твојот омилен ирвас

The Most Famous Reindeer Of All

Сапун за тело

The Most Famous Reindeer Of All

470ден

Парче



Оваа формула со овес и сок од морков е вистинска магија за кожата, а воедно и омилениот оброк на Рудолф! Овој свеж, цитрусен мирис со суптилни тревни ноти ќе ја растера дури и најгустата магла во божиќната ноќ. Но, не е сè само во мирисот на сапунот: нашите мајстори-сапунџии го усовршија процесот на изработка, создавајќи совршен сапун од четири слоја, при што секој слој внимателно се лади пред да се додаде следниот. На крајот, сапунот го добива својот препознатлив, блескав црвен нос — вистинско ремек-дело на кое би му се восхитувал и секој елф!


Што добивате?
Идеален е за моментите кога ви треба малку светлина.
- Сок од морков: ѝ дава на кожата блескав изглед, а е и омилен кај ирвасите — иако веројатно нема да ви помогне да гледате во темница.
- Овес: ја смирува и хидрира кожата, помагајќи ѝ да ја задржи влагата и да ги заштити вредните раце од сушење.
- Сапунска база од оризови трици: нежно мека, исклучително кремаста и создава свиленкаста пена.
- Мирисот на Ponche: препознатливиот, интензивен цитрусен мирис на портокалово масло повторно е тука, исто толку опоен како и секогаш. Можеби е подобро да почекате малку пред да ги водите санките!

Да го оставиме светот поубав од тоа што сме го нашле
Нашиот сапун е навистина прекрасен и се изработува на традиционален начин, преку процесот на сапонификација. Рачно ги мешаме состојките, додавајќи внимателно одбрани, квалитетни состојки поради нивните корисни својства. Потоа смесата ја истураме додека е топла и го оставаме сапунот да созрее, пред да го поставиме на заслуженото место покрај вашиот мијалник.

На овој производ не му е потребна ниту амбалажа ниту посебно пакување. Ќе пристигне во вашата пратка без пакување, гордо и подготвено за употреба, бидејќи сакаме да ја намалиме употребата на непотребна амбалажа.

Овој производ е формулиран така што сам се зачувува, односно останува свеж и ефикасен без додавање синтетички конзерванси.

Како се користи:
Пронајдете го патот до извонредно мека кожа, нанесете и исплакнете. 

Како да го чувате:
Чувајте го на ладно и суво место, скриен од погледите (слушнавме дека другите ирваси стануваат несигурни во себе кога се во негова близина), сè додека не дојде време да го употребите.


Состојки :


Вода, глицерин, пропилен гликол, масло од семе од маслодајна репка, масло од оризови трици, кокосово масло, сок од свеж корен од морков, парфем, масло од лист од бухус (Buchu), масло од билката давана (Davana), масло од кора од портокал, масло од листови и гранчиња од горчлив портокал (Petitgrain), масло од лист од касија, екстракт од овес, натриум хлорид, титаниум диоксид, лимонска киселина, пченкарен скроб, натриум хидроксид, натриум бикарбонат, синтетичка флуорфлогопитна мика, EDTA, тетранатриум етидронат, калај оксид, амил салицилат, _цинамал, _лимонен, _линалоол, _линалил ацетат, пинен, кумарин, еугенол, гераниол, розови кетони, ванилин, CI 77007, CI 45350, CI 14700, CI 17200, CI 42090:2.

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (0)

Нема мислења за овој продукт


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Best Seller
Sultana Of Soap
Сапун
Најмеките допири за најмеката кожа

330ден / 100г
Sea Vegetable
Сапун за тело
Омекнувачки бранови

350ден / 100г
Limited Edition
Vegan
Snow Fairy
Сапун за тело
Розова, кремаста, нежна пена

395ден / 100г
Vegan
Goddess
Сапун за тело
Едноставно божествено

550ден / 100г
Best Seller
Honey I Washed The Kids
Сапун за тело
Мнооогу мед, сладок портокал и алое

295ден / 100г
Limited Edition
Witch's Hand
Желе за тело
Ти треба помош?

895ден / 100г
Charcoal
Сапун за лице
Апсорбирачко, длабинско чистење.

695ден / 100г
Limited Edition
Snufkin
Желе за тело
слатко и неодоливо уживање

550ден / 90г