Моќта на рачната изработка

Спектар на светли бои ја краси фабриката, зафатените раце мешаат сина, додаваат жолта и розова боја и стручно притискаат и превртуваат што на крај станува Интергалактичка купка за бања.Во друга просторија, течноста со мирис на карамела се влева во калап, за подготовка на сапунот „Honey I Washed The Kids“.


Кога станува збор за производството на Lush, луѓето се најважни, а зборот рачно изработен има навистина големо значење.


Велика Британија е дом на 133.250 производствени компании, а Lush е еден од најголемите работодавци - во првите 220 според ЕЕФ, организацијата на производителите.


Луѓето кои работат во фабриките, прават сe, од пенливи купки и гелови за туширање до свежи ексклузивни производи во Кујната. Околу 1.000 вработени од 40 националности го сочинуваат производниот тим на Lush Велика Британија. Кога тајните рецепти за пудрата во прав Snow Fairy и шумливата купка Golden Wonder се прашат на Божиќ, потребни се повеќе раце за да се задржи темпото и да се заврши целата работа. Воспоставена е огромена бројка на вработени, околу 2.500 вработени можат да се најдат само во фабриките во Велика Британија.


Свежина, на глобално ниво


Светот е на дланка за организаторите на Lush а нивните вештини ги носат каде и да се потребни. Тоа може да значи нова обука, отворање нова фабрика или многу различни настани.


Имајќи го ова предвид, некои производства наоѓаат нов дом во Дизелдорф и Загреб, за да помогнат во снабдувањето на свежи, локални производи на Европскиот пазар, а за возврат да го намалат отпадот од јаглерод.


Кога се обучуваат нови кадри и се формираат нови единици, стручноста се бара многу. Jason Muller, директор за производство во светот на Lush, вели: „Лесно е да се најде објект и да се опреми она што не е лесно да се стори е да најдете тимови да работат со тоа за да функционира правилно, добро обучен персонал и раководство. Оттука, целото наше внимание е околу персоналот - тоа е нашето најголемо богатство “.


Овој фокус на луѓето значи дека вратите се отворени за глобални проширувања и персоналот може да добие подобро разбирање за светот. Ова им дозволува на инструкторите да патуваат и да обучуваат нови тимови низ светот. Тие можат да се преселат во други земји ако сакаат.


Зошто рачно правено?


Jason го објаснува процесот на рачно производство и зборува за тоа дека има разлика во задоволството од работата: "Ако готвите оброк дома, мислам дека има нешто многу посебно во подготвувањето на оброкот, во сервирањето и на крај да го пробате - истото е и со производството. Ако тоа беше автоматизирано, ако немавте ништо со кое всушност би биле вклучени, освен притискање на неколку копчиња, не мислам дека ќе го имате истото чувство“.


Метафората со кујната тече длабоко во корените на Lush. Некогаш кога првите производи беа направени, сe беше направено во мал обем. Единствените достапни алатки беа оние што се наоѓаа на полиците на кујната. Овој принцип сеуште се користи, само во поголема мера.


Се користи минимална машинерија, оставајќи можности на луѓето да развиваат нови вештини и да воспоставуваат нови кариери. Исто така, вработувањето на разовиден тип на луѓе носи свежи очи, нови идеи и цела низа мислења - тоа е нешто што не го добивате од машините. Машините добиваат споредна улога, персоналот се поврзува со производот, а квалитетни проверки се прават од човечки очи.


Сликата на вработениот кој го направил производот е залепена на готовиот производ и носи повеќе од само бар код-тоа е печат на одобрување и знак на гордост.


Границите не се важни за машините. Пронаоѓање на вистинските луѓе и нивно зближување, тоа е веќе друга приказна.