СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Балзами за уста

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Honey Trap накратко

    Honey Trap

    балзам за усни

    Овде имате се што ви е потребно да вовлечете некој во вашата медена стапица. Кога треба да ги поправите испуканите и суви усни - зошто тоа да не го направите со нашиот десерт од бело чоколадо и вкус на мед? Ние внатре ставивме се што ќе помогне за смирување, хидратација и заштита на сувите усни. Овесното млеко ја лекува и смирува кожата и основното ткиво, бадемовото масло, органското маслиново масло, шеа путерот и маслото од пченични никулци се смирувачки и навлажнувачки ќе го вратат животот на сувите усни и ќе ги направат еластични и мазни. Карнауба и канделила восокот ќе потопат со влажност а белата чоколада покрај тоа што дава неодолив вкус и мирис содржи какао путер кој дополнително ќе ги омекне усните. Апсолутот од ванила и маслата од пеперминт и сладок див портокал го заокружуваат вкусот на овој медов балзам кој од усните ќе направи десерт за бакнување. Сајмон го измисли овој мирис откако изеде многу скапи, различни желеа. Тој сеуште оди на фитнес да ги потроши калориите. Но неговата жртва ни подари неодолив вкус кој е без калории.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • It Started with a Kiss накратко

    It Started with a Kiss

    обојувач на усни

    Најубавите приказни секогаш започнуваат а понекогаш и се завршуваат со бакнеж кој го менува животот! Овој балзам за усна е толку заносен, што ќе се најдете во ситуација како ликовите од бајките да неможете да одолеeте на искушението на црвенoто јаболкo. Покрај тоа содржи и бело чоколадо и зачински цимет, но тоа не е се, додадовме и малку црвена боја за вашите усни да бидат максимално привлечни.

    Достапен

    495мкд / 4g

  • Key Lime Pie накратко

    Key Lime Pie

    балзам за усни

    Балзам за усни со 20 специјално одбрани состојки. За усни вкусни како колачиња... Овој заносен цитрусен десерт преполн е со освежителни цитрусни масла и закрепнувачки путери. Благо нанесете го и ќе добиете меки и навлажнети усни. Пакувањето е погодно за патување така што постојано ќе имате хидрирани и негувани усни. Помеѓу останатите состојки содржи и арганово масло, масло од лајм и масло од сицилијански мандарини. Аргановото масло се добива како производ од зрната на плодот на аргановото дрво. Содржи витамин Е, феноли,каротен, скуалин и масни киселини. Традиционално се користи во третманите за лице како и во шампоните и регенераторите за коса. Полно е со витамини и антиоксиданти.   Маслото од зелен лимон се користи за чистење тонирање и подобрување на циркулацијата. Исто така поради освежителната цитрусна арома го подобрува и расположението. Големата количина на витамин Ц му дава антибиотски и антиоксидантни својства и ја штити кожата од загадување и сонце. Употребуваме органски зелени лимони од Мексико кои не се третирани со пестициди и други хемикалии . Маслото се добива со ладно цедење на кората од лимонот. Плодот се бере додека има зелена боја и не е созреан, така тој има поголема киселост и количина на шеќер од лимоните. 

    потрошено

    495мкд / 12g

  • Lip Service накратко

    Lip Service

    балзам за усни

    Задоволи ја жедта. Деликатно цитрусен балзам за усни кој хидрира и смирува без разлика на годишното време. Богата мешавина од пчелин восок, какао путер, шеа путер и масло од семка од кајсија е од голема помош хидратацијата да остане на усните. Мешавина од масла од тангерина и мандарина ги носат сончевите зраци на усните и во најтешките зимски денови.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • None of Your Beeswax накратко

    None of Your Beeswax

    балзам за усни

    Мирисот на пита со прелив од лимони... Свежината од лимоните и сочноста на ванила и мандарина спакувани во една лесна текстура. Овој балзам за уста не содржи пчелин восок и лесно ги обвива усните со хидратација. Екстра девственото кокосово масло и шеа путерот го заменуваат пчелиниот восок за да се обезбеди таа лесна структура, плус го има веганскиот печат на одобрение. Егзотичните мурумуру и купуаку путери ја заклучуваат хидратацијата, а јапонскиот восок е тука за заштита.

    наскоро

    495мкд / 12g

  • Rose Lollipop накратко

    Rose Lollipop

    балзам за усни

    My boy lollipop. Заборави на дијамантите, сега розите траат засекогаш благодарение на овој сјаен и нежен балзам со лесен и цветен мирис. Смирувачко масло од рози од Турција заедно со омекнувачки канделила восок и восок од кора од портокал ја прават оваа розина лимонада вистинскиот избор за усните. Поминете со овој букет од балзам по усните за инстантна пролет.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Strawberry Bombshell накратко

    Strawberry Bombshell

    обојувач на усни

    Сензационална розова боја за меки усни. Дури и муртењето ќе изгледа секси со оваа  жестока розова нијанса.  Маслото од Калахари дињата и ладно цеденото кокосово масло им даваат мекост на усните. Миризливиот агаве сируп и канделила восокот ја прават основата на балзамот. Содржи свежи јагоди како како и масло од луто нане за стимулирање.  Агаве сирупот или познат како Агаве нектар се произведува во Мексико од неколку вида од оваа билка но најчесто од плаво агаве,целото растение може да се јаде.  Канделила восокот е веганска замена од восокот од пчели. Нашиот восок е добиен од Канделила грмушка (Euphorbia cerifera) која ја има во изобилие во Мексико.

    Достапен

    495мкд / 4g

  • Sunkissed накратко

    Sunkissed

    обојувач на усни

    .

    Достапен

    495мкд / 4g

  • Whipstick накратко

    Whipstick

    балзам за усни

    Дефинитивно треба да го пробаш ова какао. Интензивна храна за жедни усни. Whipstick ги враќа во форма со мешавина на богати путери, пчелин восок, мед и абсолут од какао. Фер тргуваниот шеа путер и пчелиниот восок ја задржуваат хидратацијата, додека медот и овесното млеко ги смируваат распуканите усни. Маслата од пченични никулци, маслинки и бадеми омекнуваат пред фер тргуваните абсолути од ванила и какао, маслата од тангерина и сладок портокал како и брановите темно чоколадо да си ја завршат работата.

    Достапен

    495мкд / 10g