СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Креми за бричење

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Prince

    SLOBODAN

    kremata e odlicna kako sto mozev da se uveram. bi sakal da me informirate za najdobriot nacin na upotreba.

За лесно бричење и чувство на удобност во сопствената кожа, се’ што Ви е потребно е остар брич, топла вода и богат крем за бричење. 

Одберете еден од нашите кремови за бричење за да доживеете бричење кое ја остава Вашата кожа мека и хидрирана, додека мирисот кој ќе остане на неа ќе биде незаборавен и ќе мириса неодоливо.

  • Ambrosia накратко

    Ambrosia

    крем за бричење

    Крема за бричење наменета за често бричење и чувствителна кожа.  За сите мажи со чувствителна кожа измисливме благотворно решение – искомбиниравме овесно млеко, бадемово млеко, ленено семе, камилица и мед за да се сведат на минимум маките со бричењето. Црвенила? Исфрлано лице? Нека Ambrosia ви стане најдобар пријател и веднаш нека ги однесе проблемите.

    Достапен

  • D'fluff накратко

    D'fluff

    сапун за бричење

    Освежено и вкусно! Го измешавме нашиот сапун за бричење со свежи јагоди и какао путер за да создадеме богат и нежен сапун кој го остава телото свиленкасто меко. Содржи масло од кокос, златен сируп и белки од јајца за лесна текстура која ќе ти помогне безболно да ги отстраниш непосакуваните влакна. Може да се користи за нозете, лицето или цело тело. Едноставно нанеси го на кожата и повлечи со жилетот.

    Достапен

    395мкд / 70g

  • Dirty Shaving Cream накратко

    Dirty Shaving Cream

    крем за бричење

      Заштитете го и смирете го лицето со овој дарежлив крем за бричење. Смирувачкото овесно млеко, шеа путерот и медот се одлични за смирување на иритациите и црвенилата на осетливо лице. Dirty момците треба да ја користат оваа омекнувачка крема за да му помогнат на жилетот да ги отстрани влакната, притоа оставајќи го лицето мазно, меко и сјајно. Овој крем е намирисан со лаванда и сандалово дрво за дополнително смирување на кожата и добивање на вистинска Dirty арома.   Не е само за момци ! Не само мажите треба да уживаат во Dirty мирисот и да ја чувствуваат свежината на лицето. Дамите исто така може да уживаат во свиленкасто мазна кожа на своите нозе или под пазувите со само малку од овој чудотворно омекнувачки крем.

    Достапен

    495мкд / 100g

  • Prince накратко

    Prince

    крем за бричење

    За бричење кое ќе те остави да се чувствуваш како да си од кралско семејство. Хранлив крем за бричење кој ќе ти помогне да изгледаш неверојатно мазно, а ќе те остави да мирисаш како никогаш досега. Искористивме затегнувачки екстракт од див лешник кој ги затегнува порите, па така полесно се изложуваат влакната за жилетот. За да се заштити кожата од сечилото додадовме исцедок од ленено семе и смирувачка розина вода. Освежувачкиот мирис се прави со мешавина од нероли и цвет од портокал во комбинација со цитрусните масла на сладок портокал и мандарина.

    Достапен

    450мкд / 100g