СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

-30 %

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Best Wishes накратко

    Best Wishes

    подарок

    Кога ви е потребно само најдоброто! Кога потрагата по најдоброто ќе се претвори во сага, а уморот ќе започне да преовладува, тогаш е време за капење.  Содржи: шумлива купка Golden Wonder, пенлива купка Puddy Holly и гел за туширање Cinders (100g).

    Достапен

    895мкд / 300g

  • Buck's Fizz naked накратко

    Buck's Fizz naked

    регенератор за кожа

     Зграбете го ова волшебство и скокнете под туш! Содржи масло од Бразилски портокал и црвен грејпфрут кој наутро ќе ви донесат свежина и ќе ве разбудат. Органското масло од јојоба, медената диња и муру муру путерот ќе ја омекнат и исхидрираат кожата и ќе ја направат спремна за сите зимски предизвици.  

    Достапен

    415мкд / 50g

  • Check It Out накратко

    Check It Out

    подарок

    Совршена забава за вас и вашето семејство. Сакате да подарите некому подарок за неверојатно туширање? Ако сакате, тогаш овој подарок е вистинскиот избор за вас!  Содржи: гел за туширање Cinders (100g), регенератор за туширање Christingle (45g), сапун Christmas Citrus (120g), гел за туширање Dirty (100g) и пилинг за тело Scrub Scrub Scrub (75g).

    Достапен

    1 605мкд / 450g

  • Christingle накратко

    Christingle

    регенератор за кожа

    Доживејте чувство на свежина со нанесување на овој освежувачки регенератор полн со масло од минт и грејпфрут на мокра кожа. Фер тргуваниот путер од какао, кој потекнува од колективот Ојоба во Гана, го здруживме со мурумуру путерот и маслото од бадем за супер мека кожа.

    Достапен

    835мкд / 225g

  • Christmas Candy Box накратко

    Christmas Candy Box

    подарок

      Ајде, знам дека тоа го сакате.... Гледам дека гледате во мојата шарена хартија и розева машничка. Знам дека со нетрпение сакате да ја повлечете машничката и да ме отпакувате. Мојата примамлива внатрешност ќе ја задоволи секоја ваша желба за нешто слатко.  Содржи: повеќенаменска купка Candy Cane, гел за туширање Snow Fairy (100g) и шумливите купки ButterBear и Luxury Lush Pud.

    Достапен

    1 495мкд / 400g

  • Eyeball накратко

    Eyeball

    шумлива купка

    Што гледам?! Релаксирачка купка со масло од лаванда и масло од бразилски портокал. Можеби изгледа страшно но кога ќе ја потопите во када ќе почувствувате дека е многу нежна. Кога ќе се ослободат маслото од бразилски портокал и апсолутот од ружи веднаш ќе почнете да гледате на ведрата страна на животот.

    Достапен

    195мкд / 200g

  • Golden Wonder накратко

    Golden Wonder

    шумлива купка

    Оваа шумлива купка е како пакет од поклони, секоj дел одделно има нешто ново да понуди. Таа не е за брза бања, бидејќи на купката и е потребно време да ги отпакува сите скриени тајни. Најпрвин уживајте во времето додека ја протресувате, слушајќи го тропкањето од внатрешноста, запрашувајќи се што има во неа. Потоа фрлете ја во водата и внимателно гледајте како златното се претвара во жолто па во сино притоа испуштајќи растопливи звездички. Ова не е обично капење, ова е ИЗУМ !!! Толку многу ни се допадна оваа шумлива купка, што решивме во неа да го вметнеме еден од нашите најпознати парфеми, така што многумина ќе имаат можност да уживаат во неа. Долгогодишните потрошувачи ќе го препознаат мирисот Champagne Snow Showers, а за новите би објасниле дека тое е мирис на пенлив шампањ, со примеси на масло од сладок портокал, коњак и масло од лајм.

    Достапен

    245мкд / 220g

  • Golden Wonder Gift накратко

    Golden Wonder Gift

    подарок

    Злато, величенствено злато! Блеснете со помош на купките како засладено злато и блескавиот сапун. Се што сјае не е злато, но за среќа се што е во овој сјаен подарок е злато!  Содржи: шумливи купки Perle de Sel и Golden Wonder, сапун Golden Pear (100g) и пенливата купка Yog Nog Yule Log.

    Достапен

    1 450мкд / 650g

  • IceHoggles накратко

    IceHoggles

    limited сапун за тело

    Дали е тоа некое сеќавање? Или сон? Ништо не е онака као што изгледа, со пачули и смола од Лабданум.

    Достапен

    245мкд / 100g

  • North Polar Bear накратко

    North Polar Bear

    limited сапун за тело

    The North Polar Bear Left The Tap On For The Northern Lights And Let Two Years Out In One Go Ова е вистинското име на овој сапун. Малку е предолго, зарем не? Покрај должината на името, овој сапун ќе остави и долготраен мирис на цветни ноти од јасмин и Иланг Иланг на вашата кожа.

    потрошено

    195мкд / 100g

  • Perle de Sel накратко

    Perle de Sel

    шумлива купка

    Одвојте време за себе и дозволете и на азурната вода да ве навлажни, истовремено овозможувајќи морската сол и бензонитската смола да ја смират и омекнат вашата кожа.  Заводливиот и нежен апсолут од ружи ја балансира и смирува кожата, додека цветниот мирис на акација со смирувачко и негувачко дејство се виори низ водата.

    Достапен

    225мкд / 200g

  • Puddy Holly Bubbleroon накратко

    Puddy Holly Bubbleroon

    пенлива купка

    Капење во колачиња! Оваа пенлива купка ќе ви дојде како шлаг на торта за време на возбудливите Новогодишни празници. Уживајте во зелената вода полна со хранливо бадемово масло, какао путер и шеа путер, дополнети со мирис на марципан.

    Достапен

    245мкд / 100g

  • Secret Garden накратко

    Secret Garden

    Упатете се кон тунелот од грмушки полни со ружи, поминете покрај стеблата полни со златни круши и пронајдете си удобно место покрај сонливата лаванда.  Очекувајте комплетна елеганција! Содржи: гелови за туширање Rose Jam (100g) и Sleepy (100g), Регенератор за тело Ro's Argan (45g), лосион за тело Sleepy (50g), сапун за тело Golden Pear и путер/пилинг за тело Scrubee.

    Достапен

    2 100мкд / 450g

  • Shooting Stars накратко

    Shooting Stars

    limited сапун за тело

    Миризлива комета! Заблагодарете им се на своите среќни ѕвезди. Пирето од карамбола, моќниот лајм и бергамот создаваат пена со мирис на шербет.

    Достапен

    205мкд / 100g

  • Snow Fairy Gift накратко

    Snow Fairy Gift

    подарок

    Раскош од мирис на гума за џвакање. Посакајте си желба додека се капете или туширате со радост. Времето побрзо поминува кога се опуштате со слатките миризби. Содржи: - гел за туширањеSnow fairy 100g - повеќекратна пенлива купка Magic wand - шумлива купка Snow Fairy и - регенератор за тело Snow Fairy.

    Достапен

    1 495мкд / 500g

  • Snow Fairy* накратко

    Snow Fairy*

    jelly bomb

    Опуштете се во кадата полна со розевкаста боја и верувајте во добрите вили, затоа што слаткиот мирис ќе ви помогне да отпатувате во Недојдија.

    Достапен

    275мкд / 120g

  • Snow Globe Gift накратко

    Snow Globe Gift

    подарок

    Пластичниот отпад не е пожелен и е штетен, затоа зграбете го овој подарок обвиткан во Knot Wrap марамата изработена од 2 рециклирани пластични шишиња.  Содржи: сапун за тело Baked Alaska, маслена купка Star Light Star Bright, шумлива купка Butterbear, путер и пудра за масажа Gingerbread Man и повеќекратната пенлива купка Snowflake.

    Достапен

    1 495мкд / 450g

  • Snowflake Bubble Spinner накратко

    Snowflake Bubble Spinner

    пенлива купка

    Повеќенаменска пенлива купка Снегулки паѓајте, Покријте се со белина, Нека владее спокој, Се да е тивко и мирно! Опуштете се со купката со мирис на марципан, полна со етерично масло од пачули и апсолут од цвет од портокал. Маслото од Сицилијански лимон прочистува и разведрува.

    Достапен

    275мкд / 100g

  • Sparkly Pumpkin накратко

    Sparkly Pumpkin

    Добро ќе се забавувате додека уживате во оваа топла и ведра пенлива купка која ќе додаде малку сјај во студените ноќи! Егзотичната и енергична комбинација од масло од иланг иланг и апсолут од цвет од портокал ќе ве освежи и зајакне во еден миг. Совршена за долги и релаксирачки легачења во када. Но внимавајте! Мора да излезете од кадата до полноќ!

    Достапен

    245мкд / 100g

  • Yog Nog Yule Log накратко

    Yog Nog Yule Log

    пенлива купка

    Секогаш има место за повеќе пудинг, а овој десерт за кожата е вреден да си ја допуштите оваа дополнителна ужина. Дозволете му на фер тргуваниот шеа путер да ве омекне, а пак маслото од каранфилче нека ве загрее од глава до пети. Раздробете ја оваа купка под млаз топла вода и ослободете ја планината од меурчиња. Правот од цимет и мускатното оревче ќе ве загреат, додека пак соиното млеко и какао путерот дополнително ќе ја хидратираат вашата кожа.  

    Достапен

    315мкд / 200g