Класичен пар од чоколадо и рози за Денот на вљубените, изматени во кремаста текстура што воедно ја омекнува и прочистува кожата. Нашата смирувачка и подмладувачка вода од роза се добива од срцето на прекрасната долина на рози во Бугарија, додека кремастиот какао путер е сертифициран за фер трговија и е произведен од Мировната заедница во Колумбија. Овој кремаст чистач го збогативме со алое вера и глицерин кои додаваат деликатна хидратација, додека австралиското масло од сандалово дрво и апсолутот од ванила даваат неодолив, сладок мирис во кој веднаш ќе се заљубите.
Како се користи:
Црпнете малку и направете пена под туш или во када, а потоа исплакнете и уживајте во свиленкасто мека кожа.