Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

HALLOWEEN

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Maѓепсајте ги вашите сетила!!!

За оваа ноќ на вештерките ние измисливме нови добра за уживање во бања. Нашата инспирација ја црпевме од огнометите, морничавите неба во ноќта и длабоките шуми со цел да ви донесеме едно ново мистично искуство кое што ќе ви ги протера сите грижи и проблеми.

  • Bewitched накратко

    Bewitched

    пенлива купка

    Мачкасто добра! Промрдајте со носот и помирисајте го препознатливиот мирис на црна рибизла. Приредете си го ова уживање по напорниот ден исполнет со летање на сите страни на метлата. Растопете го ова мало маче под млаз топла вода за планина од меурчиња и уживајте опкружени со маслата од бергамот и темјан. 

    Достапен

    395MKD / 100g

  • Boo! накратко

    Boo!

    shower slime

    Разбуди го твојот дух со овој црн слајм! Брашното од пченка ќе ја исчисти кожата а подигнувачката пудра од стебло од бамбус ќе ја исчисти сувата кожа и застрашувачки ќе ја омекне. Ксантан гумата е природен згуснувач кој ја омекнува и навлажнува кожата, а притоа е одличен природен конзерванс. Не дозволувај да те исплаши бојата, бидејќи мирисот на гума за џвакање ќе те изненади! 

    Достапен

    850MKD / 240g

  • Ghost in the Dark накратко

    Ghost in the Dark

    сапун за тело

    Внимателно движи се во темницата, пази да не налеташ на нешто непријатно... Ако и барем малку се плашиш, упати се кон бањата и нанеси убав слој на пена од овој светлечки сапун кој ќе свети во темнината кога се плашиш да погледнеш под креветот. Наполни го на светло за да може да ги избрка чудовиштата навечер... Лимонова трева и наежувачки масла од бергамот излегуваат од богатата пена, па така имаш голема помош! If you've got it, haunt it! 

    Достапен

    395MKD / 115kg

  • Lord of Misrule Bomb накратко

    Lord of Misrule Bomb

    Уживајте во прекрасните зелено-виолетови бои на шумливата топка и во мешавина на билки и зачини како пачули и црн бибер. Инспирирана е од паганскиот фестивал на Лудите каде кога ќе потече виното фестивалот започнува...

    Достапен

    320MKD / 200g

  • Mercury Retrograde накратко

    Mercury Retrograde

    шумлива купка

    За кога чувствуваш дека работите одат наопаку... На Halloween оваа година, Меркур ќе биде ретрограден, но пред мислите на неизбежлив хаос поминат низ твојот ум, грабни ја оваа космичка шумлива купка. Без разлика дали сте го преспале алармот или разговорите со пријателите звучат чудно, можеби ти треба малку сигурност. Маслата од сицилијански лемон се судираат со стимулирачкиот ѓумбир за да ја олеснат тензијата и да го подигнат расположението. Содиум алгинатот ќе те обвие во мека прегратка, а крупната морска сол ја омекнува кожата. Овошните бучу масла ќе те смират, а циметот ќе те возвиши и ќе ги измие сите грижи од непријатните средби.  

    Достапен

    350MKD / 200g

  • Monsters’ Ball накратко

    Monsters’ Ball

    шумлива купка

    Виолетово чудовиште со едно окце кое ќе набљудува дали си поминувате убаво на забавата која ќе ви ја подготви! Со масло од лајм и нероли кои ќе се погрижат да бидете во добро расположение и какао путер за длабинско негување на кожата.

    Достапен

    395MKD / 200g

  • Pumpkin Spice накратко

    Pumpkin Spice

    пилинг за усни

    Pumpkin Spice and all things nice! Грабни ги топлите џемпери и поздрави се со летото бидејќи есента пристигнува. За вистински вкус на ова годишно време, спушти го своето лате и посегни по неодоливиот пилинг за усни полн со слатки и зачинети вкусови кои ќе те наполнат благодарност. Како парче свежо печена пита од тиква, оваа нежна мешавина од масло од каранфилче, ѓумбир и цимет во прав ја измешавме со цел да ги изгланцаме твоите усни и да ги затоплиме наспроти ладните ветрови. Рицинусовиот шеќер нежно ексфолира и полира, а путерот од тиква и маслото од јојоба ќе омекнат за да ги дадеш совршените бакнежи. Spice up your life!

    Достапен

    495MKD / 25g

  • Punkin Pumpkin накратко

    Punkin Pumpkin

    шумлива купка

    Внимавај на нешата што прават звуци во ноќта и наполни ја кадата до врв со портокалов страв! И така ќе откриеш дека тие очи што светат во темнината, всушност припаѓаат на морниците од топол цимет. Ноќта се приближува и настапува тишината, а насекаде околу тебе повикува темнината. Не погледнувај на страна, внимавај да не вриснеш и исчисти го воздухот со прав од тиква! Твојата бања те повикува, па зошто чекаш? Часот на вештерките ќе ги донесе кошмарите на твоите порти, а за да се заштитиш добро само пушти ја оваа шумлива купка и препушти се на стражарењето на цитруснитемасла!

    Достапен

    350MKD / 200g

  • Sparkly Pumpkin накратко

    Sparkly Pumpkin

    Добро ќе се забавувате додека уживате во оваа топла и ведра пенлива купка која ќе додаде малку сјај во студените ноќи! Егзотичната и енергична комбинација од масло од иланг иланг и апсолут од цвет од портокал ќе ве освежи и зајакне во еден миг. Совршена за долги и релаксирачки легачења во када. Но внимавајте! Мора да излезете од кадата до полноќ!

    Достапен

    350MKD / 100g