Засладете го вашиот ден со топла карамела. Нежени, слатки ноти на ванила и сандалово дрво заедно со какао путер и арганово масло за неодоливо мека кожа. Можете да ја употребувате на два начини, како купка за во када или како свеќа за мирис во просторија.
Било кој избор да го направите сигурно ќе уживате во мирисот на медени колачиња.
Доколку се одлучите за маслена бања, земете две коцки од купката и оставете ги во веќе наполнетата када, маслата ќе се растопат и вашата бања е спремна за опуштање.
Доколку се одллучите да ја искористите како свеќа, земете една или две коцки и растопете ги во топилка за восок. Приближно време на согорување на една коцка е 6 часа.
Не додавајте искористено или стопено масло во вашата бања.
Содржи состојки кои може да предизвикаат алергиска реакција.