помалку пластика, повеќе хидратација

Sticky Dates

Naked гел за туширање

Sticky Dates

595ден

Парче


Со малку божиќна магија и многу знаење и умешност, овој омилен производ со сладок мирис на тофи, прелиен со сируп од урми, доби своја природна, цврста форма. Затоа, ако сакате кремаста и богата пена при миењето, мека и еластична кожа и производ без амбалажа, препуштете се на оваа разголена убавина со поедноставен состав и помалку отпад — и заблагодарете ни се подоцна!

Уште од раните денови на Lush, кога амбалажата беше луксуз што не можевме да си го дозволиме, Хелен Амбросен, пронаоѓачка на производи и коосновачка на брендот, води долга листа на производи што отсекогаш сонувала да ги претвори во цврста форма. Геловите за туширање отсекогаш биле на врвот на таа листа. И сега, по долгогодишно усовршување и стекнато искуство, конечно се совршени!


Што добиваш ти?

Идеален е за исклучително раскошно и пријатно чистење на кожата.

Помалку амбалажа, повеќе пена: нашите гелови за туширање без амбалажа создаваат прекрасна, кремаста пена, идеална за кожата во зимските месеци.

- Органски сируп од урми: делува како природен хумектант, помагајќи ѝ на кожата да ја задржи влагата.

- Бензоинска смола и смола од рогач: топли, лепливи и смолести мирисни ноти.

- Масло од сандалово дрво од Западен Тимор: кремасто, смирувачко и слатко.

- Формула испробана и проверена

Повеќе миења, помалку пластика! Еден цврст гел за туширање без амбалажа овозможува просечно 30 миења, во споредба со 23 миења од шише со 100 g течен гел за туширање.

Врз основа на тестирања спроведени со 55 испитаници за секој производ.


Да го оставиме светот поубав отколку што сме го нашле

Направен е со сандалово дрво од шуми со одговорно управување, главно во Западен Тимор, каде што нашите активности за пошумување обезбедуваат да се засадуваат повеќе дрвја отколку што се сечат.

На овој производ не му е потребна ниту амбалажа ниту посебно пакување. Ќе пристигне во вашата пратка без пакување, гордо и подготвено за употреба, бидејќи сакаме да ја намалиме употребата на непотребна амбалажа.

Овој производ е формулиран така што сам се зачувува, односно останува свеж и ефикасен без додадени синтетички конзерванси.


Како да го чувате?

Помеѓу употребите, чувајте го цврстиот гел за туширање на суво место каде што водата може слободно да истекува. Во спротивно, може да добие кашеста долна страна!




Состојки :


Стеаринска киселина, натриум коко-сулфат, пропилен гликол, глицерин, вода, екстракт од плод од урма (органски сируп од урми), канделила восок (органски восок од канделила), натриум кокоамфоацетат, парфем, екстракт од смола од бензоин, смола од рогач, масло од сандалово дрво, титаниум диоксид, екстракт од плод од ванила (екстракт од мешунка од ванила), екстракт од плод од гарденија, синтетичка флуорфлогопитна мика, калај оксид, лимонен, пинен, ванилин, CI 77491.

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (0)

Нема мислења за овој продукт


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Posh Chocolate
Крем за туширање
Неодоливо хидратантен и омекнувачки

595ден / 100г
Dirty Springwash
Гел за туширање
Ледена свежина за расонување и освежување

650ден / 100г
Limited Edition
Aliento Del Colibrí
Гел за туширање
Трепет од цветни мириси

595ден / 115г
Ново
Vegan
Snow Fairy Milkshake
Гел за туширање
Сладок и розев шејк!

595ден / 100г
Limited Edition
Boo!
Гел за туширање
Туширањето те повикува

595ден / 100г
Sleepy
Гел за туширање
Не стравувајте од несоници

595ден / 110г
Vegan
Sticky dates
Гел за туширање
Богата нега со сируп од урми и меки ноти на ванила

650ден / 125г
Conga
Желе за туширање
Застани во ред!

495ден / 100г