
Го имаш Super Milk прајмерот за коса? Се разбира дека го имаш. Сега можеш да ја задржиш хидратацијата и на кожата, со помош на оваа тројна комбинација од растителни млека, која создава богата пена и го остава препознатливиот, неодоливо сладок мирис на бонбони.
Што добиваш ти?
- Прекрасно мека кожа и комплименти на претек.
- Глицерин: природна состојка со растително потекло, која претставува алтернатива на хијалуронската киселина и помага влагата да се задржи во кожата.
- Апсолут од тонка: топол и сладок мирис што внесува неодолива топлина во мирисните ноти на ванила и лимон, од кои едноставно не можеш да се заситиш.
- Бадемово, кокосово и овесно млеко: извонредна комбинација од три растителни млека за прекрасно мека и нежна кожа.
Да го оставиме светот поубав отколку што го најдовме
Нашата ванила ја одгледуваат земјоделци во Уганда, здружени во кооператива во која ги споделуваат најдобрите практики, заеднички преговараат за подобри услови и ги негуваат вредностите на својата заедница.
Како да го чувате:
Чувајте го со затворен капак помеѓу употребите.