
Осветли го туширањето со мирис на топли крофни полнети со џем.
Соединивме неодолив апсолут од ванила, богатo и слатко масло од давана и богат екстракт од рогач, за да создадеме слатка, џеместа пена исполнета со радост – затоа што секоја прослава заслужува нешто слатко.
Co-Create е програма за креирање производи наменета за вработените во Lush, чија цел е промовирање на различноста, инклузијата, еднаквоста и чувството на припадност преку истакнување автентични приказни од различни заедници. Ко-креаторката Ката ја споделува својата инспирација за овој производ посветен на Ханука:
"За мене, јадењето и правењето крофни за Ханука секогаш значи да бидам прекриена со џем и шеќер, опкружена со смеа и бескрајно пржење во масло. Има нешто толку утешно во тоа, но уште поспецијално е сознанието дека станува збор за семејна традиција што се споделува низ целиот свет и која ја продолжувам секоја година. Сакав да ја преточам оваа слатка, разиграна сладост во шишенце, заедно со чувството на топлина и удобност што го носи опкруженоста со саканите за време на празниците."
Што добиваш?
- Идеален за: раскошна, богата пена на која секој би ѝ позавидел.
- Етерично масло од бадем и апсолут од ванила: даваат топла, јаткаста арома, налик на свежо печени колачи.
- Масло од давана и лимоново масло: внесуваат свеж, примамлив и лепливо-сладок мирис.
- Алое вера во прав и екстракт од карагенан: го создаваат прекрасниот двобоен изглед, истовремено смирувајќи ја кожата и задржувајќи ја влагата во неа.
Да го оставиме светот по Lush од тоа што сме го нашле
Нашето лимоново масло се добива од препознатливите сицилијански лимони со помош на процес на ладно цедење, без употреба на топлина, со цел да се зачува нивниот свеж и живописен карактер. Соработуваме со семеен бизнис во Италија, кој се потпира на три генерации искуство и проверена мрежа на локални одгледувачи за постојано да произведува производи со исклучителен квалитет.
Нашето етерично масло од бадем се добива од горчливи бадеми и се набавува од производители во Мароко. За време на производството, некои преработувачи оставаат јатките малку да ферментираат пред цедењето, додека други веднаш го извлекуваат маслото. Овој процес се разликува од оној за добивање масло од слатки бадеми!
Начин на чување:
Чувај го производот со добро затворен капак помеѓу употребите.