СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Морски алги

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Aqua Marina накратко

    Aqua Marina

    чистач за нормална кожа

    Омекнувачки чистач за кожа. Aqua Marina е смирувачки и ефективен чистач кој претставува вистинска радост за користење. Изгледа како розова крема завиткана во алги, толку мека и нежна што повеќе ќе сакате да си играте отколку да го миете лицето. Нанесете, измасирајте, исплакнете и вашата кожа ќе биде помазна, ќе мириса слатко и ќе изгледа поздраво и освежено. Содржи каламин и алое вера за да ја смири изиритираната кожа посебно кога иритациите настанале како последица од сонце или ветер. Каолинот длабински ја чисти и малку ја затегнува кожата. Веднаш видливиот резултат е помазна , помека, на изглед затегната, здрава и освежена кожа.

    Достапен

    495мкд / 100g

  • Big накратко

    Big

    морска сол - шампон за волумен

    50% од Big е морска сол, мириса какао маргарита и дава многу волумен. Секогаш кога ќе го употебувате ќе се фалите самите себеси “Погледнете ја мојата прекрасно мека коса”. Како Биг тоа го постигнува? Содржи омекнувачка инфузија на морски алги како и морска сол и кокосово масло а морската сол ќе се погрижи да добиете плима од волумен. Додека го правевме знаевме дека ќе биде добар но сепак се изненадивме колку излезе фасцинантен.

    Достапен

    995мкд / 330g

  • Big Blue накратко

    Big Blue

    шумлива купка

    Вистински океан со морски алги во вашата када. Постои филм кој се вика " Big Blue" и огромна компјутерска компанија Big Blue. Но најдоброто под тоа име несомнено е Big Blue шумливата топка за капење инспирирана од океанот. Наполнете ја кадата онолку колку што е доволно да можете да си замислувате дека сте во океан и лебдете во неа. Дозволете и на лавандата која опушта и стимулирачкото масло од лимон, секојдневните грижи да ги заменат со длабоки, фундаментални мисли. 

    Достапен

    270мкд / 200g

  • Big Solid Conditioner накратко

    Big Solid Conditioner

    цврст регенератор

    Тврд регенератор за коса со близу 30% кокосово масло за да ја скроти и навлажни косата. Содржи и канделила восок и масло од јојоба за сјај и подобрување на состојбата на косата, масло од лимон за дополнителен сјај кој ќе го имате во изобилство, инфузија од морски алги за да ја чувствувате косата лесна а воедно да добиете и омекнување, изобилие од растителен глицерин за обложување и навлажнување на влакното и парфем од ванила, масло од ветиверт, апсолут од јасмин и масло од бергамот кој го прави овој регенератор прекрасен и неодолив.  

    Достапен

    395мкд / 50g

  • Breath of Fresh Air накратко

    Breath of Fresh Air

    Ветер покрај море заробен во шише... Ова е најосвежувачкиот од сите наши тоници за лице, полн со екстракт од карагенен кој е богат со минерали и апсолут од рози кој ја тонира и балансира кожата. Совршен е кога се користи како освежувачко прскање во лето или во било кое годишно време кога сакаш да се освежиш. Апсолутот од рози го намалува црвенилото, а маслото од пачули разладува и ја затегнува кожата на лицето и деколтето. Едноставно испрскајте го цело лице и деколте и избришете со мека крпа за брзо чистење. Или, во лето користете го за разладување од летните горештини. 

    Достапен

  • Ocean Salt накратко

    Ocean Salt

    пилинг за лице и тело

    Истриј до омекнување. Лимета потопена во водка измешана со грејпфрут и бранови сол се главните состојки на овој неодолив пилинг за лице и тело. Морската сол е богата со минерали и е одлична за триење и полирање на кожата. Додадовме свиленкаст путер од авокадо, кокосово масло и апсолут од морски алги за да остане кожата омекната, сјајна и здрава. Ако се чувствуваш дека ти е потребен добар пилинг, тогаш нанеси го пилингот на сува кожа. А, ако сакаш понежно полирање, тогаш истриј на мокра кожа. 

    Достапен

    595мкд / 120g

  • Sea Vegetable накратко

    Sea Vegetable

    сапун за тело

    Смирете го духот и слушнете ги брановите... Сапун со морски алги богати минерали кој изгледа исто толку добро колку Вашата омекната кожа.  Ако не сте во можност рано наутро да се нурнете во морето, едно добро миење со Sea Vegetable е второто најдобро нешто што може да го направите за себе. Маслото од лаванда делува како антисептик и смирува, морската сол ексфолира а хранливата араме морска трева ја омекнува кожата исто како на бебе... Сите иритации како изгореница од сонце или каснувања од инсекти се минато. Маслата од лимон и лимета ќе Ве освежат и живнат.

    Достапен

  • Seanik накратко

    Seanik

    цврст шампон за волумен

    Иако убавината понекогаш доаѓа во необични облици, секако нема да очекувате да ја пронајдете во цврст шампон со морско-плава боја, но ако ја побарате, ќе ја најдете. Seanik содржи состојки од морето: витамински богата ирска морска трева, јапонска морска трева Нори богата со протеини и омекнувачка морска сол. Лимонот и цветот од портокал темелно ќе ви ја исчисти косата, а мимозата и јасминот ќе и дадат сјај и неодолив мирис. Ете колку многу се грижиме за убавината и здравјето на вашата коса!

    Достапен

    550мкд / 55g