times Roll

    -сува кожа

    Полн нежен пилинг кој делува омекнувачки на кожата. Овој чистач за лице и тело е нежен за кожата, оставајќи ја мека на допир со мирис на пуканки со путер. Пченкарното брашно во комбинација со палента прават нежна ексфолијација, циметот во прав стимулира и освежува.  Овој нежен чистач за лице со пилинг ќе смири и омекне, а ќе ја остави кожата нахранета, свежа и со природен сјај. 

    Достапен

    495мкд / 100g

  • Movis накратко

    Movis

    сапун за лице - сите типови

    Љубовта кон печењето на леб и правењето на сапуни Мо Constantine јa спои во едно. Овој пченичен сапун за лице, направен со многу љубов и основа на гурмански сапун полн екстра девствено кокосово масло и масло од сончоглед е способен да ја направи најсвилената пена која што сте ја виделе. Слаткиот мирис и нежно рапавата текстура Ви го доближуваат целокупното чувство на свежо испечен леб, притоа триејќи го лицето и хранејќи ја кожата. Многу дарежлив сапун, кој не престанува да подарува... Полн масло од пченични никулци и какао путер да омекнат и збогатат.

    Достапен

  • Ocean Salt накратко

    Ocean Salt

    пилинг за лице и тело

    Истриј до омекнување. Лимета потопена во водка измешана со грејпфрут и бранови сол се главните состојки на овој неодолив пилинг за лице и тело. Морската сол е богата со минерали и е одлична за триење и полирање на кожата. Додадовме свиленкаст путер од авокадо, кокосово масло и апсолут од морски алги за да остане кожата омекната, сјајна и здрава. Ако се чувствуваш дека ти е потребен добар пилинг, тогаш нанеси го пилингот на сува кожа. А, ако сакаш понежно полирање, тогаш истриј на мокра кожа. 

    Достапен

    595мкд / 120g

  • Ultrabland накратко

    Ultrabland

    чистач за лице / шминка

    Ултра - едноставен, ултра - ефективен!  Формулата се темели на формула од античка Грција за ладен крем. Ultrabland е прекрасно едноставен и ефективен. Направен е од бадемово масло, розина вода, пчелин восок и мед, овој чистач ги отстранува сите траги од нечистотија и шминка без да ги оштети природните масла на кожата.  Измачкајте го по цело лице, било каква нечистотија или шминка ќе се задржи на кремот и потоа нежно отстранете со мека, влажна и топла крпа. 

    Достапен