
Содржи сино масло од камилица: скапоцено масло познато по високата содржина на хамазулен и бисаболол, кои имаат благотворно дејство врз кожата и расположението.
Се користи во Lush Spa, во третманот Validation – 60-минутен луксузен, персонализиран третман за лице кој вклучува длабинско чистење, свежа маска за лице, хранлив серум и хидратантна крема, проследени со масажа.
Добро за тебе и за планетата:
Направен со повеќе од 45% морска сол, пилингот за лице Ocean Salt ги прочистува и екосистемите и кожата!
Морската сол е одговорно набавена од солани во Португалија и Бугарија, кои обезбедуваат важно засолниште за преселни птици и го поттикнуваат биодиверзитетот.
Како се користи:
Масирај убава количина на влажна кожа со кружни движења, па исплакни за блескав изглед.
Во зависност од твојата кожа, можеш да го користиш овој пилинг за осветлување повремено или редовно за длабинско чистење.
| 995ден / 100г |
|
| 695ден / 100г |
|