СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Honey, I Washed...

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Honey I washed my hair

    Marija

    Bozestven; retko veruvam vo reklami no za ovoj tvrd shampon, ni najdobrata reklama ne go dolovuva kvalitetot na ovoj produkt;

  • Honey накратко

    Honey

    пилинг за усни

    Sugar! Oh, Honey, Honey! Уста полна мед и слатки усни каде и да одите. Истријте го овој шеќерен пилинг на усните и дозволете медот да измазни и исхидрира. Маслото од пеперминт лади и освежува, а маслото од сладок див портокал дава освежувачки ноти. 

    Достапен

    495мкд / 25g

  • Honey Farm* накратко

    Honey Farm*

    подарок

    Толку многу мед во овој подарок што и пчелите ќе го посакаат. Луксузни слатко намирисани производи за вистинско уживање, туширање и нега на тело... Содржи: - сапун за туширање Honey I wash the kids 120 гр - гел за туширање Its raining men 100 гр - пилинг за усни Honey - путер за туширање Scrubee Добро да се знае За нас сите наши производи се најдобри, но на оваа слатка комбинација никој не може да и одолее. Honey I Washed the Kids сапунот за тело,  гелот за туширање It’s Raining Men направен од егзотични цвеќиња и мед и на крај масажер кој толку прекрасно мириса што ти доаѓа да го изедеш. Па што чекаш? Размази се малку.

    Достапен

    1 895мкд / 550g

  • Honey I washed my hair накратко

    Honey I washed my hair

    цврст шампон за коса

    Медени коси? За коса по која се вртат глави каде и да поминете. Со неодолив мирис на карамела, овој шампон ветува прекрасно намирисана коса. Полн со мед, омекнува и дава незаборавен сјај додека маслата од сладок див портокал и бергамот создаваат мирис кој ќе ги оттргне грижите од твојот ум. 

    Достапен

    595мкд / 55g

  • Honey I Washed The Kids накратко

    Honey I Washed The Kids

    сапун за тело

    Мириса поблиску до карамела отколку сапун... Го подобрува расположението и кожата. Нежен за детска кожа, имате чувство дека се миете со крем бруле во цврста форма. Овој сапун содржи масла од бергамот и сладок див портокал кои ќе го освежат расположението, како и мед и алое вера за целосно смирување и хидратација.

    Достапен

  • Honey Trap накратко

    Honey Trap

    балзам за усни

    Овде имате се што ви е потребно да вовлечете некој во вашата медена стапица. Кога треба да ги поправите испуканите и суви усни - зошто тоа да не го направите со нашиот десерт од бело чоколадо и вкус на мед? Ние внатре ставивме се што ќе помогне за смирување, хидратација и заштита на сувите усни. Овесното млеко ја лекува и смирува кожата и основното ткиво, бадемовото масло, органското маслиново масло, шеа путерот и маслото од пченични никулци се смирувачки и навлажнувачки ќе го вратат животот на сувите усни и ќе ги направат еластични и мазни. Карнауба и канделила восокот ќе потопат со влажност а белата чоколада покрај тоа што дава неодолив вкус и мирис содржи какао путер кој дополнително ќе ги омекне усните. Апсолутот од ванила и маслата од пеперминт и сладок див портокал го заокружуваат вкусот на овој медов балзам кој од усните ќе направи десерт за бакнување. Сајмон го измисли овој мирис откако изеде многу скапи, различни желеа. Тој сеуште оди на фитнес да ги потроши калориите. Но неговата жртва ни подари неодолив вкус кој е без калории.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • It's Raining Men накратко

    It's Raining Men

    гел за туширање

    АЛЕЛУЈА! Оставете ги Вашите чадори дома: ќе сакате да го прекриете апсолутно целото тело со овој секси, сирупест дожд полн со мед. Без разлика дали влажноста на воздухот расте или се намалува, според сите извори тушот е местото каде е забавата! Длабока благодарност на природата за вкусниот мед кој одлично ја навлажнува кожата и е спакуван во овој неверојатен микс! Оваа богата состојка смирува, хидрира и деликатно ја чисти кожата како што правите пена.  Неодоливо кремаст на кожата со сладок парфем кој ќе Ве освои на прв мирис. Размазете ја кожата со оваа обвивка од шипка, цвет од лотус и инфузија од тигрест крин. 

    Достапен

  • Scrubee накратко

    Scrubee

    путер со пилинг за туширање

    BEE-UTIFUL! Запознајте го Scrubee - најновиот пилинг во друштвото! Наизглед делува дека е многу нежен, со цел тој мед и какао путер, но не ја потценувајте неговата моќ за полирање - тој е полн со мелена кора од кокос и мелени бадеми за нежна и ефективна ексфолијација.  

    Достапен

    550мкд / 95g

  • Soft Coeur накратко

    Soft Coeur

    путер за тело

    Дај малку љубов! И... Цела ќе се врати кај тебе!  За вљубениците на слатки мириси, оваа плочка за масажа има неповторлив и незаборавлив мирис на карамела. Додадовме масло од бадеми на какао путерот и шеа путерот како база за да може плочката брзо да се топи на кожа. Центарот од мед и какао во прав ќе ја остават кожата со сладок мирис. Едноставно протријте го ова колаче по кожата за вкусен мирис и мека кожа. 

    Достапен

    350мкд / 30g