СИТЕ НАРАЧКИ НАД 1000 ден БЕСПЛАТНО СЕ ДОСТАВУВААТ ДО ВАШИОТ ДОМ

Квантитативни состојки

Ние ги купуваме нашите состојки од добавувачи кои не тестираат на животни

Orange Blossom Honey Water (Citrus Aurantium Amara), Органско Ладно цедено масло од Маслинки (Olea europea), Стеаринска киселина (Stearic Acid), Органско Ладно Цедено Масло од Ноќниче (Oenothera biennis), Органско Ладно Цедено Масло од Авокадо (Persea gratissima), Глицерин (Glycerine), Ладно цедено кокосово млеко (Cocos nucifera), Свеж органски сок од лимон (Citrus limonum), Органско Ладно Цедено Масло од Пченични Никулци (Triticum vulgare), Свеж органски сок од портокал (Citrus Aurantium dulcis), Органско Ладно Цедено Масло од Семки од Грозје (Vitis vinifera), Свеж Сок од Ананас (Ananas sativus), Етерично масло од цвет од портокал (Citrus aurantium amara), Масло од Нероли (Citrus aurantium amara), Миртова смола (Commiphora myrrha), Триетоноламин (Triethanolamine), Цетерил алкохол (Cetearyl Alcohol), Гераниол (*Geraniol), Фарнесол (*Farnesol), Лимонска киселина (*Limonene), Линалул (*Linalool), Хидроксицитронелал (*Hydroxycitronellal), Парфем (Perfume), Methylparaben, Пропилпарабен (Propylparaben)

     Природни состојки      Безбедна синтетика

Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Коментари (1)

Вашето име:

Вашиот коментар:

Оцена:

star 1
star 2
star 3
star 4
star 5


Внесете го кодот од сликата:

Додадете коментар

Gorgeous
крем за лице-зрела и комб.

Креми за лице  >  Нероли

L2357

Сите типови на кожа ги прави да се чувствуваат лесно и магично и подмладено.

Ова е ултимативен крем за лице. Во Gorgeous се искористени само најдобрите и најефективни состојки кои можат да се најдат во природата и воопшто не е штедено.

Направивме лесна, лабава, балансирачка емулзија од шест растителни масла и потоа и додадовме и свеж сок од ананас, свежо исцеден сок од органски лимони и портокали, медова вода од цвет од портокал, есенцијално масло од нероли, апсолут од цвет од портокал и мирта – тогаш ја помешавме емулзијата од масла со овие состојки и го добивме нашиот ултимативен крем Gorgeous. Способноста да и подари на кожата шест прекрасни, растителни масла  и овошни сокови го прават овој крем неприкосновен и подмладувачки.

Лабава и лесна емулзија, наместо тешка, значи дека состојките лесно и брзо ќе се впијат во кожата наместо да се заклучат заедно.

Комбинацијата од масла е доволно богата за омекнување и навлажнување на кожата  притоа оставајќи и чувство на свежина и мекост.

Ананасот содржи ензими кои дејствуваат на кожата а лимонот и портокалот ќе и помогнат на кожата да остане матирана.

Медовата вода од цвет од портокал ја смирува и хидрира кожата.

Овој крем е свеж, се прави во мали серии и прзо се доставува до продавниците за да може да се искористи додека сите состојки се витални и активни.

Растителните масла може да се добијат со топла екстракција или со ладно цедење. Ние избравме скапи ладно цедени масла за овој крем за ниту една од нивните природни караактеристики да не биде загрозена а уште помалку уништена од топлината.

Историјата на овој крем започнува многу одамна кога Jo Malone – козметичка компанија, направи крема за принцезата Дијана. Инвеститор и партнер во Lush ги откупи правата за кремата и по неколку години ја лансираше назад на пазарот во комплет со нејзината мала сребрена шпатула. Но тој побара од основачите на Lush  да ја разгледаат формулата бидејќи со текот на годините таа малку по малку се менувала. Кога од Марк и Хелен беше побарано да му ја вратат старата слава на кремот тие ја искористија можноста да го направат најдоброто притоа да не се грижат за цената.

Ова е крем кој беше дизајниран за член на кралското семејство, затоа и има големи трошоци додека да се направи. Lush ги задржа сите права за формулата на овој крем, го преименува  во Gorgeous и ви го претстави на сите со сета своја ултимативна, кралска скапоценост и слава.


2 995мкд / 45g

Залиха

Додај во листа на посакувани производи

Слични производи