СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Нероли

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Prince

    SLOBODAN

    kremata e odlicna kako sto mozev da se uveram. bi sakal da me informirate za najdobriot nacin na upotreba.

  • Vanishing Cream

    Ssss

    Имам комбинирана,осетлива и проблематична кожа.Кој крем би бил подобар за мене-Vanishing или Imperialis?

  • Breath of God накратко

    Breath of God

    парфем

    Овој мирис се развива во текот на целиот ден, постојано откривајќи нови аспекти.  Ова е совршен парфем за размислувачи – ќе ве натера да размислувате, и ќе ви создаде прекрасно миризливо искуство. Breath of god  е машавина со 5 ѕвездички создадена од 2 посебни парфеми Inhale и Exhale, комбинација од кедрово дрво, ветиверт, масло од сандал, нежни тонови на лимон, нероли и диња. “Носејќи го овој парфем се чувствувам зачудено што после толку време во парфемската индустрија и понатаму постојат вакви значајни изуми“  -Tania Sanches, Perfume: A-Z Guide

    Достапен

  • Breath of God Solid накратко

    Breath of God Solid

    тврд парфем

    Овој мирис се развива во текот на целиот ден, постојано откривајќи нови аспекти.  Ова е совршен парфем за размислувачи – ќе ве натера да размислувате, и ќе ви создаде прекрасно миризливо искуство. Breath of god  е машавина со 5 ѕвездички создадена од 2 посебни парфеми Inhale и Exhale, комбинација од кедрово дрво, ветиверт, масло од сандал, нежни тонови на лимон, нероли и диња. “Носејќи го овој парфем се чувствувам зачудено што после толку време во парфемската индустрија и понатаму постојат вакви значајни изуми“  -Tania Sanches, Perfume: A-Z Guide

    Достапен

    595мкд / 6g

  • Elbow Grease накратко

    Elbow Grease

    универзална плочка

    Доведете ја хидратацијата до максимум! Вистинска премија. Хидрира како од соништата. Па, и ги осветлува тетоважите!  Потребна е само мноогу мала количина, нанесете ја оваа мешавина од хидратантни купуаку и мурумуру путери насекаде каде што Ви е потребно малку хидратација. На почетокот дизајнирана за лакти, но оваа плочка е толку прекрасна што е навистина погрешно да не им се дозволи и на останатите делови на телото да бидат исхидрирани. Ако имате тетоважи, поминете над мастилото за да се оживее бојата, како и да се смири. За да се донесе малку сончева светлина на денот, додадовме нероли, иланг иланг и цвет од портокал за неодолива насмевка.

    Достапен

    550мкд / 60g

  • Gorgeous накратко

    Gorgeous

    крем за лице-зрела и комб.

    Сите типови на кожа ги прави да се чувствуваат лесно и магично и подмладено. Ова е ултимативен крем за лице. Во Gorgeous се искористени само најдобрите и најефективни состојки кои можат да се најдат во природата и воопшто не е штедено. Направивме лесна, лабава, балансирачка емулзија од шест растителни масла и потоа и додадовме и свеж сок од ананас, свежо исцеден сок од органски лимони и портокали, медова вода од цвет од портокал, есенцијално масло од нероли, апсолут од цвет од портокал и мирта – тогаш ја помешавме емулзијата од масла со овие состојки и го добивме нашиот ултимативен крем Gorgeous. Способноста да и подари на кожата шест прекрасни, растителни масла  и овошни сокови го прават овој крем неприкосновен и подмладувачки. Лабава и лесна емулзија, наместо тешка, значи дека состојките лесно и брзо ќе се впијат во кожата наместо да се заклучат заедно. Комбинацијата од масла е доволно богата за омекнување и навлажнување на кожата  притоа оставајќи и чувство на свежина и мекост. Ананасот содржи ензими кои дејствуваат на кожата а лимонот и портокалот ќе и помогнат на кожата да остане матирана. Медовата вода од цвет од портокал ја смирува и хидрира кожата. Овој крем е свеж, се прави во мали серии и прзо се доставува до продавниците за да може да се искористи додека сите состојки се витални и активни. Растителните масла може да се добијат со топла екстракција или со ладно цедење. Ние избравме скапи ладно цедени масла за овој крем за ниту една од нивните природни караактеристики да не биде загрозена а уште помалку уништена од топлината. Историјата на овој крем започнува многу одамна кога Jo Malone – козметичка компанија, направи крема за принцезата Дијана. Инвеститор и партнер во Lush ги откупи правата за кремата и по неколку години ја лансираше назад на пазарот во комплет со нејзината мала сребрена шпатула. Но тој побара од основачите на Lush  да ја разгледаат формулата бидејќи со текот на годините таа малку по малку се менувала. Кога од Марк и Хелен беше побарано да му ја вратат старата слава на кремот тие ја искористија можноста да го направат најдоброто притоа да не се грижат за цената. Ова е крем кој беше дизајниран за член на кралското семејство, затоа и има големи трошоци додека да се направи. Lush ги задржа сите права за формулата на овој крем, го преименува  во Gorgeous и ви го претстави на сите со сета своја ултимативна, кралска скапоценост и слава.

    Достапен

    2 495мкд / 45g

  • Happy Happy Joy Joy накратко

    Happy Happy Joy Joy

    регенеративен парфем за коса

    Регенерирајте ја вашата коса со бадемово млеко, масло од јојоба и вода од цветови од ружи и портокали. Вегански регенератор за доведување во ред и за навлажнување на сувата и разлетана коса. Содржи ружина вода и вода од цвет од портокали за разубавување на косата, бадемово млеко за зајакнување и навлажнување, масло од јојоба за дополнително хидрирање и сјај, масло од грејпфрут и лајм за освежување и сјај, парфем од апсолут од цвет од портокал, масло од ружино дрво, масло од ружи и масло од грејфрут за неодолив мирис и комплена нега.

    Достапен

  • Love and Light накратко

    Love and Light

    крем за раце

    Најфантастичната хидратација досега. "I'll follow thee and make a heaven of hell, To hydrate the hand I love so well." Ако миењето Ве натера да смислите екстремни методи за чување на рацете, let a little Love and Light into your life. Оваа крема со омекнувачки нероли и фер тргуван какао путер ќе дадат лесна хидратација која трае, па чувајте ја при рака кога ќе надојде суша. Бразилскиот портокал, цветот од портокал и нероли ќе ги освежат кожата и расположението инстантно. Миризлив и неверојатно омекнувачки... Овој крем е сон за жедни и уморни раце.

    Достапен

    695мкд / 100g

  • Prince накратко

    Prince

    крем за бричење

    За бричење кое ќе те остави да се чувствуваш како да си од кралско семејство. Хранлив крем за бричење кој ќе ти помогне да изгледаш неверојатно мазно, а ќе те остави да мирисаш како никогаш досега. Искористивме затегнувачки екстракт од див лешник кој ги затегнува порите, па така полесно се изложуваат влакната за жилетот. За да се заштити кожата од сечилото додадовме исцедок од ленено семе и смирувачка розина вода. Освежувачкиот мирис се прави со мешавина од нероли и цвет од портокал во комбинација со цитрусните масла на сладок портокал и мандарина.

    потрошено

    450мкд / 100g

  • Vanishing Cream накратко

    Vanishing Cream

    крем за лице-масна Тзона/акни

      Крем со минимална содржина на масла кои лесно се впиваат во кожата. Совршен е за комбинирана кожа со изразена Т-зона и за кожа склона кон акни и со отворени пори  Ова е идеален крем за сите оние кои не сакаат тешки креми, по нанесувањето веднаш исчезнува од лицето а ја остава кожата мека и мазна. Главна носечка состојка Лавандина медова вода Во  Lush сами ја правиме медовата вода со лаванда (Lavandula angustifolia)  така што ја раствараме лавандата во мед и смесата која ќе се добие се става во вода. Резултатот е вода која има антисептички, тонирачки и омекнувачки својства за кожата. За производот Правењето на креми со малку маснотии не е нималку лесна работа. Со постајана работа низ годините се усовршивме. Затоа во овој крем употребуваме лесни масла, како масло од семки од грозје и масло од јојоба. На тоа додадовме шеа путер, мед и див лешник – но целиот трик е во додавањето на растителен гел од ленено семе. Гелот го правиме со вриење на семето во водата се додека не дојде до тој степен да лепилото од семето ја згусне водата а резултатот е чист гел. Овој гел зачудувачки ја омекнува кожата а исто така многу добро се соединува со останатите масла од кремот. Со оваа крајна добро избалансирана формула се добива крем кој не е масен и е лесен во текстурата. Брзо се впива во кожата едноставно исчезнува а сепак кожата е мека и тонирана. Идеална е за употреба во секое време кога не сакате да употребите некој тежок крем. Добра е и како подлога за шминка, за наутро кога ќе станете или како брзо освежување во текот на денот. Прекрасен за масна кожа или за Т-зоните. За кожа со акни и отворени пори Есенцијалните масла од лаванда , ружи и гераниум ќе ја избалансираат кожата и ќе и дадат прекрасен мирис. На проблематичната, масна или нафрлана кожа и треба внимателно чистење и нежна хидратација. Сето ова се постигнува со внимателно одбраните состојки. Уште само да напоменеме дека во овој крем не се употребува какао путерот кој е премногу тежок за ваквиот тип на кожа. 

    Достапен

    1 495мкд / 45g