Политика за приватност на личните податоци при посета на

интернет страницата на Lush Macedonia www.lush.com.mk


Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ ги собира, користи, одржува податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник") при посета на www.lush.com.mk (понатаму:„интернет страница"). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата.


Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страницата, ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги, како што се електронските нарачки при online продажба. Нагласуваме дека при електронската наплата, ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до CASIS и банката преку сигурносна врска.


За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме: за овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка, се со цел да го подобриме квалитет и услугите што ги нуди нашата интернет страна. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.


На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност изаштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.


Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите корисници ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата www.lush.mk не е наменета за лица под 14 години. ЛУСХ БАЛКАН ДООЕЛ, Скопје нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.lush.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Деталите за Политиката за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг се достапни на во продолжение:

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.lush.mk (во понатамошниот текст: веб страница) може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат (во понатамошниот текст: давател на согласност или давател).

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – Претплата за новински весник со која се согласувте да добивате известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со логирање на веб страната и одбирање на “Претплатете се / Откажете претплата за новинскиот весник“, односно кликнете “Да“ за претплата или “Не“ за да ја откажете претплатата, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.


Чување на личните податоци

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:

- податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка / фактура;

- податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;

- податоците дадени при регистрација, најава, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;

- податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 1 година од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.


Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња "Cookies" се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на колачиња "Cookies" што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Веб страницата www.lush.mk користи „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“ е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот ЛИНК.


Права на корисниците

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор. Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.


Прифаќање на условите и Промени во политиката за приватност на личните податоци

ЛУСХ БАКАН ДООЕЛ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.


Контакт

Контролор за обработка на лични податоци е:

ЛУСХ БАЛКАН ДООЕЛ

Зеничка 29 б 1000 Скопје, Република Северна Македонија

тел: 02 3082400

ЛУСХ БАЛКАН ДООЕЛ во својство на контролор на лични податоци има именувано овластено лице за заштита на личните податоци,

Офицер за заштита на личните податоци:

Димитровска Елизабета која е достапна на следните контакт информации:

електронска адреса: gorbeti@yahoo.com

телефон: 070335008

Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.lush.mk и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци.




Политиката за приватност е важечка од 23.08.2021