Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

Гола нега за кожа

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

  • Full of Grace

    Христина

    Овој серум за лице е одличен. Го користам навечер, по миење и тонирање на лицето. Мрсен е, убаво се впива со масирање и ја прави кожата мека и нежна. Наутро нема остатоци и масни траги како со некои т...

  • Amazonian Primer накратко

    Amazonian Primer

    масло за лице без пакување

    Директно од тропските шуми на Амазон. Омекнувачкиот купуаку путер и хидратантниот муру муру путер помешани со масло од андироба се одлична комбинација за смирена и исхидрирана кожа. Пудрата од “arrowroot“ ја матира и ја измазнува кожата со што го прави овој производ да биде и совршена подлога за шминка, за било кое уметничко дело на лицето да остане на свое место во текот на целиот ден.  Зелената боја на овој производ е исто така природна и доаѓа од хлорофилинот кој делува заштитно и ги неутрализира црвенилата, лимоновата трева ја тонизира а перуанската билка "electric daisies" ја затегнува кожата.  Слаткиот мирис на маслото од тонка, маслото од ружино дрво и маслото од бразилски портокал додаваат само дополнителен луксуз во секојдневната нега на лицето.

    потрошено

    695MKD / 20g

  • Argan накратко

    Argan

    масло за лице без пакување

    Вашата потрага по одлично изнегувана кожа завршува овде! Омекнетеја кожата со органски фер тргуван какао и шеа путер. Богатото масло од арган ја хидрира и ја подмладува кожата додека маслото од лимон ја освежува и и дава природен здрав сјај.  Маслото од бодликава круша (круша која што расте на кактус) е пребогато со витамин Е и помага во изедначувањето на тенот а во исто време длабински ја хидрира и ја смирува кожата.  За кожа мека како памук во овој производ е додадено апсолут и масло од ружи од Сенир од Турција, шеа путерот е од Гана а маслото од арган од Мароко.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Banana skin накратко

    Banana skin

    масло за лице без пакување

    Масло за лице кое ја прави кожата совршено мека и исхидрирана. Патот до меката кожа започнува со свежи, кремасти испасирани банани и хидратантен путер од манго, додадовме и малку скроб од топиока за свиленкасто чувство. Идеален производ за жедна кожа на која што и е потробна богата хидратација. Хранливите и богати со влакна банани се измешани со кремаст муру муру и лилип путер за доза хидратација. Слаткиот миррис на банани е надополнет со ноти на ванила и тонка за миризлива кожа и ведар ум.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Full of Grace накратко

    Full of Grace

    серум за лице

    Најнежниот производ за лице. Серум за лице со богата хидратација кој е во цврста форма за нежно лизгање по кожата. Ќе го остави лицето, вратот и деколтето освежени и регенерирани. Создадовме мешавина од масла кои ја хранат кожата и портабело печурки кои се полни витамини и минерали што ја штитат кожата. Маслото од сина камилица и каламин глината во прав ја смируваат кожата, а само каламинот ја контролира количината на мастење. 

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Gritty Politty накратко

    Gritty Politty

    балзам/пилинг за чистење лице

    Полирачка и хидрирачка мешавина на мелена кокосова лушпа, кокосово масло и кокум путер. На кожата прави прекрасна мека кремамаста структуракоја што се претвара во смирувачко и прочистувачко масло кое ги чисти порите а кожата ја прави еластична. Не мора да се сеќавате на британскиот бенд од кој што всушност е инспирирано името на овој производ за да уживате во благодетите кои што овој чистач ги нуди. Како бонус на крај природниот мирис е од антибактеријското ружино дрво и смирувачката сандаловина. 

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Jade Roller накратко

    Jade Roller

    балзам за чистење лице

    Овој чистач за лице без пакување напорно работи за вие да може да одморите. Во својата основа содржи апсорбирачко масло од афричкото дрво марула, прочистувачко масло кое ги чисти порите а кожата ја прави еластична кое што искомбинирано со масло од лешник кое ги затегнува порите и стимулирачкото маслото од пеперминт го прави овој чистач неодолив.  Најгоре на производот има Мунг грав кој што служи за масажа. На крај ако го отстранувате со влажна крпа, водата ќе ги активирате и сите тонирачки својства на овој производ кој што ги даваат оцетот од камилица и ружината вода.  Крајниот резултат е исчистена и избалансирана  кожа, затегнати пори, смирени црвенила и ведар тен. Чистач, масажер и тоник спакувани во еден производ.

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Light Touch накратко

    Light Touch

    масло за лице без пакување

    Ова масло за лице е идеалниот производ за чиста, избалансирана кожа. Лесната и брзо впивачка јојоба и маслото од семки од "meadowfoam" (кое што е многу слично со природната влажност која ни ја произведува самата кожа), овозможуваат кожата да се чувствува свежа и мазна- никогаш масна.  Во овој производ се внимателно додадении сите тонирачки карактеристики кои ги носи дивиот лешник и антиоксидантната сина спирулина која што ја заштитува кожата од сите надворешни атмосверски влијанија.  Со овошно цветен мирис направен од есенцијални масла од Кенија, секоја состојка во ова масло за лице е набрана за да ја смири, освежи, избалансира и намириса кожата.

    Достапен

    695MKD / 20g

  • Like a Virgin накратко

    Like a Virgin

    чистач во форма на ладен крем

    Вратете се на корените, едноставен, вегански, ладен крем за чистење на лице - традиционална форма на чистач, за многумина и најдобра. Оваа модерна верзија на овој чистач има неколку измени, го земавме најдоброро од старата формула и го преформулиравме. Во основата ставивме органско “extra virgin“ маслиново масло и масло од јојоба измешани со канделила восок и восок од сончоглед поради прочистувачките и хидрирачките ефекти. Втората работа што ја направивме е отстранувањето на вода во формулата со што добивме тврда форма, на крај додадовме и масло од лимон кое што се користи на Медитеранот за чистење, тонизирање и разведрување. Може да се користи и за отстранување на шминка. Ќе се изненадите колку всушност сте имале потреба од еден ваков производ.  Кога ќе ви ја даде целата љубов ќе имате чувство како прв пат да си го допирате мекото лице.

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Sleepy Face накратко

    Sleepy Face

    чистач за лице без пакување

    Почастете се со овој неверојатно смирувачки чистач пред да одите на спиење. Сонлива плочка со природни масла и путери кои ќе ја смират кожата и умот. Омекнувачката мешавина од органски фер тргуван какао путер, балансирачкото масло од јојоба, нежното бадемово масло и смирувачката лаванда ќе и дадат се што и е потребно на кожата и ќе ја спремат за спиење. Од кожа мека како памук ве делат само неколку кружни движења со оваа плочка.

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Tea Totaler накратко

    Tea Totaler

    чистач за лице без пакување

    Одржувајте ја кожата чиста, смирена и балансирана. Мешавина од масла кои што ја балансираат кожата и го одржуваат здравиот и ведар тен. Маслото од рицинус е задолжено за здравиот тен. Додадовме и билки кои што имаат антибактеријско дејство како чајно дрво, жалфија и рузмарин за чиста и задоволна кожа. 

    Достапен

    395MKD / 15g

  • Метално кутивче накратко

    Метално кутивче

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова квадратно кутивче е одлично за чување на цврсти шампони, цврсти регенератори, парчиња сапун и цврсти пилинзи за тело.

    Достапен

  • Метално кутивче (oval tin) накратко

    Метално кутивче (oval tin)

    Со толку многу производи без пакување на нашите полици, секако дека има логика да Ве снабдиме со кутивчиња кои можете да ги употребите повеќе пати.  Користете го ова метално кутивче за да ја организирате Вашата колекција, да ги зачувате Вашите омилени производи од водата која прска при туширање или за полесен транспорт на Вашите омилени производи каде и да одите. Ова овално кутивче е одлично за чување на путери за тело и масажа, деодоранти, цврсти регенератори, цврсти шампони и парчиња сапун.

    Достапен

    150MKD / 25g