Горди стрии

The Bump

Цврст балзам за тело

The Bump

650ден

75г

Нашата најнежна плочка за масажа за труднички стомаци.

Направена со хранливи путери и прекрасни есенцијални масла, оваа ултра-нежна и безбедна формула е дизајнирана да ја поддржува вашата кожа додека се протега за да направи простор за вашето бебе кое расте. Совршено смирувачки и хранлив, безбеден е за употреба во сите фази од бременоста – без разлика дали носите калинка или лубеница!


Зошто ќе ви се допадне?
- Со илјадници години трудниците користеле путери и масла за хидратација и омекнување на кожата и намалување на видливоста на стриите. Оваа плочка за масажа содржи мурумуру и шеа путери, кои имаат пониска точка на топење од путерот од какао, што значи дека лесно се топи во рацете и нежно се нанесува на кожата.
- Ладно цедениот путер мурумуру и дава на плочката нежен мирис на ореви.
- Органската лаванда, органското нероли и сината камилица ја смируваат кожата и обезбедуваат чувство на благосостојба.
- Безбедно во сите фази од бременост, потврдено со методи на тестирање без употреба на животни.


- Ги заработивте вашите стрии? Стриите се знак на чест и се надеваме дека ќе ги носите со гордост! Но, ако сепак сакате малку да ги намалите, можеби оваа плочка ќе ви помогне.

- 96% од испитаниците изјавиле дека кожата им е помазна и помека по употреба.

(*Врз основа на тестирање на 63 луѓе кои доживеале несовршености на кожата, стрии или биле бремени.)


Начин на употреба:
Загрејте ја плочката за масажа помеѓу дланките за да се стопи путерот на кожата. Оставете ја плочката настрана и нанесете го производот од рацете на стомакот со нежни кружни движења за да ја хидрирате кожата. За најдобри резултати, нанесувајте двапати дневно во текот на бременоста за да ја поддржите кожата додека се протега, а потоа по породувањето. Може да се користи за подобрување на изгледот на неодамна заздравеното или постаро ткиво со лузни. Не нанесувајте на оштетена кожа. Оваа плочка за масажа може да се користи по цело тело по желба. Тие се богати со масла, па нанесете онолку колку што сакате и повторете по потреба.


Начин на чување:
Чувајте ја оваа плочка свежа и чиста во контејнер со капак, како што е една од нашите овални лимени кутии.




Состојки :


Мурумуру путер, органски шеа путер, органско масло од лаванда, органско масло од нероли, органско масло од камилица, органско масло од сина камилица

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (0)

Нема мислења за овој продукт


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Each Peach (And Two's A Pair)
Путер за тело/масажа
Егзотична цитрусна енергија

695ден / 70г
True Romance
Путер за тело/масажа
Неодолива масажа со мирис на роза

695ден / 65г
Ново
Brazilian Boom
Путер за тело/масажа
Сонувате за мазна и цврста кожа?

895ден / 70г
Limited Edition
Vegan
Horsepower
Путер за тело/масажа
Нескротлива енергија

850ден / 75г
Karma
Масло за тело
Медитативна масажа со пачули

695ден / 65г
Vegan
Sleep
Путер за тело/масажа
Сонлива лаванда

695ден / 75г
Therapy¿
Путер за тело/масажа
Намали го стресот и измазни ги стриите

695ден / 70г
Turmeric Latte
Путер за тело/масажа
Кремаста ванила

695ден / 65г