Магично хидрирана кожа

Sticky Pudding

Маслена купка

Sticky Pudding

650ден

Парче


Донесете ни леплив пудинг! Таков што изобилува со хранлив овес, омекнувачко масло од сусам и изобилство масло од ф'стак (бидејќи хидратацијата никогаш не била само минлив тренд). Сето тоа е нежно завиткано во муслинска ткаенина, само чекајќи добро да го стиснете — вашата кожа подоцна ќе ви биде благодарна. Ви спомнавме ли дека мириса на Sticky Dates?


Што добивате со него?

- Идеален е за сите што имаат слабост кон ф'стаци.

- Сируп од урми: сладок и хумектантен, вистинско уживање за сетилото за мирис и за кожата.

- Масло од ф'стаци: ја навлажнува и ја храни кожата.

- Цел овес: ја смирува и навлажнува кожата, а особено ѝ годи на чувствителната кожа.

- Мирис на Sticky Dates: треба ли да кажеме нешто повеќе?


Да го оставиме светот поубав отколку што сме го нашле

Овој производ е формулиран така што сам се зачувува, односно останува свеж и ефикасен без додадени синтетички конзерванси. На овој производ не му е потребна ниту амбалажа ниту посебно пакување. Ќе пристигне во вашата пратка без пакување, гордо и подготвено за употреба, бидејќи сакаме да ја намалиме употребата на непотребна амбалажа.


Начин на чување

Чувајте го на ладно и суво место за да избегнете какви било божиќни топења!




Состојки :


Путер од семе од какао (органски какао-путер од фер трговија), овесни снегулки од цело овесно зрно, лаурет-4, масло од семе од ф’стак, плод од урма (органски сушени урми), масло од семе од сусам, парфем, екстракт од плод од урма (органски сируп од урми), екстракт од смола од бензоин (Styrax tonkinensis), смола од рогач, масло од сандалово дрво, лимонен, пинен.

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (0)

Нема мислења за овој продукт


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Sticky Dates Melt
Маслена купка
Сирупесто слатка утеха

595ден / Парче
Sleepy
Маслена плочка
Смирувачко, меко и сладко

595ден / Парче
Clear the Air
Маслена купка
Ведри и јасни мисли

595ден / Парче