Свеж изглед и негуванo лице.

Pineapple

Чистач за лице

Pineapple

795ден

100г



„Без пилинг“ ексфолијант, направен со свежо исцеден ананас поради неговото ензимско дејство и бадемово масло богато со витамин Е. Долго пред киселините и хемиските ексфолијанти да станат популарни, научивме да ги искористуваме природните ексфолирачки својства на свежите овошни ензими, сокови и пулпи. Користиме цело овошје – исцедено или изгмечено – за вашата кожа да ги добие сите минерали и витамини што ги содржи.

Ви ја претставуваме верзијата на Lush: свеж пристап кон омилените класици. Вратете се со нас назад низ времето и повторно откријте некои иконски формули од минатото, како и некои наши креации за кои можеби никогаш не сте знаеле. Ги избравме омилените формули, ги освеживме и ги преработивме за новата ера.


Што добивате?

- Ананасот е богат со ензимот бромелаин: природен хемиски ексфолијант кој помага да се отстранат насобраните мртви клетки од површината на кожата и да ѝ даде посветол и почист изглед.
- Ги балансираме свежите овошни ензими со нежни масла и путери за да се грижиме за вашата кожа.
- Направен со бадемово масло, природно богато со витамин Е, кој придонесува за здрав и негуван изглед на кожата.


Да го оставиме светот по убав од што го најдовме
Направен со прекрасно масло од купуасу од Амазонија, одгледувано во агрошумарски систем.
Содржи органско масло од јојоба добиено од грмушка која обезбедува важно живеалиште за опрашувачите и птиците во пустината на Перу.
Овој самоконзервирачки производ е формулиран да остане свеж и ефикасен без додадени синтетички конзерванси.


Начин на користење:
Прво отстранете ја шминката (препорачуваме нежен чистач на база на масло, како Ultrabland). Потоа нанесете го овој сочен чистач за лице на влажна кожа без шминка, со кружни движења нагоре, за да ги отстраните нечистотиите и наслагите. Исплакнете за посветол и посвеж изглед на кожата.


Како се чува:
Чувајте го со затворен капак помеѓу користењата.


Состојки :


Вода (Aqua), Глицерин, Стеаринска киселина, Натриум кокоамфоацетат, Глицерил стеарат и PEG-100 стеарат, Триетаноламин, Цетеарил алкохол, Бадемово масло, Масло од јатки од кајсија, Мирис, Органско масло од јојоба, Путер од купуасу, Свеж сок од ананас, Масло од лимета (Citrus Aurantifolia), Бразилско масло од портокал, Масло од темјан (олибанум), Цитрал, Гераниол, Хидроксицитронелал, Лимонен, Линалол.

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (0)

Нема мислења за овој продукт


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Fresh Farmacy
Сапун за лице
Намали го мастењето, смири ја кожата и излекувај ги акните

695ден / 100г
Let The Good Times Roll
Свеж чистач за лице
Ја освежува измазнува и омекнува нечувствителната кожа

795ден / 100Г
Vegan
Blueberry Roly Poly
Свеж чистач за лице
Обновувачко, смирувачко, сензационално!

895ден / 100Г
Vegetarian
Turmeric & Argan
Балзам за чистење на лице
Идеално за зрела и сува кожа.

995ден / 60г
Vegan
Last Chance
Sleepy Face
Naked балзам за чистење на лице
За хидратација и чистење на чувствителна кожа

595ден / 35г
Best Seller
Ultrabland
Чистач за лице
Ултра нежен. Ултра доверлив.

795ден / 45г
Kalamazoo
Чистач за лице и брада
Свеж изглед и негувана брада.

750ден / 100г
Happy skin
ензимски пилинг за лице
блескава и свежа

1.095ден / 100г