Сите нарачки над 1000 ден бесплатно се доставуваат до вашиот дом во рок од 1-3 дена

CHRISTMAS

Филтер на производи

  • Вегански ()
  • Растопливо ()
  • Свеж ()
  • Ново ()
  • exclusive ()

Класифицирај по:

  • Име A - Ш
  • Име Ш - А
  • Цена најмала > највисока
  • Цена највисока > најниска
  • Највисока оценка

Изберете распоред

Дали си во потрага по совршениот сладок подарок за зимските празници? Кај нас ќе најдеш совршено добредојде за божиќните празници спакувано во нашите слатки вегански производи! 



  • Baked Alaska накратко

    Baked Alaska

    сапун за тело

    Сапун инспириран од голема снежна топка, кој кога ќе се исече ќе ве изненади со раскошните бои. Мешавина од освежително масло на органска лимонова мирта и грејпфрут со масло од иланг иланг за ослободување од стрес и релаксирање на целото тело. 

    Достапен

    430MKD / 100g

  • Butterbear накратко

    Butterbear

    сапун за тело

    Не ја закачкај мечката затоа што всушност е гоолем мекушко! Пролизгај со овој сапун по телото за вкусна пена која ќе ја разбуди кожата од хибернација! Почасти се себеси со огроман прегратка полна какао путер од северозападна Колумбија. Ова мирно општество е заколнато на мир во регион уништен од војна и герила додека практикуваат пермакултура преку одржливи методи на земјоделство. Луксузниот путер на ова мече ќе даде богат чоколаден вкус, а маслото од иланг иланг ќе те заслади и смири.

    Достапен

    295MKD / 100g

  • Candy Cane накратко

    Candy Cane

    пенлива купка

    Повеќенаменска пенлива купка Држете ја оваа повеќенаменска купка под млаз топла вода за да ве однесе на пат кон царството на слатките задоволства поплочен со масла од Сицилијански лимон и бергамот. 

    Достапен

    295MKD / 100g

  • Candy Cane Tooth Jelly накратко

    Candy Cane Tooth Jelly

    желе паста за заби

    Слатко и извртено! Заслади ја сезоната со ова желе за миење заби полно кристали од ментол кои ги чистат забите и ги смируваат непцата. Екстрактот од карагенен и агар агар ја даваат препознатливата текстура како што уживаш во освежувачки бранови од масло од пеперминт. Слатката стевија ќе ги заслади твоите бакнежи кои ќе бидат незаборавни...

    Достапен

    335MKD / 60g

  • Christmas Candy Box накратко

    Christmas Candy Box

    подарок

    Те гледам како ја набљудуваш мојата шарена обвивка и розева машна... Знам колку сакаш да ме одвиткаш и да ѕирнеш што кријам внатре. Кога имаш желба да се насладиш, тогаш јас сум тоа што ти е потребно. Одвиткај ме и ќе откриеш дека содржам бања полна со мирис на бомбони и светкави тушеви од захарин... Ајде, знам дека сакаш... Никому нема да кажам!

    наскоро

    1 295MKD / 530g

  • Cinnamon Orange накратко

    Cinnamon Orange

    маслена купка

    It's beginning to smell a lot like Christmas! Мало зачинето нешто кое ќе те смири. Топла прегратка од стимулирачки лист од цимет и каранфилче кои ќе поттикнат циркулација, додека бензоин ресиноид ги стоплува и опушта мускулите. Намести ја да виси на славината (откога ќе помине добро време на новогодишното дрво), помини ја низ вода или скрши ја на пола и пушти ја да се растопи. Фер тргуваните какао путер и шеа путер се топат во водата и ја омекнуваат кожата.

    Достапен

    450MKD / 80g

  • Cookie Dough накратко

    Cookie Dough

    пилинг за туширање

    На кој му е потребна тегла колачиња кога може да си ги исполниш слатките задоволства со овој пилинг за тело? Неодолива мешавина од абсолут од ванила, омекнувачки прав од какао кои ќе омекнат, додека попрскавме со крупен гранулиран шеќер, малку морска сол и полна рака свилено пченкарно брашно ја прават мешавината од рајот. Ќе ја доживееш најкремавата пена и нежно ќе ја измасираш кожата. Ќе полудиш од тројното сервирање масло од тостирани лешници, масло од ф'стак кое ќе те заштити и бадемово масло кои ќе ослободат бранови од слатки цреши кои цутат на кожата. 

    Достапен

    895MKD / 300g

  • Don't Let the Bells End накратко

    Don't Let the Bells End

    amazeball шумлива купка

    Оваа зима, избркај ја темнината посегнувајќи по оваа купка кога имаш потреба за купка која ќе ти помогне да преживееш до новата година. Тргни го капакот на оваа неверојатна креација и испрскај ја содржината во водата пред да ја пуштиш целата купка. Замисли желба на кристалите од шеќер и вдиши го цветниот иланг иланг, смирувачката смола и слаткото есенцијално масло од бадеми како што се растопува во водата. Не дозволувај ѕвончињата да завршат, оостави ги да ѕвонат на мира.

    Достапен

    495MKD / 200g

  • Dreaming of Christmas накратко

    Dreaming of Christmas

    подарок

    Таму каде што убавината светка! Мечтаење, главата во облаци и небо полно сништа. Подарете некому подарок од мечти.  Содржи: гел за туширање Yog Nog 100gr, лосион за тело Dream Cream 45gr и шумлива купка Sleepy.

    наскоро

    1 295MKD / 280g

  • Drummers Drumming накратко

    Drummers Drumming

    желе за туширање

    Интро со тапани, молам... Ова ново желе е новиот хит! Дозволи да те воведе во мирисот на крцкав грејпфрут и слатка давана за совршен мирис на праски кој е непобедлив! Свежиот сок од праска чисти и дава сјај на зимската кожа, а карагененот омекнува. Плесни го овој тапан и ти ветуваме дека ќе те остави да се чувствуваш најовошно досега! 

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Fairy Dust накратко

    Fairy Dust

    Дали сте подготвени за најголемата авантура? Нема потреба од крилја, само ти е потребен сјај, верба и нежно попрскување од Fairy Dust. Оваа шеќерно слатка розева понуда од пченично брашно, лесно впивливи пудри и светкав сјај е совршениот финиш пред да тргнеш на долг пат.  Само посипај врз чиста кожа за да омекнеш, да се освежиш и да додадеш магична искра која ќе ги врти сите глави на светлина. За утра од бајките можеш да ја нанесеш врз постелата, па полетај кон Недојдија! 

    Достапен

    650MKD / 30g

  • Fireball накратко

    Fireball

    шумлива купка

    Baby it's cold outside! Ако тоа што сакаш да го правиш во зима е да се свиткаш покрај топол оган, тогаш пушти ја оваа купка во бањата и подготви се за загревачко киснење. Зачинетиот лист од цимет загрева, стимулирајќи ја кожата додека правот от сенф ги смирува болните мускули. Мирисни слоеви од масло од бадем се судираат со пуцкањето од бомбони за смирувачка медитација. Оваа купка е зимска топлина која нема да те остави да се чувствуваш уморно наутро.

    Достапен

    280MKD / 200g

  • Fly Me to the Moon накратко

    Fly Me to the Moon

    amazeball шумлива купка

    Fly Me to the Moon and let me bathe amooong the staars! Ако ти е потребно малку простор, насочи го своето летало кон бањата за интергалактичка нега. Пушти ја водата да тече и искрши го врвот на оваа Amazeball шумлива купка. Испрскај ја вселенската прашина во водата за да создадеш соѕвездие од богата пена пред да влезеш и да ја пуштиш школката заедно со твоето мало НЛО. Како што сјајот се врти во водите на зајдисонцето, добиваш прегратки од маслата од олибанум, сладок див портокал и зелен лимон кои го вивнуваат твоето расположение кон ѕвездите.

    Достапен

    495MKD / 200g

  • Golden Pear накратко

    Golden Pear

    limited сапун за тело

    Декадентен додаток на секое туширање за време на Новогодишните празници. Пирето од круша и маслото од кардамом ја покриваат кожата со мирис кој потсеќа на топол овошен десерт и пикантни колачи, додека мурумуру путерот ја хидратизира и ја омекнува кожата.

    Достапен

    550MKD / 100g

  • Golden Wonder накратко

    Golden Wonder

    шумлива купка

    Оваа шумлива купка е како пакет од поклони, секоj дел одделно има нешто ново да понуди. Таа не е за брза бања, бидејќи на купката и е потребно време да ги отпакува сите скриени тајни. Најпрвин уживајте во времето додека ја протресувате, слушајќи го тропкањето од внатрешноста, запрашувајќи се што има во неа. Потоа фрлете ја во водата и внимателно гледајте како златното се претвара во жолто па во сино притоа испуштајќи растопливи звездички. Ова не е обично капење, ова е ИЗУМ !!! Толку многу ни се допадна оваа шумлива купка, што решивме во неа да го вметнеме еден од нашите најпознати парфеми, така што многумина ќе имаат можност да уживаат во неа. Долгогодишните потрошувачи ќе го препознаат мирисот Champagne Snow Showers, а за новите би објасниле дека тое е мирис на пенлив шампањ, со примеси на масло од сладок портокал, коњак и масло од лајм.

    Достапен

    395MKD / 220g

  • Happy накратко

    Happy

    гел за туширање

    Oваа година ти посакуваме сите туширања да ти бидат полни среќа и светлост! Во оваа конкокција ставивме сочна мешавина од масла од лимон и сладок див портокал кои ќе ги измијат тмурните денови, а мешавината од масло од нероли со инфузија од лист од орев и корен од глуварче ќе го подигне твојот празничен дух. Но, не се чувствувај само среќно, туку и уживај во белиот снег! Засветкај со сјајот ослободен од пластика!

    Достапен

  • Holly Golightly накратко

    Holly Golightly

    amazeball шумлива купка

    Без разлика дали тргнуваш лесно и полека или избрзуваш, оваа купка ќе распрска зачинети, стимулирачки мириси на бразилски портокал и масло од лист од цимет за топла бања. Тргни го капакот на оваа слатко-зачинета бомба и попрскај ја содржината додека ја полниш кадата. Дозволи им на меурчињата да пораснат пред да го додадеш остатокот и влезеш кон зимско уживање.

    Достапен

    495MKD / 200g

  • Jingle Bells накратко

    Jingle Bells

    шумлива купка

    Нека заѕвонат ѕвончињата за Божиќ! Протреси ја добро оваа топка и ќе го чуеш далечното ѕвонење кое го најавува доаѓањето на Дедо Мраз. Како што се растопува, брашното од ориз ќе се врти околу тебе омекнувајќи ја водата и твојата кожа како што кристалите од сина сол еруптираат од празничната магја, оставајќи те во спремност да го јавнеш денот што доаѓа. Моќен хор од масло од бразилски портокал и масло од пачули ќе те остават во среќно расположение.    

    Достапен

    395MKD / 200g

  • Jolly Holly Christmas накратко

    Jolly Holly Christmas

    подарок

    Не знаеме дали ќе имаме снег овој Божиќ, но ги гарантираме добрите бањи. Мал, но моќен подарок, спакуван со празничен пунч. Златни пени од коњак и масла од зелен лимон ќе се погрижат за доброто расположение. Ако ти е потребна топла утеха, тогаш посвети се на загревачкото масло од каранфилче и меурчињата од иланг иланг за среќен, Среќен Божиќ.

    наскоро

    995MKD / 210g

  • Joy to the World накратко

    Joy to the World

    подарок

      Ова мало клопче среќа го шири празничното чувство кон сите! (Дури и ако заборавиш да подариш нешто, па ваков подарок скришно оставиш во бањата на некој што ти значи.) Соседи, намрштени чичковци, браќа, мајка, а дури и втори братучеди може да почувствуваат вистинска среќа од содржината на оваа кутија. Ќе почувствуваш среќа, ќе почувствуваат среќа, ќе почувствуваме среќа... Сите ќе бидат среќни!

    потрошено

    1 095MKD / 280g

  • Let It Glow накратко

    Let It Glow

    путер за тело со светки

    Сјај и светки во текот на целиот ден или ноќ со овој путер за тело... Нанеси луксузен слој и почувствувај како какао и шеа путерите омекнуваат. Не се воздржувај, замирисај на Snow Fairy со помошта на сечиј омилен мирис на бомбони од синтетички мошус и персиски зелен лимон.

    Достапен

    495MKD / 30g

  • Let It Snow накратко

    Let It Snow

    путер за тело со светки

    The cold doesn't bother me anyway! Дозволи им на ладните бури да дивеат и излези од нив со сјај... Овој путер за тело омекнува со какао и шеа путери, додека твојата моќ ќе се наполни максимално и ќе те приземји со удобните мириси на тонка и бензоин смола.

    Достапен

    495MKD / 30g

  • Little Snow Fairy накратко

    Little Snow Fairy

    подарок

    Верувам во добрите вили! Само во земјата на снежните вили можете да се капете во базените розевкасти желеа и да се туширате на дожд со мирис на слатки.  Содржи: Snow Fairy 100g гел за туширање Snow Fairy Јеlly шумлива купка

    Достапен

    895MKD / 210g

  • Luxury Lush Pud накратко

    Luxury Lush Pud

    шумлива купка

    Етерични масла од лаванда, тонка и иланг иланг за релаксирачка бања пред спиење. Зграбете ја омилената книга, наполнете ја кадата со топла вода и ставете ја оваа бомба со мирис на рибизла и бергамот. Разведрувачкото масло од бергамот и апсолутот од црна рибизла овозможуваат слатко и охрабрувачко капење во кадата. Шаренилото на површината на водата е шлагот на тортата од комплетна уживанција.

    Достапен

    350MKD / 200g

  • Mmm! Aah! накратко

    Mmm! Aah!

    подарок

    Ако ладните зимски денови те оставаат да копнееш по нешто слатко, грабни го овој златен пар и брзо под туш! Препушти се на водите од јаворов сируп и загревачко масло од каранфилче за пена која ќе те обвитка во карамела. А, ако сакаш да ја задоволиш потребата за слатки, грабни од пилингот за тело полн шеќер и сол, богат со какао, ванила и печен лешник и истриј се по целото тело за мек финиш и неодолив луксузен мирис кој ќе остане долго по туширањето.  Нема да помине долго време пред да побараш пак!

    потрошено

    995MKD / 210g

  • Night Bloom накратко

    Night Bloom

    сапун за тело

    There's no time like the crescent... Нежната цветна инфузија од медено цвеќе во комбинација со сицилијанскиот лимон и зелена мандарина делува освежително, а тајните ноти на рузмарин и жалфија ќе те остават без здив и ќе повикаат мирна бања под месечина... Деликатен, лесен и тивок.  Не се брзај со овој сапун, создади убава пена и уживај во антисептичките својства на некои од маслата. Дали ќе ја добиеш виолетовата месечина која изгрева за тебе или пак златната месечина која ќе ти ја осветли ноќта? Нема да дознаеш додека не го отвориш твојот пакет...

    Достапен

    430MKD / 100g

  • Not So Secret Santa накратко

    Not So Secret Santa

    шумлива купка

    Whoops! Кога Дедо Мраз се заглави во снежна топка почна да вика „Нема да добиеш подароци освен ако не ме спасиш!“  Сите сме се тркалале во снег, па и Дедо Мраз не е ништо поразлично. Овој Дедо Мраз има потреба да се спаси од ситуацијата, па ајде, пушти ја оваа слатка цитрусна купка во бањата и ослободи го! Направена со остар и голицкав мирис на пита од лимон, оваа шумлива купка ја ослободува фрагранцијата на лимон и лимонова мирта во водата да те расположи во ладните зимски денови и да се почувствуваш поведро. Е сега, можеби не може да се сокријат рацете и нозете кои отпаѓаат при топењето, но оваа купка можеби крие изненадување. 

    Достапен

    280MKD / 200g

  • Once Upon a Time накратко

    Once Upon a Time

    лосион за тело

    Кога сакате да се чувствувате како нови грабнете го овој хидратантен лосион за тело! Фер тргуваниот органски какао путер и свиленкастиот муру муру путер ќе се погрижат вашата кожа да остане мека и хидрирана а грeјпфрутот, Сицилијанскиот лимон и инфузијата од јаболки магично ќе ви го поправат расположението.

    Достапен

  • Once Upon a Time Naked накратко

    Once Upon a Time Naked

    лосион за тело

    Кога сакате да се чувствувате како нови грабнетего овој хидратантен лосион за тело! Фер тргуваниот органски какао путер и свиленкастиот муру муру путер ќе се погрижат вашата кожа да остане мека и хидрирана а грeјпфрутот, Сицилијанскиот лимон и инфузијата од јаболки магично ќе ви го поправат расположението.

    Достапен

    850MKD / 100g

  • Polar Bear Plunge накратко

    Polar Bear Plunge

    пенлива купка

    Подготви се! Кога имаш потреба од опуштање, замени го куче према доле со Polar Bear Plunge и влези во топла бања. Направено со полна доза освежувачки спеарминт, ова мече ќе ти даде прегратка која ќе те остави освежено! Издроби ја под млаз вода за бања полна крцкави снежно бели меурчиња.  

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Pop Art накратко

    Pop Art

    шумлива купка

    Си донесов пченка за пуцкање! Кога времето надвор е страшно, но бањата изгледа толку удобно, подигни ја температурата и дојди во прегратка со оваа вкусна топка пуканки. Нахрани го погледот со спектаклот од златни портокалови и жолти вртежи  кои ја милуваат површината на водата додека пријатна комбинација од морска сол и пченично брашно ја омекнуваат кожата. Со секоја купка имаме спакувано доволно бомбони што пуцкаат кои траат дури десет минути, а самиот звук ќе ја исполни собата и ќе те натера да помислиш дека никогаш нема да запре. Неодоливиот мирис на карамела ќе остане на кожата!

    Достапен

    350MKD / 200g

  • Retro Tree накратко

    Retro Tree

    маслена купка

    Oh, retro tree, oh retro tree! Колку ти се прекрасни гранките? Врати се кон ретро деновите во пријатна прегратка од хидрирачки какао, купуако и шеа путер. Притаениот мирис на лимонова мирта и грејпфрут те оставаат со огромна насмевка... Искористи ја табличката за воодушевување на твоето новогодишно дрво и да ги поминеш празниците мирисајќи слатко.

    Достапен

    450MKD / 80g

  • Rudolph накратко

    Rudolph

    Extreme weather can leave your face red and feeling sensitive, so we’ve made a soothing, nourishing face mask to calm skin battered by the elements. This mask is designed to give skin back some of the verve it may have lost. Scoop out a generous amount, apply evenly over the face and leave for fi ve to ten minutes – don’t forget to pop your shiny jelly red nose in place!

    Достапен

  • Santa's Belly накратко

    Santa's Belly

    желе за туширање

    Желе за туширање со свеж сок од јаболко, црвено вино, бергамот и нероли.

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Santa's Grotto накратко

    Santa's Grotto

    шумлива купка

    Се чувствуваш уморно од украсувањето овој Божиќ? Донеси го допирот на луксуз во својот дом и скриј се во бања полна виолетови драгоцени камчиња. Наполни ја просторијата со свеќи и затвори ја вратата, набљудувајќи го танцот на рефлексиите на таванот како сенки во тајна пештера... Ова е крем де ла крем на шумливите купки, вртејќи се во тиркизни тонови и ослободувајќи зефир од цветен абсолут и вртежи од иланг иланг.

    Достапен

    395MKD / 200g

  • Satsuma накратко

    Satsuma

    limited сапун за тело

    Декадентен додаток на секое туширање за време на Новогодишните празници. Почувствувајте страст за животот со маслото од Бразилски портокал и мандарина. Не се шегуваме!

    Достапен

    495MKD / 100g

  • Shoot For The Stars накратко

    Shoot For The Stars

    шумлива купка

    Маѓепсувачка боја со смирувачки мирис на мед и карамела.  Претворете ја бањата во ѕвездено небо и опуштете се додека маслото од бразилски портокал и маслото од бергамот го одигруваат својот заводлив танц на вашата кожа. Ставете ја оваа бомба во вашата када и уживајте во слаткиот мирис на мед, додека хранливото фер тргувано масло од какао омекнува се пред себе.

    Достапен

    350MKD / 200g

  • Shooting Stars накратко

    Shooting Stars

    limited сапун за тело

    Миризлива комета! Заблагодарете им се на своите среќни ѕвезди. Пирето од карамбола, моќниот лајм и бергамот создаваат пена со мирис на шербет.

    Достапен

    320MKD / 100g

  • Silver Bells накратко

    Silver Bells

    желе за туширање

    Слушни ги како ѕвонат! Градските тротоари, полни тротоари, облечени во празничен стил... Во воздухот мириса на Божиќ. Лесен, цветен и деликатен е мирисот на ова желе во форма на ѕвонче. Дозволи јасноста на зелениот лимон да ја избрка маглата, а смирувачкиот олибанум да одекне длабоко во тебе. Направено е со млеко од црн сусам полно витамини и омекнувачки карагенен. Ќе ја исчисти кожата нежно и ќе остави прекрасен мирис.

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Sleepy Dust накратко

    Sleepy Dust

    Донеси ми сон! Зимата е наменета за дремки во дневната соба, па истуширај се со топла вода пред да се прекриеш во оваа магична пудра за тело и да се свиткаш за сонлив ден под ќебе. Лавандата се вплетува со тонката и топлата бензоин смола, прегрнувајќи те како дебела зимска прекривка. Каолин глината матира, а омекнувачкото масло од семка од овес задржува хидратација на кожата. Попрскај и спреми се за добар сон! 

    Достапен

    650MKD / 30g

  • Snow Apple накратко

    Snow Apple

    сапун за тело

    Oсвежи се! Во магичен овоштарник, далеку, далеку... Можеби ќе најдеш чудесен феномен. Дождовата вода смрзнува околу јаболки на ледено ладни температури, а еднаш чим овошката падне, се појавува ледена скулптура како кристали кои висат на гранките. Ова мистично јаболко нема да те заспие, туку напротив, сапунската основа од маслиново масло, какао путер и екстра девствено кокосово масло ќе исполнат една зимска желба на кожата. Ќе те магепсаат радосните бергамот, нероли и свеж сок од јаболко, како што секое миење ќе те прекрива во освежувачки и сјаен слој.

    Достапен

    550MKD / 100g

  • Snow Fairy накратко

    Snow Fairy

    гел за туширање

    Ова е нашиот заводлив зимски гел за туширање кој е преполн со овошен мирис и ледена бистрина. Мора да признаеме дека за нас е мистерија зошто овој гел за туширање е секогаш најпродаван божиќен (limited edition) производ. Тој воопшто не е класичен билков, длабок Lush  мирис, баш напротив, тој е интензивно сладок, розов гел за туширање обожаван од луѓето насекаде. Сите типови на луѓе паѓаат на шармот на Snow Fairy. Ние никогаш не престануваме да се изненадуваме од широкиот спектар на луѓе кои го обожаваат ова розово задоволство. Ние имаме многу ваши писма и фотографии во кои ни кажувате дека вашето мало девојче го обожава, дека е омилениот гел на вашите баба и дедо, дури дека и вашиот брат го користи... Немојте ни случајно да помислите дека Snow Fairy е само розов и женски. Тој мириса на бонбона и капки од медена круша  кои заедно ќе ве транспортираат назад во деновите кога сите ние стоевме  во слаткарницата со стутканите пари во нашите џебови, размислувајќи кое слатко задоволство да го вкусиме овој пат. Грабнете едно шишенце Snow Fairy и истрчајте до најблискиот туш - никогаш не се знае можеби ќе најдете пријател за цел живот.

    Достапен

  • Snow Fairy Body Conditioner накратко

    Snow Fairy Body Conditioner

    регенератор за кожа

    Засладетеја кожата!!! Сакате туширање со мирис на шеќерна волна, освежителени вишни и хидрирачки путери? Само влезете под туш, разгалетесе и разбудетего детето во себе.

    Достапен

  • Snow Fairy Crystal Ball накратко

    Snow Fairy Crystal Ball

    amazeball шумлива купка

    Ако помисли дека не можеме да ја подобриме Snow Fairy, почекај додека не ја пробаш оваа amazeball. Стани своја сопствена самовила - отвори го капакот на ова магично грне и испрскај ја мистичната прав во када со вода. Потоа, вдиши ги слатките и цитрусни мириси на синтетичкиот musk и персиски зелен лимон. Потопи ја целата топка за вистинско шеќерно покиснување.

    Достапен

    495MKD / 200g

  • Snow Fairy Gift накратко

    Snow Fairy Gift

    подарок

    Раскош од мирис на гума за џвакање. Посакајте си желба додека се капете или туширате со радост. Времето побрзо поминува кога се опуштате со слатките миризби. Содржи: - гел за туширањеSnow fairy 100g - повеќекратна пенлива купка Magic wand - шумлива купка Snow Fairy и - регенератор за тело Snow Fairy.

    Достапен

    2 195MKD / 500g

  • Snow Fairy Naked накратко

    Snow Fairy Naked

    регенератор за кожа

    Летај високо во небо со розеви облаци... Размачкај го овој регенератор за кожа без пакување по целото тело и исплакни го за мека, нежна и кожа полна со ставот на Snow Fairy. Путери од какао, авокадо и манго магично се вмешуваат за кожа која ќе ја чувствуваш како богатство.  

    Достапен

    695MKD / 120g

  • Snow Fairy Naked Shower накратко

    Snow Fairy Naked Shower

    гел за туширање

    Добрата вила излезе од шишенцето и никој не може да ја сопре!  Нема ограничувања со овој гол крем за туширање, користете го секој пат кога ќе почувствувате потреба за слатко задоволство и обвијте се во пена со мирис на шеќерна волна.  Претворете ги моментите на туширање во магична бајка затоа што лошото расположение ќе исчезне со ширење на миризбата на слатка гума за џвакање.

    Достапен

    595MKD / 200g

  • Snow Fairy soap накратко

    Snow Fairy soap

    limited сапун за тело

    Меурчиња со мирис на гума за џвакање и слатко галење по кожата. Во текот на изработката на овој сапун ниедна добра вила не е повредена!

    Достапен

    350MKD / 100g

  • Snow fairy Spray накратко

    Snow fairy Spray

    спреј за тело

    Ова е вистинската работа за добрите вили, самовили и за останатите волшебни суштества на кои им е потребна малку сладост во животот. Потребно е само мала количина од овој спреј за да се телепортирате во вашата омилена слаткарница кога и да посакате.  Напрскајте се со магија и завијте се со мирис на шеќерна волна и гума за џвакање.  P.S. За време на изработката на овој спреј ниедна вила не беше повредена!

    Достапен

    1 395MKD / 200g

  • Snowflake накратко

    Snowflake

    лосион за тело

    Нема потреба за страв од ниски температури со овој луксузен лосион за тело без пакување. Тројна доза бадеми благодарение на омекнувачкото бадемово млеко, бадемово масло и есенцијално масло од бадем. На тоа додадовме убава количина розина вода, бензоин смола и деликатно сандалово дрво, па го создадовме совршениот тоник да ја нахраниме жедната зимска кожа. Стопи ги илипе и какао путерите помеѓу дланки или пролизгај го по телото. Дозволи да се упие и задоволи ја жедта на кожата во зима. Со првиот снег нурни се во ова канче полно мирис на марципан и намачкај ја магијата на твоето тело.  

    Достапен

  • Snowflake Naked накратко

    Snowflake Naked

    лосион за тело

    Нема потреба за страв од ниски температури со овој луксузен лосион за тело без пакување. Тројна доза бадеми благодарение на омекнувачкото бадемово млеко, бадемово масло и есенцијално масло од бадем. На тоа додадовме убава количина розина вода, бензоин смола и деликатно сандалово дрво, па го создадовме совршениот тоник да ја нахраниме жедната зимска кожа. Стопи ги илипе и какао путерите помеѓу дланки или пролизгај го по телото. Дозволи да се упие и задоволи ја жедта на кожата во зима.

    Достапен

    850MKD / 120g

  • Snowman накратко

    Snowman

    маслена купка

    Love at frost sight! Ако се чувствуваш малку вознемирено, стопи го лошиот став со оваа освежувачка маслена купка. Цитрусен бран од сицилиски лимон и лимонова мирта се одлични за будење. Мешавина од какао, шеа и купуаку путер се топат луксузно во водата, хидрирајќи и регенерирајќи ја зимската кожа. Откако ќе стои на новогодишното дрво како украс, пушти ја водата во бањата и закачи ја на славината или промешај ја во водата или искрши ја на парчиња и пушти ја да се истопи. Не се двоумиме воопшто кога ти гарантираме дека оваа маслена купка ќе те смири во самото јадро.

    Достапен

    450MKD / 80g

  • Snowman Dreaming накратко

    Snowman Dreaming

    шумлива купка

    Settle down before it Snowballs! Ден по зимски ден, малиот Снешко сонува, но не за Атлантикот или безбројни сладоледи, туку за долга топла бања во купка оставајќи ги боите на виножитото и меурчиња позади себе... Сите снешковци пријатели му рекоа дека ќе се стопи, но еден божиќен ден му се исполнија сништата, бидејќи сега танцува во бањата само за тебе. Полн со кинеско кедрово дрво и масло од лаванда, оваа купка ја полни бањата со сонлив мирис.

    Достапен

    280MKD / 200g

  • Sparkle накратко

    Sparkle

    подарок

    Вдиши полни гради цитрус полн енергија и најди се под калеидоскопски зимски неба. Засветкај со своето расположение под стража на грејпфрут, лимон и портокал додека се миеш и излегуваш од тушот со голема насмевка. Овие два производи ќе донесат празнични насмевки на секој кој има доволно среќа да го добие овој неверојатен светкав и цитрусен подарок.

    наскоро

    995MKD / 210g

  • Sugar Plum Fairy Scrub накратко

    Sugar Plum Fairy Scrub

    пили нг за усни

    Достапен

    495MKD / 25g

  • The Worlds Smallest Disco накратко

    The Worlds Smallest Disco

    шумлива купка

    Your disco needs you! Сакаме добра журка, без разлика дали е тоа шизење во бар, покажување танцувачки потези во клубот или играјќи како твоите баба и дедо на свадба. Кога сакаш да прославиш, но не сакаш да се социјализираш, пушти ја твојата омилена музика, заборави на потезите и фрли ја шумливата копка во топла вода во кадата. Нема веќе плачење во диско, само погледни ги боите и разведрувачките масла од зелен лимон и грејпфрут како танцуваат во воздухот низ твојата бања. Заслади се со масло од коњак како што се впушташ во водите и настапи на твојот приватен подиум (те замолуваме да не пробаш да танцуваш во бањата).

    Достапен

    395MKD / 200g

  • Winter Berry накратко

    Winter Berry

    сапун за тело

    Овошен деликатес! Ќе развиеш љубов кон овошјето со освежувачко миење од тангерина која ќе те расположи и масло од бергамот. Деликатни слоеви пена од рицинусово масло и какао путер ќе те обвиткаат, а семките од јагода нежно ќе ја ексфолираат кожата. Богат со розови слоеви пена полни сок од брусница ќе те измијат и ќе ти дадат многу насмевки во зимата што следи.

    Достапен

    430MKD / 100g

  • Winter Garden накратко

    Winter Garden

    подарок

    Најди го тајниот влез во овој скриен свет и стапни внатре. Надвор е ладно, но во овие четири ѕидови воздухот е топол и полн мириси. Розите се со полн цут и нивните листови те повикуваат. Пчелите зујат, скокајќи од цвет на цвет како што го собираат нектарот. Дрва чии плодови натежнуваат го полнат воздухот со заносен мирис на портокал и лимон. Впиј го мирот во оваа скриена оаза... Барем додека не те пронајде семејството.

    Достапен

    2 995MKD / 400g

  • Winter Wonderland накратко

    Winter Wonderland

    подарок

    Под светло сината машна и украсната хартија се крие зимска идила од производи. Затвори ја вратата на зимските ладни денови и уживај во оваа кутија полна производи за целото тело. Ја наполнивме повеќе од торбата на Дедо Мраз со производи кои се борат против тмурните денови. Не е за чудење што овој подарок ќе сакаш на сите да го покажеш! Од гел и сапун за туширање, до шумлива купка за туш, пилинг за тело и лосион, ти ветуваме незаборавно искуство на цела палета мириси, од цитрус до крцкаво јаболко.

    Достапен

    2 195MKD / 400g

  • Yog Nog накратко

    Yog Nog

    гел за туширање

    Кога сите прослави ќе завршат и твоето меше е полно со вкусна храна, има само уште едно нешто кое останува, а тоа е... Пудинг! За слатко задоволство, влези под туш со оваа сензација полна карамела и крем. Протриј ја плочката помеѓу дланки и нанеси на цела кожа, водата од јаворов сируп, екстрактот од карагенен и маслото од јојоба омекнуваат.  Луксузни пенливи слоеви од масло од каранфилче и масло од иланг иланг те прегрнуваат со удобност и среќа. 

    Достапен

  • Yog Nog накратко

    Yog Nog

    регенератор за кожа

    Завиткај се во уживање оваа зима со топлата прегратка од масло од каранфилче. Добро заслужен десерт, богат со какао и шеа путер... Неверојатно неодолив! Со дополнителна помош од бадемово масло полно витамин Е и масло од семка од овес за да ја задржи хидратацијата, овој десерт ќе ги задоволи најкомплицираните потреби на кожата. Измасирај го овој производ без пакување по целото тело и исплакни го за сензационално мека кожа. Крајната нота од иланг иланг ќе го подобри расположението и ќе ја истонира кожата. 

    Достапен

  • Yog Nog Mountain накратко

    Yog Nog Mountain

    пенлива купка

      Како токен за многу среќа, оваа купка е гест за добра бања. Затоплувачката прегратка на масло од каранфилче излегува од првата пена, по него следи детално капење во шеа путер. Крајните ноти на иланг иланг се вртат околу тебе како што се потопуваш во сјајни води и се впушташ во прегратки од какао путер.

    Достапен

    495MKD / 100g

  • Yog Nog Naked накратко

    Yog Nog Naked

    регенератор за кожа

    Завиткај се во уживање оваа зима со топлата прегратка од масло од каранфилче. Добро заслужен десерт, богат со какао и шеа путер... Неверојатно неодолив! Со дополнителна помош од бадемово масло полно витамин Е и масло од семка од овес за да ја задржи хидратацијата, овој десерт ќе ги задоволи најкомплицираните потреби на кожата. Измасирај го овој производ без пакување по целото тело и исплакни го за сензационално мека кожа. Крајната нота од иланг иланг ќе го подобри расположението и ќе ја истонира кожата.   

    Достапен

    695MKD / 120g

  • Yog Nog Naked Shower накратко

    Yog Nog Naked Shower

    гел за туширање

    Кога сите прослави ќе завршат и твоето меше е полно со вкусна храна, има само уште едно нешто кое останува, а тоа е... Пудинг! За слатко задоволство, влези под туш со оваа сензација полна карамела и крем. Протриј ја плочката помеѓу дланки и нанеси на цела кожа, водата од јаворов сируп, екстрактот од карагенен и маслото од јојоба омекнуваат.  Луксузни пенливи слоеви од масло од каранфилче и масло од иланг иланг те прегрнуваат со удобност и среќа. 

    Достапен

    795MKD / 200g