
Заслужувате да блескате како вистинска ѕвезда, затоа придружете ни се на патување до планета исполнета со сладост на шеќерна волна и светкави галаксии.
Започнете ја забавата под тушот, а потоа разгалете ја кожата со нега што ја измазнува, омекнува и ѝ дава блескав изглед – преку целосен ритуал исполнет со самовилска магија!
Илустрацијата е дизајнирана од Kate Ellison, Lush Gift Design.
Од што е направен овој подарок?
Кутија: Направена од 100% рециклиран картон. Ве молиме, употребете ја повторно или рециклирајте ја. PAP20.
Лента: Направена од 100% рециклиран полиестер.
Eco-Pops: Вашиот подарок е спакуван со Eco-Pops, направени од експандиран пченкарен скроб без ГМО, наместо од стиропор. Материјалот е сертифициран за разградување според стандардот EN13432 и може да се фрли во отпадот од храна или градинарскиот отпад, доколку тоа е дозволено од локалните служби за управување со отпад. Не фрлајте ги во природата или во контејнерите за рециклирање.
Содржи:
- Snow Fairy – лосион за тело 50 г.
- Fairy Dust – пудра за тело 70 г.
- Snow Fairy – сапун 100 г.
- Super Fairy – гел за туширање 120 г.
- Snow Fairy – пилинг за тело 140 г.