за крцкаво мека и чиста коса

Jumping Juniper

Цврст шампон

Jumping Juniper

650ден

55г

Совршен избор кога имаш потреба од длабинско чистење на скалпот. Смреката го регулира лачењето на себум и го чисти скалпот. Употребивме смирувачка лаванда и антибактериско масло од рузмарин за смирување и чистење на скалпот. Маслата од лимон и зелен лимон даваат сјај бидејќи ги израмнуваат кутикулите на самото влакно овозможувајќи им да рефлектираат повеќе светлина.


Да го оставиме светот поубав од што го најдовме:
Нашите производи доаѓаат голи без амбалажа, така што ја намалуваме непотребната пластика и загадувањето.


Како да се користи:
Нанесете го шампонот со благо масирање помеѓу дланките или директно на косата за да создадете пена. Распоредете ја низ косата, а потоа темелно исплакнете и нанесете балсам.


Како да се чува:
За да го одржите вашиот шампон сув и да му го продолжите траењето, чувајте го во една од нашите 100% природни, повеќекратно употребливи и биоразградливи плутени садови. Потекнувајќи од јужна Португалија, овие садови од плута претставуваат амбалажа со позитивен јаглероден отпечаток, отстранувајќи повеќе од 33 пати од својата тежина јаглерод диоксид од атмосферата за секој поединечен сад.



Состојки :


натриум лаурил сулфат, инфузија од лаванда и рузмарин (Lavandula angustifolia; Rosmarinus officinalis), масло од лимон (Citrus limonum), парфем, масло од смрека (Juniperus communis), масло од зелен лимон (Citrus aurantifolia), *цитрал, *лимонен, *гераниол, *линалул, боја 60725

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (2)

Марија 04/04/2023

Ми помогна многу во чистењето на скалпот и забележувам дека косата помалку ми се мрси, па така можам и поретко да ја мијам од претходно. Единствена забелешка ми е што малку ја суши косата, но хидратантен регенератор или маска за коса може да го реши и тој проблем, јас моментално го користам со Roots третманот за коса и ми се супер комбинација!

Цвете Кулеска 03/07/2020

Шампонот е совршен за мрсна коса и мрсен скалп. Веднаш после првото миење скалпот целосно ми го исчисти од себум (мрсен првут кој е залепен на скалпот). Косата не ми ја направи да биде сува туку само ја балансира маснотијата. Има и преубав мирис, дефинитивно би го препорачала.


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Rehab
Шампон
Детокс и терапија

595ден / 100г
Best Seller
New

New

Цврст шампон
Спречува опаѓање и поттикнува раст

650ден / 55г
Best Seller
Fairly Traded Honey
Шампон
Замбијски мед за здрава, хидрирана и сјајна коса

795ден / 110г
Soak And Float
Цврст шампон
Смири го скалпот и поздрави се со првутот

650ден / 55г
Big

Big

Морска сол шампон
Некој за тројно јак волумен?

695ден / 330г
Vegan
Last Chance
Coconut Rice Cake
Цврст шампон
Кокос за жедна коса

650ден / 55г
Vegetarian
Ginger
Шампон
Шампон против првут над сите очекувања

1.495ден / 275г
Vegetarian
Honey I Washed My Hair
Цврст шампон
Лесна хидратација и омекнување

650ден / 55г