СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Уста

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Bubblegum

    Андриана

    Не можам да верувам дека никој нема искоментирано за пилингов. Го користам веќе 1 година и имам уште за една. Вкусот ме враќа во детство, суперсладок е. Сите што го пробале од кај мене се заљубиле во ...

  • Bubblegum накратко

    Bubblegum

    пилинг за усни

    Шеќерен пилинг за усни со вкус и мирис на колаче и детска гума за џвакање.  Од овој шеќерен пилинг вашите усни ќе мирисаат на нашиот најпродаван гел за туширање Snow Fairy. Bubblegum е направен од ситен шеќер и нашиот префинет вегански вкус за тоа како нежно да се отстрани мртвата кожа а усните да бидат меки, примамливи и вкусни. Нашиот пилинг е направен од кафеав шеќер да делува како нежен пилинг и масло од јојоба за прекрасно навлажнувачко чувство и нежен сјај. Одржувајте ги вашите усни во тип топ состојба било за бакнување, за покажување, за зборење или за било што да сакате да правите со нив! Пилингот претставува и многу добра основа за кармин за усна. Ровена и Шарлот се вистински Lush фанатици и ги измислија овие производи. Тие открија дека зрното шеќер е одлична, вистинска големина да се обезбеди нежен и делотворен а притоа вкусен пилинг за усни.

    Достапен

    495мкд / 25g

  • Chocolate накратко

    Chocolate

    пилинг за усни

    Момент на усните... Чоколадиран портокал се задржува на усните со овој вкусен пилинг за уста. Задоволи ги желбите за чоколадо со темно чоколадо, апсолут од какао и какао во прав... И воопшто нема потреба да го делиш. Маслата од тангерина и сладок портокал даваат свежа нота и ги освежуваат усните. Испратете шеќерна порака на усните и истријте ги за исполиран бакнеж.  Не е на Lush, мое е!

    Достапен

    495мкд / 25g

  • Honey накратко

    Honey

    пилинг за усни

    Sugar! Oh, Honey, Honey! Уста полна мед и слатки усни каде и да одите. Истријте го овој шеќерен пилинг на усните и дозволете медот да измазни и исхидрира. Маслото од пеперминт лади и освежува, а маслото од сладок див портокал дава освежувачки ноти. 

    Достапен

    495мкд / 25g

  • Honey Trap накратко

    Honey Trap

    балзам за усни

    Овде имате се што ви е потребно да вовлечете некој во вашата медена стапица. Кога треба да ги поправите испуканите и суви усни - зошто тоа да не го направите со нашиот десерт од бело чоколадо и вкус на мед? Ние внатре ставивме се што ќе помогне за смирување, хидратација и заштита на сувите усни. Овесното млеко ја лекува и смирува кожата и основното ткиво, бадемовото масло, органското маслиново масло, шеа путерот и маслото од пченични никулци се смирувачки и навлажнувачки ќе го вратат животот на сувите усни и ќе ги направат еластични и мазни. Карнауба и канделила восокот ќе потопат со влажност а белата чоколада покрај тоа што дава неодолив вкус и мирис содржи какао путер кој дополнително ќе ги омекне усните. Апсолутот од ванила и маслата од пеперминт и сладок див портокал го заокружуваат вкусот на овој медов балзам кој од усните ќе направи десерт за бакнување. Сајмон го измисли овој мирис откако изеде многу скапи, различни желеа. Тој сеуште оди на фитнес да ги потроши калориите. Но неговата жртва ни подари неодолив вкус кој е без калории.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Key Lime Pie накратко

    Key Lime Pie

    балзам за усни

    Балзам за усни со 20 специјално одбрани состојки. За усни вкусни како колачиња... Овој заносен цитрусен десерт преполн е со освежителни цитрусни масла и закрепнувачки путери. Благо нанесете го и ќе добиете меки и навлажнети усни. Пакувањето е погодно за патување така што постојано ќе имате хидрирани и негувани усни. Помеѓу останатите состојки содржи и арганово масло, масло од лајм и масло од сицилијански мандарини. Аргановото масло се добива како производ од зрната на плодот на аргановото дрво. Содржи витамин Е, феноли,каротен, скуалин и масни киселини. Традиционално се користи во третманите за лице како и во шампоните и регенераторите за коса. Полно е со витамини и антиоксиданти.   Маслото од зелен лимон се користи за чистење тонирање и подобрување на циркулацијата. Исто така поради освежителната цитрусна арома го подобрува и расположението. Големата количина на витамин Ц му дава антибиотски и антиоксидантни својства и ја штити кожата од загадување и сонце. Употребуваме органски зелени лимони од Мексико кои не се третирани со пестициди и други хемикалии . Маслото се добива со ладно цедење на кората од лимонот. Плодот се бере додека има зелена боја и не е созреан, така тој има поголема киселост и количина на шеќер од лимоните. 

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Lip Service накратко

    Lip Service

    балзам за усни

    Задоволи ја жедта. Деликатно цитрусен балзам за усни кој хидрира и смирува без разлика на годишното време. Богата мешавина од пчелин восок, какао путер, шеа путер и масло од семка од кајсија е од голема помош хидратацијата да остане на усните. Мешавина од масла од тангерина и мандарина ги носат сончевите зраци на усните и во најтешките зимски денови.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Mint Julips накратко

    Mint Julips

    пилинг за уста

    Трие и омекнува. Нежен пилинг за уста кој е полн со ментол. Сувите усни стануваат сочни и сјајни со вкус на чоколадо со ментол: пеперминтот затоплува, а слатката ванила се спојува со шеќерните кристали. Одлична подготовка за нанесување кармин.  Веднаш чим истриеш со овој пилинг, ќе го почувствуваш маслото од пеперминт како нежно ги скокотка усните, а шеќерот нежно полира. 

    Достапен

    495мкд / 25g

  • None of Your Beeswax накратко

    None of Your Beeswax

    балзам за усни

    Мирисот на пита со прелив од лимони... Свежината од лимоните и сочноста на ванила и мандарина спакувани во една лесна текстура. Овој балзам за уста не содржи пчелин восок и лесно ги обвива усните со хидратација. Екстра девственото кокосово масло и шеа путерот го заменуваат пчелиниот восок за да се обезбеди таа лесна структура, плус го има веганскиот печат на одобрение. Егзотичните мурумуру и купуаку путери ја заклучуваат хидратацијата, а јапонскиот восок е тука за заштита.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Rose Lollipop накратко

    Rose Lollipop

    балзам за усни

    My boy lollipop. Заборави на дијамантите, сега розите траат засекогаш благодарение на овој сјаен и нежен балзам со лесен и цветен мирис. Смирувачко масло од рози од Турција заедно со омекнувачки канделила восок и восок од кора од портокал ја прават оваа розина лимонада вистинскиот избор за усните. Поминете со овој букет од балзам по усните за инстантна пролет.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Whipstick накратко

    Whipstick

    балзам за усни

    Дефинитивно треба да го пробаш ова какао. Интензивна храна за жедни усни. Whipstick ги враќа во форма со мешавина на богати путери, пчелин восок, мед и абсолут од какао. Фер тргуваниот шеа путер и пчелиниот восок ја задржуваат хидратацијата, додека медот и овесното млеко ги смируваат распуканите усни. Маслата од пченични никулци, маслинки и бадеми омекнуваат пред фер тргуваните абсолути од ванила и какао, маслата од тангерина и сладок портокал како и брановите темно чоколадо да си ја завршат работата.

    Достапен

    495мкд / 10g