Започнете го утрото со слатко задоволство под туш!
Овој гел за туширање е создаден за долготраен мирис, со ароматична ванила и 25% омекнувачки сируп од урми.
Препуштете се на богата, луксузна пена со мирис на раскошно масло од сандалово дрво и земјен бензоин.
Не е случајно што ова е нашиот најпродаван гел за туширање во Lush!
Што го прави посебен?
- Првично лансиран како дел од нашата Eid колекција во 2022 година, толку многу ви се допадна што едноставно моравме да го задржиме во нашата постојана понуда!
- Создадовме негувачка комбинација од органски сируп од урми, вегански глицерин и сончогледов лецитин, за хидрирачко миење со нежна пена.
- Слаткиот мирис на смола од рогач потсетува на свежо печени десерти и чоколадо – токму онака како што треба да заврши еден убав состанок со урми!
Да го оставиме светот по Lush од тоа што сме го нашле
Ванилата во овој гел за туширање потекнува од мешунки од ванила од Источна Африка. Нејзиното производство ги поддржува малите земјоделци во Уганда и Танзанија, придонесувајќи за зголемување на локалните приходи и поттикнувајќи агрошумарски практики кои ја промовираат биолошката разновидност во шумите на Источна Африка.
И покрај законските регулативи воведени од владите, високата вредност на сандаловото дрво и понатаму доведува до шверц, фалсификати и корупција. Поради тоа, пронаоѓањето одржливи извори и масло со добар квалитет е исклучително тешко. По долги истражувања и авантури, купувачите на Lush успеаја да пронајдат неколку сигурни извори за нашето масло од сандалово дрво.
Како да го чувате:
Чувајте го со добро затворен капак помеѓу употребите.