
Разгалете ја зрелата кожа со масла богати со антиоксиданси и свежа куркума за блескави резултати.
Со вакво чистење, ќе изгледате сè подобро со текот на времето.
Совршено ја остава кожата мека, сјајна и никогаш сува.
Што добивате?
- Идеално за зрела кожа.
- Свеж корен од куркума: го поттикнува сјајот и помага кожата да изгледа здраво.
- Органско арганово масло: богато со антиоксиданси, смирува и го зголемува природниот сјај.
- Масло од оризови трици: разубавува, хидрира и е природен извор на сквалан – заштитно масло што ѝ помага на кожата да ја задржи влагата.
- Мед од Замбија и фер - тргуван органски мед: чистат и штитат.
- Апсолут од ванила, масло од сандалово дрво и кедрово масло: луксузното чувство бара луксузен мирис.
Тестирана формула
Докажано е дека не предизвикува иритации при употреба од првата целосно „animal-free“ тест лабораторија во Велика Британија.*
87.5% од луѓето изјавиле дека е нежен кон кожата, а притоа темелно ја чисти и отстранува шминката.
80% рекле дека кожата им останала мека и хидрирана.
82% би го препорачале производот за зрела кожа или кожа склона кон сувост.**
*Тестовите се спроведени во реални услови од акредитирана лабораторија без тестирање на животни, со мерење на виталноста на клетките.
**Повратни информации собрани од 50 луѓе кои биле вклучени во тестирањето, вклучувајќи вработени во Lush и независни луѓе.
Да го оставиме светот поубав од тоа што сме го нашле
Направено со мед од Замбија што помага во заштита на дивиот свет од диво ловци и мед од заедницата Баро Вермело во Бразил – заедница фокусирана на благосостојбата на пчелите, минимална интервенција во пчеларството и регенерација на земјиштето.
Содржи екстра девствено маслиново масло од регенеративни маслинови насади што поддржуваат живеалишта за птици во Медитеранот.
Како се чува:
Чувајте го на собна температура со затворен капак помеѓу користењата.
Овој свеж производ има рок на траење од четири месеци.