
Време е за освежувачко разладување со освежувачката и прочистувачка моќ на маслата од нане и еукалиптус.
Outback Mate е нашиот омилен бестселер со свеж мирис на нане, во кој уживате додека создавате богата пена.
Комбинацијата од три освежувачки состојки – еукалиптус, лимонова трева и нане – му дава посебен квалитет на овој сапун.
Основата на нашиот сапун, изработен во сопствена режија и без палмино масло, ја сочинуваат масло од репка и кокосово масло. Кокосовото масло го набавуваме од добавувач во Ачех, Индонезија, кој ги поддржува земјоделците кои се под притисок од палмината индустрија да ги уништуваат шумите и да одгледуваат палми за производство на палмино масло. Наместо тоа, им помага да одгледуваат кокос на начин кој ја зачувува биолошката разновидност. Добавувачот, исто така, спроведува повеќе програми за заштита на дивиот свет, меѓу кои и заштита на местата каде што морските желки ги положуваат своите јајца.
Како да го чувате:
Чувајте го на ладно и суво место, како на пример во еден од нашите садови за сапун, сè до моментот кога ќе посакате освежувачко и енергично чистење.