Магнезиум за нега на кожа


Магнезиум за нега на кожа

Најверојатно сте слушнале за магнезиумот, но како и секоја друга состојка која што е во тренд – можеби се прашувате дали тој воопшто ви е потребен.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во човечкото тело, одговорен за над 300 различни функции. Природно може да се најде во најразлични намирници, пред се во цели зрна, лиснат зеленчук или пак во суплементи. Кога се користи орално помага за регулирањето на шеќерот во крвта и подобрување на нервните функции. Се смета дека со локално нанесување магнезиумот нуди низа бенефиции, помагајќи ви да се смирите и да се опуштите во деновите кога ви е потребен одмор.

Придобивки од магнезиумот за кожата

Кога станува збор за локална употреба постојат два вида на магнезиум, магнезиум хлорид и магнезиум сулфат познат и како Епсом сол.
Магнезиум хлоридот има тенденција побрзо да се апсорбира во кожата, а магнезиум сулфатот нуди голем број на придобивки како и подобрување на спиењето и релаксација.

Моќта на магнезиумот

Без разлика дали трчате маратон, цел ден седите во канцелариско столче или барате начин на телото да му дадете дополнителна енергија, магнезиумот е супермоќна состојка која ќе направи да се чувствувате опуштено и спремно за сите дневни предизвици.


LUSH магнезиум колекција
Преземајќи холистички пристап кон негата на кожата, нашата нова магнезиум колекција е создадена да им помогне на телото и умот при закрепнување, спиење и вежбање.

Масла за тело/масажа (плочка)

Плочките за масажа се едноставен и ефикасен начин за повторно да се поврзете со себе и за смирување на целото тело од вратот па се до стапалата. Направени се со хранливи путери и есенцијални масла кои што додека се лизгаат по вашата кожа ве ослободуваат од напнатоста.

Најдобар начин да го започнете денот е со Before маслото со магнезиум, направено за да го стимулира и загрее телото пред секоја активност. Одвојте момент за себе за цел ден цврсто да стоите на нозе оваа плочка за масажа е направена со органски какао путер за омекнување на кожата, поткревачко масло од пеперминт и смирувачки магнезиум хлорид.

По долг и напорен ден After маслото со магнезиум е тука за вас! Тука е за масажа после тренинг, да ви овозможи леснотија во чекорењето со помош на смирувачкиот каламин во прав, хидратантниот шеа путер и секако магнезиум хлорид.

Одморете се со Deep Sleep маслото за масажа со магнезиум за длабок и мирен сон. Спиењето игра многу важна улога во нашето целокупно здравје; недостатокот на сон и одмор може негативно да влијае на секој аспект од нашиот живот. Земајќи го во предвид времето за спиење, оваа плочка за масажа е направена за да му помогне на телото и умот да се одморат со нежно масло од камилица, релаксирачко масло од лаванда и смирувачки магнезиум хлорид.


Купки за во када со Eпсом сол

Нема ништо толку добро колку долго уживање во када која што ќе ве врати во живот после напорен ден. Нашите нови купки со Епсом сол се одличен придружник за долга сесија капење и грижа за себе.

Salt Water Sooter Cube е направена со 40% Епсом сол која што ќе се погрижи да се релаксираат уморните мускули. Измешана со разладувачките масла од спеарминт, пеперминт и еукалиптус, оваа коцка ќе го освежи важето тело, ум и сетила.

Ако барате мала помош за опуштање и намалување на стресот, Deep Sleep Epsom Salt Cube е токму она што ви е потребно. Запалете ја вашата омилена LUSH свеќа, пуштете ја купката во веќе наполнета када, седнете и убаво опуштете се додека маслата од лаванда и камилица помешани со Епсом сол ве носат на сонливо, опуштено патување.