СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Рози

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Jason and the argan oil накратко

    Jason and the argan oil

    цврст шампон за светли тонови

    Добрата коса повеќе не е мит! Дали си во потрага по поцврста, посјајна и помека коса? Пробај го овој шампон полн арганово масло кој го дели мирисот со семејството мириси на Rose Jam. Аргановото масло во комбинација со глицерин ја омекнува косата, а сјајот што ќе го добиеш нема да го замениш со ништо. Од оваа цврста основа, абсолутот и маслото од рози го балансираат скалпот, правејќи ја оваа плочка совршена за осветлување и цврстина на косата. 

    Достапен

    595мкд / 55g

  • Lust накратко

    Lust

    парфем

    Ова е страшно опоен парфем и дефинитивно не е за срамежливи и пензионирани. Започнува со силен, чист јасмин загревајќи се на кожа како заводлив цветен мирис кој трае со часови и часови. Ова е моќен, сензуален, јасмин парфем кој делува опојно – пособено на жените.

    Достапен

  • Lust Solid накратко

    Lust Solid

    тврд парфем

    Ова е страшно опоен парфем и дефинитивно не е за срамежливи и пензионирани. Започнува со силен, чист јасмин загревајќи се на кожа како заводлив цветен мирис кој трае со часови и часови. Ова е моќен, сензуален, јасмин парфем кој делува опојно – пособено на жените.

    Достапен

    650мкд / 12g

  • Puddy Holly Bubbleroon накратко

    Puddy Holly Bubbleroon

    пенлива купка

    Капење во колачиња! Оваа пенлива купка ќе ви дојде како шлаг на торта за време на возбудливите Новогодишни празници. Уживајте во зелената вода полна со хранливо бадемово масло, какао путер и шеа путер, дополнети со мирис на марципан.

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Rose Jam накратко

    Rose Jam

    Rose Jam  гелот за туширање на молба на купувачите ширум светот повторно е во продажба.  Станувате зависни од неговиот сладок - овошен мирис. Со своите прекрасни состојки како ванилата, сокот од гоји бери и богатото со витамини арганово масло овој гел навистина ве освојува. Ќе им се допадне на оние кои ги сакаат  Rose Jam Bubbleroon  и Ro’s Argan. Специфичниот мирис се добива со комбинација на апсолут од Турски рози и етерично масло од гераниум.   Приказна за производот: Веќе 9 години етеричното масло од рози и апсолутот од рози го купуваме од Сенир од Турција. За да биде добра бербата берачите на рози треба уште пред изгрејсонце да се во полето, затоа што откога ќе изгрее сонцето маслото испарува. Маслото од рози е скапоцена состојка затоа што за да направиш еден килограм масло ти требаат 1 866 666,00 рози! Маслото од рози и апсолутот од рози мирисаат сосема различно. Како што Агнес ( од тимот за купување) примети, маслото од рози мириса многу слатко слично како мед додека апсолутот е појак и баш мириса како рози во поле. Како и да е и од двете состојки се добива нежен цветен мирис кој го употребуваме во нашиот луксузен гел за туширање

    Достапен

  • Rose Jam Body Spray накратко

    Rose Jam Body Spray

    спреј за тело

    Турски деликатеси со нијанси на слатки, розе обоени мириси, помешани со свежината на сицилијански лимон.

    Достапен

    1 995мкд / 200g

  • Rose Jam Bubbleroon накратко

    Rose Jam Bubbleroon

    пенлива купка

    Повеќе популарна и од турските серии е оваа купка полна со рози! Инспирирани од слаткиот мирис на турските рози, ја создадовме оваа пенлива купка кoја (се разбира) е преполна со турски рози. Покрај маслото и апсолут од рози, мирисот го обогатуваат и масло од гераниум и масло од сицилијански лимон. Нејзиниот изглед е инспириран од француските "macarons" , и тоа ја прави да биде исто толку неодоливо слатка на изглед како што е и на мирис, додека нејзиното конзумирање е вистинско задоволство за кожата и за умот.

    Достапен

    350мкд / 200g

  • Rose Lollipop накратко

    Rose Lollipop

    балзам за усни

    My boy lollipop. Заборави на дијамантите, сега розите траат засекогаш благодарение на овој сјаен и нежен балзам со лесен и цветен мирис. Смирувачко масло од рози од Турција заедно со омекнувачки канделила восок и восок од кора од портокал ја прават оваа розина лимонада вистинскиот избор за усните. Поминете со овој букет од балзам по усните за инстантна пролет.

    Достапен

    495мкд / 12g

  • Rosie Christmas накратко

    Rosie Christmas

    подарок

    Спектакл крунисан со ружи. Сите мириси на ружи. Со овој прекрасен подарок заруменете ја вашата омилена личност. Содржи: гел за туширање Rose Jam (100g) и регенератор за тело Ro's Argan (45g). 

    Достапен

    850мкд / 200g

  • Rosie gift накратко

    Rosie gift

    подарок

    Оддаваме чест на се што содржи рози со овој прекрасен цветен пакет кој ги задоволува сите сетила.   Подарокот содржи: Tisty Tosty шумлива купка Rose Jam гел за туширање 100г. Ro's Argan регенератор за тело 45г. Rose Jam Bubleroon пенлива купка

    Достапен

    1 995мкд / 400g

  • Ro’s Argan Body Conditioner накратко

    Ro’s Argan Body Conditioner

    регенератор за кожа

      Кутија полна со состојки за потхранување и негување на кожата... Содржи масло од арган, какао путер, купуаку путер ( се добива од тропските дрва од Бразил), масло од бразилски орев, бадемово масло и фер тргуван шеа путер. Покрај тоа што овие состојки се сосема доволни, успеавме уште и да исцедиме  сок од Гоји Бери. На крај за да мирисате неодоливо како грмушка од рози огреана од утринско сонце го додадовме новиот Rose Jam парфем на Сајмон. Малото од Арган е ретко и се произведува само во Мароко, богато е со витамин Е и со есенцијални масти. Поради тоа што се верува дека го забавува стареењето на кожата дрвото Арган многу се употребувало па сето тоа довело до негово уништување. Затоа сега поради скапоценоста на маслото тоа е ставено под заштита. Така започнавме да го правиме регенераторот со тоа што најпрво ставивме инфузија од чемпрес и ванила. Чемпресот ја разладува кожата и го намалува потењето. Ровена ни додеваше подолго време за да направиме регенератор за кожа кој ќе се употребува после капење а исто така сакаше и да направиме некој производ што содржи масло од Арган. Па ете, две желби и се исполнети  а во нејзина чест го нарековме регенераторот Ро Арган. Се употребува слично како регенератор за коса. После капењето нанесето го на мокра кожа исплакнете се и нежно избришете се.  

    Достапен

    1 295мкд / 225g

  • Yog Nog Yule Log накратко

    Yog Nog Yule Log

    пенлива купка

    Секогаш има место за повеќе пудинг, а овој десерт за кожата е вреден да си ја допуштите оваа дополнителна ужина. Дозволете му на фер тргуваниот шеа путер да ве омекне, а пак маслото од каранфилче нека ве загрее од глава до пети. Раздробете ја оваа купка под млаз топла вода и ослободете ја планината од меурчиња. Правот од цимет и мускатното оревче ќе ве загреат, додека пак соиното млеко и какао путерот дополнително ќе ја хидратираат вашата кожа.  

    Достапен

    450мкд / 200g