Зелено е, иконично е и нашата корејска заедница го знае по друго име - Шрек Пек! Намачкајте ја оваа маска од нане и кал за длабинско чистење и истакнете го вашиот внатрешен огар.
Ако вашето лице или тело се склони кон исфрлање, нашата најпродавана маска од пеперминт е тука за вас.
Одвојте десет минути за да ја третирате вашата кожа со овој мулти-таскир кој длабински ќе ја прочисти и освежи, а воедно ќе на остави кожата неодоливо мека и хидрирана. Каолин глината и бентонит гелот го чистат вишокот масла, додека медот делува смирувачки и омекнувачки. Додека се плакнете, мелените азуки гравчиња и семките од јаглика прават нежен пилинг за длабински прочистена и сјајна кожа.
Како се користи:
Намачкајте го целото лице, градите и/или грбот и уживајте десет минути, оставајќи ја оваа маска да работи за длабинско чистење на вашата кожа. Потоа исплакнете. Алтернативно, нанесете како пилинг за чистење на кожа и отстранете го со вода.
Како се чува:
Оваа маска за лице и тело има тримесечен рок на траење - ќе најдете повеќе детали за тоа на амбалажата на вашиот производ.
Да се чува на ладно и суво место.