СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Лаванда

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • A French Kiss накратко

    A French Kiss

    пенлива купка

    Убава како француски бакнеж... Обвијте ја кожата во цветни бакнежи од свеж рузмарин и лаванда. Издробете под млаз вода за рајска бања полна со мирисите на Јужна Франција. Опуштете се како што полека Вашите грижи заминуваат, а екстра девственото кокосово масло се грижи за омекнување на Вашата кожа. 

    Достапен

    350мкд / 100g

  • Lavender Vida Loca накратко

    Lavender Vida Loca

    сапун за тело

    Смирен живот... Ако се чувствувате уморни од танцувањето на дожд, препуштете се на оваа сензација одлична за под светло на свеќи... Полна со смирувачко масло од сина камилица, скротувачка и нежна инфузија од лаванда и масло од француска лаванда кои ќе Ви помогнат да се опуштите секој ден и секоја ноќ. Совршената приспивна песна која ќе Ве испрати во длабок сон.

    Достапен

  • Lullaby накратко

    Lullaby

    цврст шампон за деца

    Будете се, спанковци! Смирувачката комбинација од камилица, мелени бадеми и овесно млеко го смируваат скалпот. Разведрете го расположението со масло од нероли од Тунис кое е докажано дека помага на лачењето на серотонин (хормонот на среќата)! Маслото и абсолутот од лаванда релаксираат и балансираат, идеално за деца од две години... Протријте на скалпот или протријте меѓу дланките за свилена пена и измасирајте. 

    Достапен

    595мкд / 55g

  • Sleepy накратко

    Sleepy

    лосион за тело

    Добро ќе заспиете по нежно премачкување со лосионот од соништата. Направен со нежна инфузија од овес, смирувачки цвет од лаванда и сладок апсолут од тонка. Богат сладок и цветен парфем Ве издигнува кон мирис на слатки сливи и топли пијалоци полни крем, додека божествениот фер тргуван какао путер и деликатната вода од лаванда даваат ефект на ладење и ја хранат кожата.  Прекријте го цело тело во овој фантастичен лосион пред да ги облечете Вашите најудобни пижами за слатко дремење пред каминот.

    Достапен

  • Sleepy gift накратко

    Sleepy gift

    подарок

    Време е за спиење. Спокој ме обзема и лежам, лавандата ми дава прилика, сонот ќе ми дојде набргу... Содржи: лосион за тело Sleepy (100g) и гел за туширање Sleepy (100g).

    Достапен

    995мкд / 180g

  • The Big Sleep накратко

    The Big Sleep

    jelly bomb

    Нурнете се во нешто поудобно... На пример Вашата када? Кога ви е потребно сериозно опуштање, зграпчете ја оваа топка за успивање од лаванда и тонка.  Опуштете се во топлата вода, фрлете ја купката во кадата и уживајте под омекнувачката покривка од желе. Камилицата ја смирува кожата и умот, додека нероли помага да се чувствувате ведро. Добра ноќ!

    Достапен

    395мкд / 120g

  • Twilight накратко

    Twilight

    шумлива купка

    Ако се почувствувате дека Ви бега сонот.. Оваа комбинација од есенцијални масла ќе Ви помогне да се подготвите за добар одмор. Како што Twilight плови по површината, бојата се затемнува како зајдисонцето и станува потемно, претварајќи ја водата во светкаво темно виолетова.  Мирисот е скроен само за да Ви помогне со заспивање: лавандата смирува, го прочистува умот која се користи во ароматерапијата за смирување на инсомнија и да поттикне мирен сон. Смолата бензоин и тонка Ве повикуваат на пијалок од млечна карамела помешана со добро бренди за дополнително опуштање.. 

    Достапен

    295мкд / 180g

  • Twilight Body Spray накратко

    Twilight Body Spray

    спреј за тело

    Волшебен и примамлив, иланг иланг ќе даде цветни задимени ноти, а слатката тонка заедно со лавандата ќе смират и дадат спокојство. Доволно е малку за да се задржи заводливиот мирис на кожата за доооолго време. Спремни за спиење?

    Достапен

    1 495мкд / 200g

  • Twilight Gift накратко

    Twilight Gift

    Подарок

    Како што заоѓа сонцето, те успорува мирисот на лаванда и тонка... Смиреноста те опкружува додека полека заспиваш... Содржи: гел за туширање Twilight (100gr), лосион за тело Sleepy (95gr) и спреј за тело Twilight (100ml). 

    Достапен

    1 995мкд / 490g